ДОСИЕ:Васко Карангелевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Klin
  • Време на започнување Време на започнување

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Васко Карангелевски е роден на 7 јули 1921г во село Брусник, Битолско, тогашно кралство Југославија. Роден е во во сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основно училиште работел како земјоделски работник.

Во почетокот на 1941г станува „СКОЕВЕЦ“ се приклучува на Сојузот на комунистичката омладина на Југославија. После окупацијата на кралството Југолсавија во 1941г, во селото Брусник се формира антифашистичко движење Васко активно се вклучува во акциите за собирање на оружје муниција и друга опрема потребна за формирање на партизански одред. Во првата половина на 1943г станува командир на вод во Одредот и член на Комунистичката партија на Југославија. Набрзо станува и командир на чета, а потоа о командант на батлјон.

Како командант на баталјон во Третата македонска ударна бригада, постигнува голем успех во борбите за време на пролетната офанзива 1944г кај Ново Село, Ристовци, Крива Река, Лисец, како и на пл Плачковица и Огражден. Како во понатамшниот период се формираат нови формации во склоп на НОВ на Македонија, станува командант на Четвртата, потоа петтата, па Седмата македонска бригада, на крај да стане командант на 49та дивизија при НОВ на Југославија.

После ослободувањето извршува командни должности во Југословенската Народна Армија, како командант на Армија (воена формација) со чинот генерал полковник.Дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во Москва, СССР, исто така и на Вишата воена академија на ЈНА, Исто така завршил курс за оператика(Командно штабна академија).

Избран е за пратеник во републичкото Собрание на СР Македонија, Сојузното Собрание и Централниот комитет на Сојузот на Комунистите на Југославија.

Носител е на Партизанска споменица од 1941г, полски партизански крст и други како југословенски така и странски одликувања.
На 29 ноември 1953г е одликува со Орден за Народен Херој, со што го станува Народен Херој на Југославија и воедно Македонија.

Загинува на 3 февруари 1977г Македонски Брод, според официјално известување во несреќен случај.
За „несреќниот случај“ во кој загина генералот Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија имаше сомненија дека генералот е ликвидиран од тогашните безбедносни служби на СФРЈ заради „национализам“, со неговото барање во ТО на СР. Македонија да службуваат само Македонци.

После овој краток вовед, во продолжение следуваат текстови објавени под наслов ДОСИЕ:Карангелевски. За автентичноста на напишаното во истите нека пресуди самиот читател.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 18:28 ---
Триесет и пет годишна енигма преставува убиството на Генерал – Полковник Васко Карангелевски , тогашен Командант на Третата Армиска област на поранешна ЈНА .Генерал Полковник Карангелевски преставува најмаркантната личност во Македонската историја ,војник, стратег , патриот , екстремен заљубеник во својата Македонија .Но редоследно.

ДОСИЕ ТОДЕ ТАСЕСКИ

Тоде Тасески , роден 1932 година во охридското Село Љубаништа .Од 1950 година постанува Командант на КОС на Третата Армиска област , личност од најголема доверба ,вечна сенка на ВАско Карангелевски.Тасески бил личност без кое Карангелевски не преземал никакво движење , заедно го правеле воениот камп во Св. Наум и ја оформиле Земјоделската задруга „Горица„ кое теребало да служи за воени потреби .Исто така заедно со Карангелевски го изготвуваат проектот за изградба на Спортско Рекреативниот Центар Билјанини Извори во Охрид,на кое требало да се одржат Спортските игри на ЈНА.Го отпочнуваат и проектот за изградба на воениот аеродром во с.Годивје-Дебарца,како и проектот за иаградба на хотелски комлекс веднаш до хотелот Гранит.Последните два проекти отпочнуваат со изградба на земјениот дел кое го прави инжинерската бригада на ЈНА,но поради смртта на Тасески и Карангелевски веднаш се прекинуваат.

Тасески важел за врвен разознувач кој имал чести движења преку тогаш затворените граници на тогашната Народна Република Албанија, и ја оформил пограничната разузнавачка мрежа од жителите на пограничниот дел во Албанија за потребите на тогашната Југославија .

Тасески во својот дом во с.Љубаништа поседувал воена телефонска линија,а чести гости во неговиот дом биле Генералите Младиќ,Периџиќ,Владимир Стојановиќ,човек кој покосна 1985 година ќе биде главен командат за безбедност при тогашното ССНО(Сојуз на секретаријат за народна одбрана).

Во домот на Тасески чести гости биле Лазар Колишески,Глигоров,Битуљану и други тогашни функционери ,со кој често оделе на лов.

АТЕНТАТИ

Врз Генерал Карангелевски до 1977 година има три обиди за атентат-негова ликвидација.Првиот пат е пробано во 1975 година на планината Галичица во месноста Корита при што животот му го спасува Тасески оборувајќи го Карангелевски на земја.На овај лов биле присутни Ристо Шапкар,Илија Ристески,Трифун Маркоски и повеќе старешини од тогашната ЈНА.Кој го испукал куршумот према Карангелевски до ден денешен е енигма .Вториот обид е после месец дена од настанот на истото место вдлабинско во пограничниот регион со Р.Албанија,каде како никогаш до тогаш на инсистирање на аџутантот на Карангелевски Ристе Смически Карагелески и Тасески на себе носат шаторски крила со што би се означиле како мета.На инсистирање на Тасески шаторските крила се обесуваат на дрво при што повторно има испалување на два куршуми кои завршуваат во шаторските крила.По ваквиот настан Тасески му обрнал внимание на Карангелевски да всушност маскирните одела биле обележувани на мета,зошто бил известен и ССНО.На овај лов Ристо Шапкар со себе го води и Лазо Радески(чекан) лице кое пред две години на доживотна казна затвор за извршени масовни убиства во Охрид,или попознат како најмасовниот убиец во Македонија.

Васко Карангелевски во 1978 година требало да постане Началник на Генерал Штапот на тогашната ЈНА.За таквото нешто имало голема спротиставеност од тогашните генерали на ЈНА,од Српско-Хрватското лоби,но очигледно било да ликвидацијата на Карангелевски ќе биде невозможна мисија се додека до него е Тоде Тасески.При организиран лов на 01.09.1976 година во атарот на с.Џепиште кај Дебар веднаш зад воената караула кај с.Џепиште тасески добива прострелна рана од карабин во пределот на стомакот.На овај лов присутни се сите актери кој биле присутни на претходните ловови,но за прв пат во нивната историја на овај лов оди и Генерал Ламбе Михајлоски кпој бил организатор на ловот .По ранувањето Тасески со воен транспорт е итно пренесен во Воената Болница во Скопје,но поради сериозноста на повредите на 06.09.1976 година умира во воената болница во Скопје.

Мртвото тело на покојниот Тасески на воен Ламфет на 06.09.196 година е донесено во неговото родно село Љубаништа каде е погребан со највисоки воени почести.На погребот присуствуваат сите тогашни Генерали и Адмирали на тогашната ЈНА,испалена е почесна псалба од Гардиската Чета како и од двата воени бродови на Воената Морнарица од Охрид.

За убиството на Тасески тогаш обвинет неговиот шура кој по брза постапка е осуден на 6 месечна затворска казна за дело кое никогаш не го сторил.При извршениот овид и балистичкото вештачење врз оружјето на шурата на Тасески се докажало дека шурата на Тасески воопшто не испукал никаков куршум од неговото оружје,извештајот се крие,а шурата на Тасески е ослободен од обвинението после шест месеци од настанот со што се докажа класиката на заверата на лицата на кои им сметаше Тасески во нивната намера за ликвидација на Карангелевски .

По убиството на Тасески после четири месеци при лов во атерот на Македонски Брод е убиен Генерал Васко Карангелевски,на ловот повторно како ловџии се јавуваат истите лица,а неговиот аџутант Ристе Смиџески повторно не е до него.Искусен војник,борец од ранкот на Карангелевски перверзно е да се тврди дека поради невнимание при лов пушката сама им испалила во пределот на стомакот.

Доколку сакаме да имаме држава и да расчистиме со нашето минато,со лица кои и ден денеска дрмаат на македонската политичка сцена преку нивните фамилии редно е од тајните архиви да се отворат и да се расчисти случајот Тасески Карангелевски,не за друго туку поради нивните фамилии.Само за информација после не цела година се врши грабеж врз манастирот Св.Наум од каде што исчезнуваат највредните икони од иконостасот на црквата посветена на Св.Архангел Михаил.



Овој напис преставува морална обврска на Уредникот спрема жената која го израсна и се грижеше за него .

По смрта на Тоде Тасески и Васко Карангелевски настана пресврт како во воениот дел на Македонското крило , така и во целокупниот опшествено политички живот во тогашна СРМ(Социјалистичка Република Македонија) .

Тогаш дојде до етаблирање на нови опшествено политички структури во Македонија , кој само ги извршуваа задачите на тогашната ЦК на КПЈ . Македонското крило во ЈНА остана на ниво на само два Генерали , еден од Охрид а другиот од Куманово , кој воопшто не водеја грижа за македонците и македонското прашање во целина на тогашната СФРЈ . Но и ако идниот началник на Генералштабот на тогашната ЈНА по принцип на ротирање на тогашните републики требаше да биде од Македонија , тоа не се случи , македонските Генерали го свиткаа опашот , и тогаш главна улога во Третата Армиска област ја имаше Ратко Младиќ .

Смрта на Карангелевски беше добредојдена од целокупниот тогашен политички врв на Македонија , отпочнаа со дефокусирање на сите информации во врска смрта на Карангелевски , забранета тема постана името Васко Карангелевски и Тоде Тасевски . Учесниците во лововите како награда на сработеното добија директорски места по Охридските тогашни претпријатија , но и до ден денешен се заштитени како мечки во Национален парк . Никој не смееше нит да спомне било кое од овие две имина . Сопругата на Тасески беше вработена во ЗЗ„ГОРИЦА „ и тука заврши воената грижа за неа . Воопшто не доби никаков бенифит од тогашната гарнитура и покрај тоа што и беше ветено . Стравот кој тогаш го вметна во фамилијата на неговата сопруга остана и до ден денешен , а истото е и во фамилијата на Карангелевски .

По нивната смрт спектакуларно е извршена кражба во Манастирскиот комплекс Свети Наум на највредните Икони од Иконостасот на Црквата Св.Архангел Михаил .Кражбата е извршена една година по смрта на Карангелевски и тоа во зимски период , замислете на место каде што вриеше од војна стража , во најобезбедениот дел на границата со Албанија . И покрак 150 војници кои биле на редовна служба и тројцата дежурни Официри , и ако за да се стигне до манастирот мора да се помине покрај капијата на Караулата , никој не видел луѓе и возило , само два дена покасно од увидот на лице место биле пронајдени траги од движење на џип ?! Но и покрај безбројните дојави од граѓани и надворешни институции Македонскиот народ остана без своето највредно Христијанско наследство .Исто се случува и со непроценливите Икони од Иконостасот на Црквата Св. Јован Канео , каде истите прку ноќ исчезнуваат .

Домаќин на Манастирот Св.Наум тогаш било лицето Трифун Маркоски од село Љубаништа ,а манастирот тогаш беше сопственост на Завод и Музеј Охрид . Оваа лице е дел од ловџиската екипа , а веднаш по осамостојувањето се вработува во Охридтурист како домаќин на Автокампот Св.Наум „Љубаништа ,а каде Директор на истиот е човек од ловачката екипа .

Енигмата Тасевски – Карангелевски трае и до ден денешен , неразбирливо е зошто Државата не го отвори ова досие ? Зошто не се ставаат на тапет на правдата сите актери на овој заговор ? Зошто и до ден денешен актерите на заговорот дрмаат на македонската политичко-бизнис сцена ? Зошто Владата не го вклучи во својот проект Скопје 2014 година Спомен одбележје на Генерал Васко Карангелевски ? Зошто тоа не го направи Градоначалникот на Прилеп Маријан Ристевски ???

Како што ке напише Григор Прличев во Поемата 1762 Лето , во неговата последна строфа

„И денес во куќи нивни , ткае Пајак пајажина„ , Господ е голем и гледа , а им враќа

Овој напис преставува морална обврска на Уредникот спрема жената која го израсна и се грижеше за него .

Карангелевски и Тасевски биле големи другари ,делеле и добро и лошо . Тасески ги знаел сите тајни на Карангелески . Всушност хајката од тогашниот Армиски врв на ЈНА започнува во 1948 година , и му се лепи етикета на Карангелевски да е проруски настроен , и други глупости .

Всушност нив им смета профеионалноста на Карангелевски , како и големиот патриотизам кој го имал Карангелевски спрема Македонија , така да се што се градело тогаш во Македонија ,в о се по наредба на Карангелевски учествувала целокупната Трета Армиска област . Сесрдно ги заштитувал Македонските војници и Страрешини и се заложвел за нивно унапредување. Ваквото нешто ја запалило црвената лабичка во Београд , па така се договара негова ликвидација .Тогаш КОС и УДБА во тања операција „ Рудиште 2„ , пристапува кон припреми за ликвидација на Карангелевски . За ваквото нешто бил запознаен лично и ТИТО .КОС и УДБА врбуваат блиски луѓе на Карангелевски и Тасевски , лица од нивното опкружување , ги обработуваат со ветувања за многу поубава иднина , и ја остваруваат својата цел .

Во продолжение ЕКСКЛУЗИВНИ СЛИКИ ОД „ЛОВЕЧКИТЕ ДРУГАРИ“ .На една од сликите е Егзекуторот – Извршителот на гнасниот чин , кој сеуште е жив и има длабоко џебче .Како и дае и да не сака ќе го
Овој напис претставува морална обврска на Уредникот спрема жената која го израсна и се грижеше за него.

karangelevski2.jpg


karangelevski3.jpg


karangelevski4.jpg


karangelevski5.jpg


Се надевам дека сопственикот на авторските права на фотографиите нема да ни забележи за преземањето на истите во чисто информативни цели.

Карангелевски бил запознаен од Тасески за намерите за негова ликвидација, но иако тоа го сваќа сериозно, сепак одлучува да тоа јавно не го манифестира. Водел редовен живот како и дотогаш, бил во постојана комуникација со истите луѓе од неговото опкружување, со единствена намера да војната безбедност открие суштината за неговата ликвидација.

Од страна на Тасески бил предупреден да не се однесува така лабаво и да нема голема верба во безбедносните структури на КОС, од причина што тие во последните неколку месеци, поточно од Јуни месец 1976 година во Македонија поставуваат паралелен Командант на КОС за Македонија, тоа го прави српското генералско крило на ЈНА. Најголема верба српските генерали полагаат во Ратко Младиќ кој има поставено добра агентура во Македонија, ги знаел сите слабости на својата агентурска мрежа, а која воедно била блиска и до Карангелевски, и тоа добро го користи. Карангелевски на десетина дена во 1976 година патува за Љублјана во Клиничкиот центар во посета на свои пријатели, и во тој вакум простор на неговото отсуство се донесува одлука за операцијата „РУДИШТЕ 2“, или во превод, Рудиште војно име за Охрид на бивша СФРЈ, а 2-ка, има значение за ликвидација на две личности,Тасески и Карангелевски.

Знаеќи да Карангелевски бил голем љубител на Ловот, паѓа одлука да истата ликвидација се спроведе на Лов, а сето тоа да наликува на несреќен случај, а за се заташка целата работа потребно била соработката на Полицијата и одредени Судии кои трабало да ја потврдат приказната са самоубиство или несреќен случај. Ги користат ресурсите на нивната поставена агентура, олицетворена во тогашни Управници на Угостителски претпријатија во Охрид, како и докажани шпиуни –оперативци, кој биле спремни за одредена парична надохнада и братот да го жртвуваат. Таквата операција на крај ќе се покаже како успешна.

karangelevski11.gif

Тоде Тасески и Васко Карангелевски

karangelevski13.gif


КАРАНГЕЛЕСКИ , ЉУБИЧИЧ, ЉАМБЕ МИХАЈЛОВСКИ , ТОДЕ ТАСЕСКИ И ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ ВО ВОЕН КАМП СВ.НАУМ

karangelevski15.gif


КОЛИШЕВКИ ,КАРАНГЕЛЕВСКИ,ТАСЕСКИ И МИХАЈЛОВСКИ
 
Најголемите воини и стратези вечно ги потценувале противниците , Тасески и ако му укажувал на Карангелевски една цела година дека од Београд се кува нешто матно , Карангелевски не го сваќал тоа толку сериозно . Делувал доста опуштено , и секој момент го користел за да биде во Охрид и Св.Наум , бил премногу заљубен во овој крај , како и во планината Галичица . Карангелевски простом уживал во Осторвите кај Св. Наум и стално бил со планови за разубавување на овој регион .

Преголем заљубеник во Охрид и Охридско , обозавал да оди низ планината Караорман , а во Дебарца најповеќе бил воодушевен од Селото Годивје . при неговите посети на Годивје повикал стручни лица од Војно Технискиот Институт од Београд и побарал од нив да изготват елаборат за изградба на Воен Аеродром . За ваквото нешто било известено и ССНО , па оценуваќи ја одличната стратиграфија на селото Годивје , природните ресурси кои ги имало во изобилство во атарот на селото Годивје ,нарочито преголемо количество на воден потенцијал , можност за скриена полетно-слетна писта , се донесло одлука за одпочнување на градба на Воениот Аеродром во Годивје . Изградбата одпочнала веднаш во 1976 година , но прераната смрт на Карангелевски го стопирала проектот , па така покасно по барање на српското крило во Г.Ш на ЈНА , наместо во Годивје локацијата е променета и одпочнато е со градба на воениот аеродром во Брчко БИХ .

Карангелевски имал големи идеи за Охридскиот регион , така изготвен е комплетен елаборат за изградба на елите Хотел веднаш до Хотелот Гранит , во 1975 година одпочнати се земјените припремни работи , но се остана на тоа . По доаѓајнето на Полковник Владимир Стојановиќ за командант на Охридскиот Гарнизон , Полковник кој иако доаќал од Механизираниот –пешадиски род на ЈНА бил еден од главните безбедносни стратези на КОС . Во една прилика во Љубаништа седеќи дома кај Тасески , Стојановиќ ке му каже другарски на Генералот да биде внимателен , и дека во Београд Генералите на големо шепотат и те местат дека имаш големи контакти со ССССР . На ова Карангелевски само се насмеал и му рекол на Стојановиќ „дека не се плаши и дека е чист патриот кој си ја сака државата ,знам дека им сметам но тоа е нивни проблем„

По убиството на Тасевски Карангелевски постанува веќе загрижен , ја губи својата десна рака и вечна сенка , неговиот другар од најголема доверба Тоде Тасески .Карангелески станува повчлечен , но тука веќе отпочнува да се одмотува клопчето на неговата невнимателност . Не му Верува на својот Аџутант , а верува на ловечката дружина , тука ја прави свота најголема грешка . Карангелески знае дека се кува нешто , но настојува тоа да го сокрие во себе , а во една прилика дури ке му се довери на Генерал Љамбе Михаилоски дека се плаши за судбината на своето семејство . Карангелески ги знаел многу предходни матни игри и ликвидации кои биле извршени на подмол начин , но не очекувал дека своите најблиски другари – ловџии ке му ја скројат капата .
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 23:49 ---
Голема енигма преставува тоа што и после 20 години независност на Р.М. никој не сака да се отвори досието Карангелевски ! Зошто е тоа така нема коментар ниту од најрелевантните личности кој треба да го сторат тоа .

Во последен период сведоци сме на разноразни восочни фигури во „Музејот на ВМРО“ , исто така на изградба на спомен одбележја низ целата држава , но никаде нит да се спомене Генерал Васко Карангелевски ! Кому се му смета појавувањето на вистината за наводното самоубиство или како што е заведено „несреќен случај„ ? Зошто и по убиството на Тасески , а и на Карангелески личното науружување кое го имале со дозволи им е одземено од нивните фамилии ? Конкретно Тасески поседувал пиштол во себе марка „Луиџи Берета 7,65мм“, ратен трофеј кој лично го добил како поклон од Јосип Броз Тито и на него била изгравирана посвета . Пиштолот тогаш со писмена наредба на тогашниот преседател на Судот во Охрид –Мечето бил одземен и бил даден на чување во тогашната Милиција во Охрид . Но и покрај безбројните барања на неговата сопруга поднесени во последните 30 години пиштолот да и биде вратен како “трофејно оружје„ да има барем еден спомен од својот сопруг , пиштолот го нема никаде . Во СВР Охрид постои документ дека пиштолот е одземен времено , и дека истиот се наоѓа во магацинот на СВР Охрид . По барање да се изврши увид врз истиот , т.е. да биде приложен на увид , најнапред го немало магационерот ?! , па од кога и магационерот се појави , тогаш го снемало и пиштолот . Со еден збро ратниот трофеј и скапиот пиштол го снемува од поодамна , кој сега го поседува може само да се предпоставува , но останува голема енигмата зошто го снемува баш тоа оружје ?

Секако уште поголема енигма претставува тоа што и на извршените два погреби и на Тасески и на Карангелески , се погребуваат и нивните ловни пушки . Како е можно да се стави во земја оружје од кое е пукано и настанале смртни последици ? Зошто и во двата случаи не е извршено Балистичко вештачење ? Кој и зошто сакал да бидат погребани и доказите заедно со ликвидираните ? Зошто ловечката дружина веднаш по убиството на Карангелевски добива високи позиции во Охридското стопанство ? дали тоа е награда за обработеното ?

Кога веќе се одпочнало со процесот на лустрација , зошо бараме папагали кога ги имаме Хиените на Македонштината ? Зарем толку болно ќе преставува расчистување со личностите на црното минато , зошто ним повторно им се дозволува преку нивните деца да ја кројат судбината на државата и да изигруваат политички „Пауни„ и да преку нивните натопени раце со невина крв остваруваат фамилијарни богаства ? Крајно време е државата да го отвори случајот „Тасески – Карангелески “, нека застанаат пред лицето на правдата сите оние актери на овие ликвидации на македонските Патриоти , крајно Кривичното дело „Убиство„ е дело кое не застарува . Доколку некој сака да најде оправдување дека тоа е неможно , тогаш тој лаже .

Во затворот во „Идризово„ го имаат еден од актерите на ликвидацискиот лов , лице кое е осудено на Доживотна казна затвор за извршени сериски убиства .Тоа лице нема што повеќе да изгуби во својот живот , туку доколку проговори може барем малку да им го обели образот на своите деца , и ако тоа обелување ќе биде тешка работа . Другиот актер погина пред две години, остатокот од ловџиската тајфа се сеуште живи , изигруваат пауни , и ден денес се страсни ловџии и диви копачи на националното археолошко благо .
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 23:50 ---
Еден од клучните лица кои можат да посведочат за убиствата на Тасески и Карангелески се наоѓа во Затворот „Идризово„ . Тој таму издржува казна доживотен затвор за сторени кривични дела „Убиство„ . Тоа е охридскиот сериски убиец Лазо Радески , лице кое било дел од ловџиите на критичниот настан крај селото Џепиште , кога беше извршен атентатот - убиството на Тоде Тасески .

Радески тогаш работел во поранешни „Заводи Црвена Застава Херој Тоза Драговиќ„ во Охрид , десна рака на тогашниот директор Ристо Шапкар. При апсењето на Радески на висок полициски функционер му дадовме до знаење дека Радески е и сторителот на еден од атентатите во аферата Карангелевски . Тогаш од кој причини МВР не сакаше да го распраша Радески , зошто е тоа така и тоа ќе го објасниме .

Во аферата Карангелески беа вклучени и челни функционери од Охрид ,соработници на тајните служби , како и врвот на тогашната УДБА и Милиција во Охрид . Поголем дел од нив се сеуште живи , нивните деца се алфа и омега во нашето секојдневие , и токму затоа не одговара да се отвори случајот Карангелевски . Лазо Радески може да открие многу нешта , не само за убиствата кое се извршуваа во Македонија , туку и за грабежите на црковното благо , токму за тоа затворањето на Радески многумина го дочекаа со страв да не проговори . Радески не ја искористи можноста за наводен пазар , но секако никогаш не е касно за ништо . Радески постанал ликвидатор на многу млади години , па затоа бил жеден за крв .

Аферата Карангелевски секако дека ја знаат и Илија Ристески екс директорот на Хотел Десарет , ја знае и екс директорот на Инекс , екс директорот на Путник Охрид , ја знае и поранешниот прв човек на УДБА Трајан Ангелевски . Во време кога сакаме да расчистиме со минатото , кога имаме огромна желба за наводна Лустрација , зошто државата се плаши да го отвори случајот Карангелевски ?

Тасески и Карангелевски биле светли лица во македонската историја , нивните семејства заслужуваат да се открие вистината . Доколку толку многу ВМРО сака да ни дава патриотска надеж , тогаш нека расчисти со минатото , и нека расчисти во своите редови , наместо сеуште да ги држи семејствата на Тасески и Карангелевски во страв .Овој напис претставува морална обврска на Уредникот спрема жената која го израсна и се грижеше за него.

КРАЈ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom