Од 2017 година сите автомобили ќе имаат технологија за комуникација со други возила

  • Креатор на темата Креатор на темата Петар12345
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.418
Во следните неколку недели американската влада треба да одлучи дали сите автомобили во САД мораат да имаат технологија која ќе им овозможи да комуницираат со други возила во сообраќајот и кои возачи ќе бидат предупредувани за можност на судар, а во некои случаи автомобилите ќе бидат запрени.

Новата технологија е веќе тестирана на улиците во Мичиген, а произведувачите на автомобили веќе развиле сопствено решение за вградување во луксузните модели.

Но, постојат некои технички контроверзии во врска со оваа технологија, особено во врска со тоа како ќе функционираат во големите градови со густ сообраќај.

Сепак во националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата веруваат дека на овој начин можат да се спречат 80% од несреќите во кои причина е човечкиот фактор.

Сепак, американската организација за производство на автомобили „Auto Aliance“ е против воведување на овој закон. Доколку се донесе одлука за законот, се очекува вградувањето на технологијата во новите автомобили да стапи на сила на почетокот на 2017 година, јавуваат американските медиуми.




добро е за нив, ама кај нас ова ќе стаса 2030 некогаш (n)
 
на шо ќе личат акционите филмови за 20 години?? тивко зујат коли на електричен погон кои не можат да се судрат ни превртат, најнапната сцена ќе биде ко ќе му снема дестилирана вода во акумулаторот....
 
Еден чекор поблиску до Star Wars универзумот :rolleyes:
 
на шо ќе личат акционите филмови за 20 години?? тивко зујат коли на електричен погон кои не можат да се судрат ни превртат, најнапната сцена ќе биде ко ќе му снема дестилирана вода во акумулаторот....
че се снимаат во Македонија. Идат кај нас ѝ од акција во хорор преминува. Ни мапи на патишатата имаме, ни интернет, ни знаци ниту осветлување по пат.
Приказната на филмот че биди смени гума рачно, преживеј и врати се дома..... жив.
 
Кај нас штотуку убација некои нови налепници кои сите ќе мора да ги имаме (читај - платиме).
 
Кај нас место да ги сопрат во некои случаи ке ги убрзуваат подобро да се мавнат .
 
Е ако де ,нека праи што сака автомобилска индустрија додека во МК ехеееј и замислете после 2017 год. сите таксисти освен 2 аирбега и клима па потоа мора да има и ваква технологија ехеееј каде се македончиња :tapp:
Изгледа во западните земји премногу гледаат филм оној со Силвестер Сталоне и Сандра Булок не ми текнуе како се викаше филмот :facepalm:
 
Кај нас штотуку убација некои нови налепници кои сите ќе мора да ги имаме (читај - платиме).


Какви се и за што се тие налепници? Не сум запознаен со тоа...
 
Сега засега Бродови поради оправдани причини а имаме и независни UAV кои и можат да полетуваат и слетуваат на Носачи на авиони, а автомобилите ќе почекаат, инаку Израелска фирма имаше направено интересен систем за автомобил, инаку колку за инфо веќе има и трки каде возила сами се "снаоѓаат" на трки токму имав прилика да го видам тој "интелигентен" Volkswagen Touareg.

А на бродови веќе ова е и во пракса.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom