Танц со ѕвездите - МТВ 1 - 2 сезона

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
За првата сезона имавме тема тука, но бидејќи имаме нова сезона, нови вести, нови настапи, затоа отворам нова тема каде ќе се дискутира и гледа 2рата сезона на Танц со Ѕвездите. Првата сезона според мене беше навистина освежувачка со оглед на тоа што све има по нашиве телевизии.

Еве прочитајте подолу малку за тоа што не очекува во новата сезона:

Кој ќе се натпреварува во втората сезона на Танц со ѕвездите?

Точно на последниот ден од оваа година, 31. декември, како дел од новогодишната програма на МРТВ, ќе биде првата епизода на втората сезона од популарното шоу „Танц со ѕвездите“.
vtorata-sezona-na-tanc-so-zvezdite-pocnuva-na-nova-godina-01.jpg

По успехот и популарноста кои ги постигна минатата сезона, ова шоу продолжува и годинава со своите атрактивности, изненадувања, многу, танц, музика и ѕвезди.
Она што досега се знае според продукцијата „Дрим фактори“ е дека водител повторно ќе биде шоуменот Тони Михајловски, а негова водителска партнерка ќе биде атрактивна девојка која сѐ уште ја држат во тајност.
Според една негова изјва, дури и самиот Тони не знае за која девојка точно се работи. По примерот и стандардите на светското шоу, во жирито пак ќе има 3 члена, меѓу кои двајца професионални експерти за танц и едно лице од јавниот живот кое повеќе ќе биде во улога на коментатор како глас на публиката или поблизу до обичниот гледач.
Во однос на учесниците, познати се и и ѕвездите кои ќе вежбаат со професионалните танчери. Тоа се: водителот Димитар Атанасовски, музичарот Владимир Крстевски- Франц, пејачката Сара Мејс, каратистката Наташа Илиевска, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, манекенката Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски.
Кој е вашиот фаворит?
 
Не ја гледав првата сезона, а изгледа ни вторава....
 
Интересно ќе биде......., но зошто пишува манекенката Александра Накова кога она е старлета? :confused:
 
Овој Стефан, ватерполист што бил, е тој Мистер што беше пред некоја година? :X3:

И која е оваа Сара Мејс?
 
Овој Стефан, ватерполист што бил, е тој Мистер што беше пред некоја година? :X3:

И која е оваа Сара Мејс?
за Лошко збориш? да. Убав е само низ фотошоп ако е пројден тој, во живо е како да си го собрала од нива и да си му ги фрлила копачот и мотиката.


Мешковска :rolleyes: најдете и маж :rolleyes:
 
за Лошко збориш? да. Убав е само низ фотошоп ако е пројден тој, во живо е како да си го собрала од нива и да си му ги фрлила копачот и мотиката.


За тој мислев.
Ми се виде симпатичен на интервјуа тогаш, во живо не знам каков е. :D
 
И јас исто го делам мислењето за Накова и за Влатко ... навистина треба да се тргнат од јавниот живот ... поготово Влатко ... па шо мислеше да го води квизот на Канал 5 ... иако мисли дека прави добри песни , не му сЕ ....

за Сара Мејс (y)(y)(y) супер избор ... згодно девојче и талент ...

Шо мајка бараа да ја викнат Маријана Димовска ..... ужас ....
подобро ќе беше да ја викнат Марина Автовска .... згодна плус девојка е .... мој тип :pipi:
 
за Лошко збориш? да. Убав е само низ фотошоп ако е пројден тој, во живо е како да си го собрала од нива и да си му ги фрлила копачот и мотиката.


Мешковска :rolleyes: најдете и маж :rolleyes:


уште подобраааа сииииии :pos::pos:
 
Во првата сезона имав неколку фаворити,но за жал ниту еден не стигна до финалето..прерано напуштија,се откажаа....:(


А за вторава сезона. ќе видиме што и како ќе биде.....:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom