За битолчани: Дали градов ве гуши од досада?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
ragazza напиша:
Бонанса оти не ја спомафте :Р

:cug: Аааа, поштовАње за Бонанса, како и за младата, шармантна плава плесачица од Украина :)
 
Дивајн напиша:
Ми го зема зборот од уста ... гледав некоја емисија од некоја битолска телевизија и се барав под маса од смеење ... море фешти се дешаваат таму, што се жалите?
Туку, може не искачате кај пуфлите па ви е досадно ... еее, отсега, ќе си знаете барем ... а колку е грда пуфлава, како и сите што беа присутни во кафичот, немогуче! А па колку беше возбудена од победата, па уште понемогуче! Не можам уште да си верувам ... :pos2: :pos2: :pos2:
Абе ние можиме да се смејме колку сакаме, таја пуфла, не пуфла, ќе си оди една недела на одмор во Грција.
 
JeCILaDy напиша:
Абе ние можиме да се смејме колку сакаме, таја пуфла, не пуфла, ќе си оди една недела на одмор во Грција.

Подобро да не одам во Грција ...отколку да изигравам дебил пред сите и на ТВ!
 
Волкс, луѓето се тие шо гушат :) Воглавно се сложвам со твоите ставови према кафичите и останатото, ама и Јеци е во право за некои работи. Проблемот е шо во градот доминираат 2 категории на луѓе: едните глумат елитизам(пуфлата од статијата на Вест, разни цаури/`рзаци/копита), а другите се нафурани на тежок андерграунд филм. Дистинкција можиш да напрајш на прв поглед, само види го начинот на облеквање. Мене лично многу ми смета првата група на луѓе - “Лелее, види ги оние немиените во паркот шо седат/висаж/дип/лектира, наркомани/пијаници...боо кретени, јас какви п**ки вртам овие идиоти бла бла бла“ , но и овие другите знат да се понашат како идиоти - “Нема паметни чупиња во градот, сите се глупи пуфли... ЈАС?? во расчекор/позитив/инфинити??? пффф, шо ти е тебе бе, на шо ти личам јас тебе?“. Класично малограѓанско однесување. Секогаш можиш од секого да напрајш глуп, исто како шо можат и тебе то да ти го напрат - мало взамено почитување би го решил овој проблем.

Ми смета кога ќе поминам на широк сокак навечер и кога ќе слушнам неартикулирани гласови од Симбол како пејат екс ју хитчиња, ми смета кога од Џовани пука ултра турбо, па ќе истрчат надвор група деца и масовно ќе почнат да се тепат. Но, не e точно дека во инфинити можи да оди само “кремот“ - слободно можи да оди кој сака...и зошто да не си поминиш убо? Ако си со добро друштво(не само мажи-турачи на плоча) убо ќе ти биди. Немојте да барате да ви ги пуштат истите песни шо си ги слушате дома. Знам дека ’андерграундот’ би сакал влезот да биди free for all,зошто така би било рамноправно бла бла бла.. ама то е нереално. Тој шо инвестирал во клубот сака бизнисот да му е доходовен, сигурно не го направил тоа “За народ и отаџбину“ Јас бев тој шо си ја остај младоста во висаж, и се знај зошто појќе не работи - кафич не можи да опстојува со загубари - влези внатре, стоплисе...’дечки шо ќе се напиете? - Ништо фала’. Е, вака беше висаж последните 2 години, за разлика од пред 6-7 години,ама то е друга приказна. А шо се однесува до свирките, мислите дека тезгите се многу забавни?? Еве во Скопје има тезги колку шо сакаш, уште од време кога постоеше Lady Blue, излегваш секој викенд таму - и секогаш истиот репертоар, изведуван скоро и по истиот редослед.

Порано си викав - алооо дајте концерти, фестивали, изложби, да заживеј градот на културно поле...се додека не почнав полека-полека да ги гледам јасно работите, за да сфатам дека нема уствари за кого да носиш било шо, ни за ’кремот’, ни за ’андерграундот’ . Кремот сака само популизам(докажано на Манаки фестивалот, посетеност има само на отворање/затворање), а андерграундот не можи да сфати дека добриот провод понекогаш(т.е. скоро секогаш) кошта. Културата сама од себе не можи да опстојува. На крајот на краиштата, има и настани кои се free for all, а сепак се тапа по посетеност - имало ревии на руски, француски филмови, како то само 10-15 души дошле? Ај елитата ја разбирам, ама кај е андерграундот?? Ве нема во доволен број?? - “Епаа тогаш...ништо од бизнисот“
Ај ми е мака уште да куцам, ако има реакции ќе реплицирам :kafe:


Поздрав
 
то точно за луѓето, башка како овци се понашаме покрај то шо и нема многу избор на клубој кои работат после 12 сато. Стално било така, ко беше ”шема” едно време Аквариус во пазарот, па еден тон луѓе надвор седеа иако кафичо со 3ца внатре гужва беше, после кај нервата, па расчекор, едно време парк, па сеа инфинити.

за останатото доволно кажа и ауткаст погоре
 
Да, се согласувам со outcast, напишав погоре дека...ако се сеќавате 2001-2002 секој ден имаше свирки...

Друга работа...
За Висаж...

Висаж не пропадна заради тоа што не земаа за пиење...Висаж пропадна оти ѕидовите не се крпат со залепени спортски прогнози, ...

Менде, не требаше да си пушта музика за него. 95% од тие што идеа беа рокери/металци...не сакаа глупави електроники од 80-тите. Сите знаеја какви журки се правеа кога се пушташе рок/метал...се до крајот...

Причините се јасни...за тоа...
 
Е ама ако се нема пари како би ги поправиле дупките по ѕидовите, таваните ... башка назима не се седеше оти кочан ладно беше, а причина за тоа немање пари за струја да се плати за да се пушти грееење колку толку. Причината за тоа е јасно дека имаше луѓе ама никој не пиеше, или си идеа со пијачки од надвор. Али за тоа сепак сам си е крив Менде.

А за журките, не беа стално рок/метал, дури беше Иле во Висаж пушташе скоро се. А пак имаше журка, се пиеше, имаше мајтапи ... ама то е, недомаќинското работење го затворе Висаж, а имаше шанса да заживеј пак
 
tino097 напиша:
Е ама ако се нема пари како би ги поправиле дупките по ѕидовите, таваните ... башка назима не се седеше оти кочан ладно беше, а причина за тоа немање пари за струја да се плати за да се пушти грееење колку толку. Причината за тоа е јасно дека имаше луѓе ама никој не пиеше, или си идеа со пијачки од надвор. Али за тоа сепак сам си е крив Менде.

А за журките, не беа стално рок/метал, дури беше Иле во Висаж пушташе скоро се. А пак имаше журка, се пиеше, имаше мајтапи ... ама то е, недомаќинското работење го затворе Висаж, а имаше шанса да заживеј пак
I couldn't agree more on that! Браво Тино :zver: Лично јас мислам дека висаж почна да пропаѓа баш кога почнаја да се прат металски журки. Да го вратам времето уште малку поназад, 1995-1996 се сеќавам како вчера да беше. То време алтернативата/гранџот како музички правец напрај револуција кај нас, а и глобално. Во висаж се излегваше од 20:30 ако сакаш да фатиш место, од 21:00-23:00 се пушташе алтернатива, а од 23:00 па натака се одеше со техно. До некомерцијална музика многу тешко се доаѓаше, а поранешниот газда на висаж шо загина во Чешка носеше све од странство, музика која ни радиостаниците не ја имаја! Е, во овој период висаж го изгради цел имиџ. Тогаш, во мојте средношколски деној се излгваше или во ИН или во висаж, а колку шо се сеќавам и на чичко Оризис убо му одеше работата (пред да се префрли до аквариус, за да после пак се врати кај шо беше, т.е. кај шо е), па таму си одеа луѓе на металски забави. Можда има некој шо памти, то време излезе една компилација Best Of Commercial Alternative '96 , со песни од Soundgarden, Prodigy, Beck, Garbage, Foo Fighters итн. Па скоро сите шо редовно одеја во висаж ја имаја оваја компилација зошто таква музика воглавно се слушаше таму. А техното? Па таму техно се пушташе уште кога самиот збор беше нешто непоимливо за мнозинството.

Енивеј, ми е жал шо помаливе имат погрешна замисла за местото, зошто стварно беше нешто исклучително, место кај шо сме научиле за многу групи/пејачи, и покрај то шо го биеше лош глас во конзервативните кругови, особено кај родителите, заради имиџот/музиката. А то баш праеше јак филм, па ко ќе ми текни кога ќе влезеја Тосмано и Гено, од самата појава морници ни лазеа! :vozbud:Последните години освен БЕД ФИЛМ, друг филинг не можев да доловам. Лузерски в крај!За ова можи да се отвори цела тема, ама да не должам многу :)

Туку дај средношколции, кажвајте кај излегвате сега навечер во Битолата?
 
Одев во Милениум, само заради друштвото .. Другарките мои таму сакаја, јас бев една против, ама успеавме да си напрајме компромис, малце Милениум, малце GT. За Милениум .. знајте, грди фаци .. ама па, ако си со твое друштво, па уште и сепаре/маса ако имаш, ТОП Е. Пошто јас сум претежно по електронската музика, петоците ми беа океј, пошто DJот пушташе techno/house, кога како. А во сабота има некој безвезе DJ, и пушта комерцијала од пред 10 год. Па така во сабота често знајме да заскитаме и GT.
 
Висаж на лето не беше толку посетено , тие години се одеше горе , Монако , Шумски фенери , Шатор .Памтам кафич населба кај зет ми , Атлантида имаше понекогаш на терасата жива музика , тивка за мерак , ах колку убо беше
 
Јас Висаж (иако како 10 годишен пижлак покрај брачед ми :) ) излегував од 1995-6 некаде...и навистина cool луѓе одеа тогаш. (не знам дали мене така тогаш ми изгледаше оти бев мал и ова ми беше првата „авантура”).
Тогаш да, се пушташе претежно алтернативна музика. Знам дека Паркети беа ептен популарни :) секоја вечер се пуштаа песни од нив (покрај се друго), ... :)

А да не заборавиме на UNDERGROUND! Секој викенд имаше убаво спремени журки анд стаф. Имаше некои идеи да се врати пак...ама војската не го дава/ше.

Оризо...секогаш има работа...некогаш поќе некогаш помалку...зависи од периодот (иако не сакам да стапнам таму).

За малите. ВРСКА немаат веќе што е тоа underground, поинакво мислење...не знаат НИШТО да бидеме искрени, само се во некои „мрачни” филмови „за мене никој не чини, јас сум уникатен”.
Ergo...пропадна underground сцената во Битола.

Имам надеж за Urban на Цаци, ама како се што е ново во Битола, на почеток е популарно...после тоа опаѓа желбата.

Visage пак да се отвори, некој по салам газда да го земи, ќе биди убаво и да биди како порано.

Но, кога ќе размислам поубаво, кој ќе биди тој будала што ќе го направи тоа. НЕМА повеќе underground сцена во Битола, ако не и во МКД. Се е искомплексирани фаци...и што викам јас „нео-наркоманчиња“!
 
JeCILaDy напиша:
Одев во Милениум, само заради друштвото .. Другарките мои таму сакаја, јас бев една против, ама успеавме да си напрајме компромис, малце Милениум, малце GT. За Милениум .. знајте, грди фаци .. ама па, ако си со твое друштво, па уште и сепаре/маса ако имаш, ТОП Е. Пошто јас сум претежно по електронската музика, петоците ми беа океј, пошто DJот пушташе techno/house, кога како. А во сабота има некој безвезе DJ, и пушта комерцијала од пред 10 год. Па така во сабота често знајме да заскитаме и GT.
Хмм..ГТ...поради лошо менаџирање никогаш не успеа да крени левел, а просторно гледано е еден од најубајте кафичи во градот + добро озвучување, а скоро секогаш е штала ко ќе влезиш! Моето посредно и непосредно искуство со тие луѓе ми кажва дека нема многу да се смени во догледно време..штета. А некој ако ми речи дека пуздеровата јазбина е кафич..:pishtoldzавтобус кој на едниот и другиот крај е поврзан со 2 слепи црева, и поседува совршени климатски услови за гаење на шампињони. А најјако е то шо на врата плаќаш 100 ден. конзумна, па кога ќе помини келнерот да наплати, а ти ќе прашаш -колку е конзумацијата? -60 ден.. Добро бе, во инфинити плаќаш 100 ден. исто, а конзумацијата е 50! WTF??? За шо плаќам бе поголама конзумација во лектира?? Ауу, ми текна: За раскошниот подиум, за луксузниот ентериер, како и најважното - ЗА АТРАКТИВНАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА за која многу често е задолжен еден ”еминентен” битолски ентертејнер, кој повеќе од 5 години ’настапува’ со истата програма, а тоа се 2 компилации на 2 аудио ЦД-а. Нема да го спомнам неговото име за да не звучи/изгледа инкриминирачки, ама мислам дека некој ќе сфати за кого се работи.... Е свака част пуздеру!
 
Za lektira mislam ke pokazi vremeto ama posto izgleda kako sendvicarata sport odnadvor mozam da zamislam kako e vnatre
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom