Мувла по внатрешни ѕидови

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.721
Поени од реакции
14.788
Имам едно банално прашање
Откако ги сменивме прозорците, од стари дрвени на PVC, ова е прво зимо и нон-стоп кондензираат внатре.
Исто во собата имам и термо-печка шо до сеа на неа си ја ставав крпата за туширање да се исуши или по некое делче од гардероба.
Но сега ми се појави и мувла на ѕидот во едното ќоше, на оној ѕид што е надворешен на зградата. Чак на пролет таму ќе мора да се стави надворешна изолација, но сакам да го средам ова со мувлата.

Фактички можни проблеми се
- новите прозорци кои дихтуваат добро со што не ја пропуштаат влагата надвор, па и кондензицијата што се ствара на нив
- сушење работи на термо-печката

Веќе нема да се суши ништо на термо-печката и треба да се луфтира почесто, но со мувлата што?

Сега читав дека треба со мешање на топла вода и варикина да се испрска, да се почека малце и да се пребрише со сува крпа.
Некој имаше и пишано за SAVO средство во Тинекс кое е баш за тоа, ќе го купам утре и ќе го средам ќошот од ѕидот.

Ваши искуства нешо имате?
 
Лани го имав истиот проблем ! На еден форум прочитав за доместос , средството за во вц , ги премачкав деловите со мувла и одтогаш немам проблеми ! Нормално ако не создаваш нови извори на кондензација !
 
Имам едно банално прашање
Откако ги сменивме прозорците, од стари дрвени на PVC, ова е прво зимо и нон-стоп кондензираат внатре.
Исто во собата имам и термо-печка шо до сеа на неа си ја ставав крпата за туширање да се исуши или по некое делче од гардероба.
Но сега ми се појави и мувла на ѕидот во едното ќоше, на оној ѕид што е надворешен на зградата. Чак на пролет таму ќе мора да се стави надворешна изолација, но сакам да го средам ова со мувлата.

Фактички можни проблеми се
- новите прозорци кои дихтуваат добро со што не ја пропуштаат влагата надвор, па и кондензицијата што се ствара на нив
- сушење работи на термо-печката

Веќе нема да се суши ништо на термо-печката и треба да се луфтира почесто, но со мувлата што?

Сега читав дека треба со мешање на топла вода и варикина да се испрска, да се почека малце и да се пребрише со сува крпа.
Некој имаше и пишано за SAVO средство во Тинекс кое е баш за тоа, ќе го купам утре и ќе го средам ќошот од ѕидот.

Ваши искуства нешо имате?
Господине паметен тоа ти е од кондензација,бидејќи со пластичните прозори си херметички затворен а топлиот воздух од дома и ладниот воздух од надвор ја прават мувлата.
Со средството ќе го решиш на тоа место проблемот ама ќе ти се појави на друго место.
Чарето не ти го кажувам.(y)
 
Некој имаше и пишано за SAVO средство во Тинекс кое е баш за тоа, ќе го купам утре и ќе го средам ќошот од ѕидот.
?

Од дихтаните прозори е и би требало ова спрејов да ти помогне, пробај обавезно.

А за трајно решавање бар во мојот случај мораше да се среди изолацијата на кровот од зградата. Пошто беше нова и сите станови имаа такви прозори и кај сите имаше проблем, пријавивме кај градежникот и среди, сеа нема.
 
Еве мој многу едноставен совет.
До кондензација доаѓа кога топлиот воздух од собата доаѓа до надворешниот студен ѕид
Она што ти го предвидуваш за следното лето, да поставиш изолација, е единствено исправно решение.
Но, како краткорочно решение, во моментов ти предлагам да ја пренесеш печката до надворешниот ѕид. На тој начин ѕидот ќе биде потопол и ќе нема кондензација
Ист ефект ќе постигнеш и ако ја зголемиш температурата на просторијата, односно термостатот на печката го поставиш на повисока температура
 
Ја нигде не реков дека не знам од што е... Али добро, уште еден од многуте непаметни постови, нема да ти замериме
Само нагаѓаш,решението е многу лесно и просто ама не ти го кажувам.
 


Прочитав доле дека го има во Македонија,го купил до сеа некој и да каже нешто околу тоа?
Иначе тоа што го видов изгледа супер,баш и ја имам проблем со ова :(
 
Само нагаѓаш,решението е многу лесно и просто ама не ти го кажувам.

типот нека остави малку прозорот подотворен или нека направи мали дупки во дограмата кои ќе имаат пластичи затворачи за кога нема да бидат потребни а ти отвори прозор и џитка низ него, ќе се излуфтираш малку.
 
Прозорците дихтуваат. Џабе и луфтирање и се, пак ќе ти се појавува мувла пошто претпоставувам ѕидовите ти се бетонски. Две битни работи - изолација и вентилација. Кога сме кај вентилација мора кај прозорите да се обезбеди природна вентилација и проток на воздух. А кај изолација ако живееш во зграда можеш само внатрешна изолација освен ако не ти дадат согласност сите станари или па не ја изолирате цела зграда од надвор. А за средство сите тие средства ти се уствари варакина за избелување алишта и постелнина.
 
Еве мој многу едноставен совет.
До кондензација доаѓа кога топлиот воздух од собата доаѓа до надворешниот студен ѕид
Она што ти го предвидуваш за следното лето, да поставиш изолација, е единствено исправно решение.


Мора така, иако сме на 4-ти спрат, а никој од подолните спратови не сакаат да постават изолација како што направија комшиите од другиот влез кои изолираа од приземје до краен спрат. Ќе мора сами да ставиме, како што всушност имаме ставено на другите 2 страни (едната странична и онаа спротивната од проблематичната). На тие 2 страни нема гајле.
Некаде околу 300-400 евра фаќа со поставување на скеле, работна рака, материјал...
 
типот нека остави малку прозорот подотворен или нека направи мали дупки во дограмата кои ќе имаат пластичи затворачи за кога нема да бидат потребни а ти отвори прозор и џитка низ него, ќе се излуфтираш малку.
Мислам дека ако има потреба членот е способен сам да реплицира.
 
Од дихтаните прозори е и би требало ова спрејов да ти помогне, пробај обавезно


За Саво мислиш? Ќе го купам утре и ќе го обработам проблематичното ќоше, па ќе видиме што-како...
Но сепак до крајно решавање на проблемот, ќе мора ова зимо да се луфтира многу почесто и да не сушат било какви алишта во собата.
--- надополнето: 7 декември 2013 во 03:35 ---
1441575_10202004324682218_502132104_n.jpg
 
За Саво мислиш? Ќе го купам утре и ќе го обработам проблематичното ќоше, па ќе видиме што-како...
Но сепак до крајно решавање на проблемот, ќе мора ова зимо да се луфтира многу почесто и да не сушат било какви алишта во собата.
--- надополнето: Dec 7, 2013 2:35 AM ---
Прегледај го приврзокот 78787


Кај тебе малце е друже кај мене е бербат..Да ти е**м и мувла и се!Да ти одмиле собата у пм..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom