Ако ова е дефиниција за вашиот Бед Бој, тогаш драги мои Дами, вие имате голема грешка.
Да ви кажам што навистина е Бед Бој.
Тоа ти е машко коешто израснало со горчината на животот во своето грло, што секој ден се проколнувал себеси, како може да заврши на такво место, и правел се за да излезе од таа ситуација.
Тоа ти е машко коешто веќе во својот живот го имал допрено дното, и знае како е да стигнеш таму и да бидеш сосема осамен.
Знае како е да немаш другари и да нема кој да ти помогне во животот, и да не се плаши ако повторно остане сам.
Тоа ти е машко коешто се труди да успее во животот на свој начин и не бара помош од никого.
Машко коешто води битки за кои никој незнае.
Машко коешто знае колку вреди секоја личност во неговиот живот, и знае како е кога некој ќе го напушти, и ќе си замине без да каже збор.
Машко коешто ќе те сака, и ќе те воздигне до небо, како никој дотогаш, и ќе направи да се чувствуваш како единствената девојка на светот.
Машко коешто ќе се плаши да те изгуби, а и ако те изгуби, ќе направи се, за да те врати повторно во неговиот живот.
Е ова машко е "Bad Boy", ова првото опишано е "Колатерална Штета".