Фан Клуб: Бамбер Бриџ

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Што се деси со таа фејсбук страната на македонски што беше? Интересно беше на времето, почнаа и македонски знамиња да носат на натпреварите. [emoji3]
 
Што се деси со таа фејсбук страната на македонски што беше? Интересно беше на времето, почнаа и македонски знамиња да носат на натпреварите. [emoji3]

Постои се уште, но неактивна е
 
Ако некој сака да ја води можам да му дадам модераторски способности, слободно кажете :)
 
Одличен старт на годината за Бамбер!

Реми со моментално шестите на табелата на први јануари, а победа од 0-4 на гости против моментално седмите на табелата

Со ова скокнаа пар позиции, ама поради тоа што лигава а е рандом ништо не значи тоа бидејќи Бамбер има изиграно 25 меча, а постојат екипи со изигрнао 17 или 19 меча така да... :D
 
Ауууу каков пресврт денеска против (даниел) Редклиф! :vozbud:

Победа од 2-1 со голови во 80 и 91ва минута!

Огромна победа за Бамбер и чекор поблиску до опстанок!

До крајот на лигата Бамбер ќе одигра уште 14 меча.

Во моментов има 34 поени.

Aко ги погледнеме минатите сезони би можело да се рече дека уште 9-10 бода и сигурно ќе обезбедат опстанок (y)
Иако и вака се на прав пат (y) (y) (y)
 
2-1 против претпоследните на табела

Бамбер има уште 12 меча до крај и една од трите екипи што имаат одиграно 30 меча до сега (има екипи што одигрлае 23 меча само :D )

Добро е, на прав пат до опстанок се, имаат одличен втор дел од сезоната

Fun fact: Бамбер е екипата со најмногу порази во лигата до сега :D
 
3-0 победа денеска против ФК Јунајтед (тимот на фановите на Јунајтед од пред неколку години ако ви текнува)

Јунајтед се бори за плејоф, така да стварно голема победа.

Добри се Бамбер дома, на гости се очај.

Речиси сигурно обезбедуваат опстанок.

Браво! (y) (y)
 
Ха, интересно еве сега гледам

ФК Јунајтед во последните 20 меча имаат два порази:

Еден во FA Trophy кај што претпоставувам дека излегле со младинци поради поразот од 7-0, и овој денеска од 3-0 против Бамбер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom