Атеизмот денес...

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Според извештајот што го објави International Humanist and Ethical Union, да се биде атеист во 13 земји во светот е вистински ризик по животот. Во овие земји атеистите лесно може да добијат смртна казна.

Како што ќе забележите и самите од мапата, во сите 13 земји мнозинството од населението се муслимани. Тринаесетте земји во кои атеизмот се казнува со смрт се: Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Нигерија, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Обединетите Арапски Емирати и Јемен.

Со исклучок на Пакистан, во сите останати земји смртната казна се применува во случаите на апостасија, односно отфрлање на религијата. Пакистан пак, смртната казна ја применува во случаите на богохулие (во што спаѓа и неверувањето во Бог).

Клик за сликата за поголема верзија.

На мапата се обележани земјите кои атеизмот го казнуваат со смрт (црно), затворска казна (црвено) и имаат воведено законски рестрикции на религиозниот односно нерелигиозниот говор и мисла (жолто).

извор: kajgana.com

Според истражувањата на Galup за 2012 година, ево каде живеат најмногу атеисти во светот.

atheism-map-1024x506.jpg

Интересно е што Балканот се вбројува во местата со најмала застапеност на атеисти во светот. (најмалку од луѓето се декларирале како такви)
Во светски рамки Кина е на врвот со 47% кои самите се изјаснале за атеисти, додека пак во Европа - Чешка со 50%.

Во истражувањето учествувале над 50.000 лица.

Е сега бројки како бројки, не е чудо да прикажат погрешна слика за настаните. Има многу повеќе верници или атеисти кои не зазеле јавен став, и не учествуваат во пресметките.

Моменталнава ситуација во некој држави ме чуди и подсеќа на Џордано Бруно..
Добро бе, смртна казна за атеист? Атеист = масовен убиец?
21 век сме....
 
Последно уредено:
Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Нигерија, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Обединетите Арапски Емирати и
Јемен.

Ислам, религијата на мирот. Ме интересира што мислат за ова теро-, муслиманите на форумов.
 
И која е логиката? На првата слика се гледа дека во кина атеизмот се казнува со смрт, а на втората слика дека има најмногу атеисти таму. Ебаве тоа истражувањата.
 
И која е логиката? На првата слика се гледа дека во кина атеизмот се казнува со смрт, а на втората слика дека има најмногу атеисти таму. Ебаве тоа истражувањата.

И шо има везе тоа?
Исто како да направат мапа за проституција. Забранета е, но сепак постои. Глупа ти е логиката на првичната логика
 
Истражувањево е тешко срање, со примерок од 50 000 луѓе на глобално ниво, заклучија дека 47% од кинезите се атеисти. 50 000 само од Кина да беа, пак немаше да биде многу статистички вреден примерок.
 
И која е логиката? На првата слика се гледа дека во кина атеизмот се казнува со смрт, а на втората слика дека има најмногу атеисти таму. Ебаве тоа истражувањата.

Баш поради тоа е поставена и втората слика.
Колку има атеисти што несмеат да писнат дека се тоа? И колку има верници кои религијата си ја чуваат само за себе...
Каде е слободната вољја?
Опшествените циклуси се дел од религијата, или таа е нивни продукт? Демократија вс едноумие, капитализам вс комунизам?
 
а како се знае ако не смеат да писнат? :P
 
Истражувањево е тешко срање, со примерок од 50 000 луѓе на глобално ниво, заклучија дека 47% од кинезите се атеисти. 50 000 само од Кина да беа, пак немаше да биде многу статистички вреден примерок.

Истражувањата обично се засноваат на процентуалност. Сигурно не чекаш попис на населението за нивната религиска определба....
Ако од 10,000 рандом кинези 47% се изјаснале како такви... тогаш се знае кој би бил логичкиот заклучок. Затоа се прават повеќе истражувања од различни организации, секоја година.
 
На балканот верата е како националност - нарочно после војните во 90 сетите а и кај нас 2001 кои имаа и облик на верска и национална војна, така да декларирање како верник од некоја религија е и како декларирање на која група народи му припаѓаш. Многу од верниците се ради традиција а не дека живеат во склад со верата или имаат јасна слика за сопствената вера
 
И на други места е така. Католичка Ирска vs Англија е уште еден добар пример. А низ историјата има и повеќе други.
 
Кога ќе ја погледнеш картава ,таму кај што има атеисти земјите се 100 % повеќе развиени и подобри за живот. Исламскиве држави во африка сегде има глад , неправда ,протести .Како што се гледа на картава Кина ,Русија ,Австралија и делови од европа има најпогоден и најдобар живот(средени градови ,повиски плати и ниво на живот ,права и закон).Можно е да религијата има некаков удел на ова ? :confused:
 
а како се знае ако не смеат да писнат? :P

Па штом некоја држава правно го забранила атеизмот, тоа подразбира дека претходно некој се осетил и декларирал како таков. Да беа сите верници, немало потреба да носат такви строги закони. :)
Е сега во едно такво опшество, кој здрав свесно би кажал дека е атеист? То е то..
 
Кога ќе ја погледнеш картава ,таму кај што има атеисти земјите се 100 % повеќе развиени и подобри за живот. Исламскиве држави во африка сегде има глад , неправда ,протести .Како што се гледа на картава Кина ,Русија ,Австралија и делови од европа има најпогоден и најдобар живот(средени градови ,повиски плати и ниво на живот ,права и закон).Можно е да религијата има некаков удел на ова ? :confused:
Картата не е баш најреална.... Шведска на пример, колку што знам има преку 50% атеисти. Мислам оти е земја со најголем број атеисти во светот... и меѓу најдобрите за живеење.
Не би рекол дека тие земји што имаат најголем број атеисти се најдобри за живеење, туку обратно... Тие што се најдобри за живеење имаат најмал број верници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom