Грб на Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Со професорот по помошни историски науки случајно почнавме да дебатираме за грбот на Македонија, поточно нејзините елементи. Јас го застапував тоа дека планината претставена на нашиот грб е Кораб, оваа информација ја зедов од википедија(кликни тука), шо значи дека е релевантно. Мислам дека тоа е точно поради тоа што во изворот (ако е навистина точен) вели дека е од Матковски, ако не и единствениот кој пишува за ова. Професорот постојано повторуваше дека станува збор за Пирин планина? Не дека јас прв пат слушнав, него во истиот текст на википедија, убаво пишува дека елементот Пирин планина навистина постоел но во рамките на НР Македонија? - А и самиот професор зборуваше дека Матковски Александар е меѓу ретките авотори на Македонската хералдика. - Сега сум во двоумица, пред да почнам да ја барам книгата на Матковски, барам ваша поткрепа, дали да го поправам моето грешно сознание или пак да му докажувам на професорот со цитати од самата книга? - Зашо тој не сакаше ни да слушне што кажувам, кога реков Кораб, прво
помислив дека логично е Шар Планина, но...



Coat_of_arms_of_PR_of_Macedonia.png
 
Македонска википедија ја едитира некој од „Курир“. Не ја земај здраво за готово.
Иако може Пирин (како наша највисока планина) да е некаква инспирација, сепак убеден сум дека Кораб е официјалната верзија - посебно по искривеноста на самиот врв која многу потсеќа на силуетата на самиот врв - после истиот е стилизиран т.е исправен.
 
Википедија не е најрелевантен извор, но чисто сумњам дека Пирин е планината на грбот.
--- надополнето: 11 декември 2013 во 21:14 ---
П.С Според мене најпретставителни се Кораб или Шара па по некоја логика една од нив би требало да биде.
 
значи ова е грб,на една држава (или ај и од порано да земеме на една република)
мислам дека сите знаци на грбот треба да прикажуваат нешто од таа држава.
Воопшто не сум стручњак за оваа област ама...
кога таа планина би била Пирин,односно би асоцирало на неа или по форма покажувало
тогаш што е со водата долу, сигурно е тоа Бело море
Мислам дека е Кораб правиот одговор.
(ако е така,тогаш тутунот чив е, а афионот од каде е,)
 
Има и една прича....малку рекла-казала муабет, ама може да се провери точноста. Може да е и Шара т.е во времето кога е цртан грбот „Голем Турчин“ денеска познат како Титов врв за кој долго време се мислело дека е највисок во тогашна СР Македонија, затоа и му е дадено ново име со предзнак Титов, па после со мерења е утврдено дека Голем Кораб е минимално (но сепак) повисок (Зошто инаку би му дале „Титов“ на втор по височина) - така да, ништо чудно и Голем Турчин да ни е на грбот....не се знае....
 
Пирин планина

FrKht.png
 
Ја најдов одлуката во службениот весник вели вака:

Член 1
Со овој закон се уредува грбот на Република Маке- донија.
Член 2
(1) Грбот на Република Македонија претставува по- ле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви.
(2) Среде во полето се оцртува планина во чие под- ножје тече река, а зад планината изгрева сонце.
Член 3
Ликовно-графичкиот приказ на грбот на Република Македонија е составен дел на овој закон.
****Овие пак не го ни дефинирале, кој елемент што е.
*Службен весник бр 138 од 17 ноември 2009 година.Untitled.jpg
 
Нели е ова нашиот грб?
200px-Coat_of_arms_of_the_Republic_of_Macedonia.svg.png

Википедија одамна го изгуби статусот на кредибилитетен извор на информации.
Македонија не треба да има грб, овде се безкичмењаци живеат.
 
Новово решение е идиотско....и тоа не само по описот „планина“ :confused: и „река“:eek: (ако не е ради оние 25,3% на трупец го стаам).....ај, ја тргнале ѕвездата, ама спојувањето на линиите од класовите во некое нереално јајцевидно решение е толку аматерски напраено. Се глеа дека некој референт го склапал на пентиум 1 во paint.
 
Откако ја тргнаа Ѕвездата од нашиот грб, ми изгледа многу полошо и ЌЕЛАВО

Ќелав грб без ѕвезда........FUCK
 
Откога ја тргнаа звездата нашиот таканаречен грб го изгуби единствениот симбол што има историско значење.Ова не го признавам за грб,ова е факинг пејсаж.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom