Не сфаќам како е предаство на нацијата да смениш религија. Ај да биде предавство на религијата, нормално но на нацијата? Аман бе луѓе со овие религиозни поделби. Македонци се само тие што се православни? А тие што се католици, протестанти, будисти, атеисти? Тие не се Македонци? За муслиманите не ни зборам, дојдовме до тој степен каде што Торбеши настанува етникум, што е за срамота. Ем што сме малце па се правиме да сме уште помалце. Не ни се криви ни албанците, ни бугарите, ни грците, ни србите, доволно сме си ние самите. Еве поминаа малце повеќе од 20 години и се поделивме на се што најдовме и на крај нема да остане ниту еден, едноставно, Македонец.