Приватни автобуси ( Скопје ) - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Се прашувам: Дали ќе се намали гужвата во автобусите на ЈСП ако им дозволат на пензионерите да се возат секој ден ? Кој кога има потреба ќе се вози и нема да чека да дојде Вторник :).
Бидејќи нема што да прават по цел ден секој ден, гужва ќе има секој ден
 
Се прашувам: Дали ќе се намали гужвата во автобусите на ЈСП ако им дозволат на пензионерите да се возат секој ден ? Кој кога има потреба ќе се вози и нема да чека да дојде Вторник :).
НЕ, дефинитиваменте. :)
Тогаш секој ден ќе се возат, секој ден ќе одат на пазар, на лекар, кај внуците...
Таков народ сме ние, кога ќе ни дадат еден прст, ја земаме цела рака. Една споредба. Да имам дома 20 палачинки и да не ми се јаде. Јас ќе ги изедам. Зошто да не ги изедам, зошто да не ги искористам, кога ги имам? :pipi:

Доколку има некоја граница, на пример да одат од сабајле до 12 поручек, додека нема гужва. Или некако убаво да се распредели, временската граница тогаш би се сложила.
 
Доколку има некоја граница, на пример да одат од сабајле до 12 поручек, додека нема гужва. Или некако убаво да се распредели, временската граница тогаш би се сложила.
Со временска граница ќе биде уште полошо, ќе се бунат ќе викаат и слично. Најубаво е годишна карта 2000 денари и на кој навистина му треба ќе ја купи
 
Мислам дека треба да се проба секој ден да има слободен превоз за пензионерите. И така пробно 2 месеци. Ако не е подобро пак да се вратат Вторник, Петок и Сабота :facepalm:.
 
Овие ако се напунат тутма да е се бетер и од ЈСП. Позади нема задна врата и нема простор за стоење, а морат да стојат и таму луѓе, простор за стоење има само кај средна врата и таму е колабрија 30 души ќе се натумбат. Е сеа замислете некој од позади колку време ќе му треба да дојде до врата и да се симне. Истотака ептен ашлери се возачиве, еднаш пуштаат со слободна, еднаш не. Дури се има десено јас си влагам со слободна на една станица, а другар во истиот автобус со слободна не го пуштија на следната станица :tapp:
 
Почесто се возам со приватен, отколку со автобус на ЈСП. Обично чекам да помине државниот, а по него за неколку минути иде приватен кој е секогаш празен и не застанува на некои станици затоа што нема луѓе што чекаат (нема затоа што се качиле во државниот). Други две предности се што нема пензионери и има повеќе простор за стоење. Не знам за кои приватни автобуси зборува дечкото над мене, јас во сите што сум се возела има задна врата. Чак и има телевизор во една 22ка на кој иде новогодишна програма до 2003 која ја знам скоро напамет :D
 
Абе јас ти зборам дека нема 3 врати како на сликава, туку има 2, сега под ова задна врата незнам што ме разбра ти. И глеаш во оној делот позади ако е ептен гужва, а обично е гужва во правитниве петок, сабота навечер дека неможе ако е многу гужва лесно да се излезе ако сака некој да излезе од кај тие задните седишта. И нема теоретски шанси да има повеќе простор за стоење :)
Photo0618.jpg
 
23 ка од Дом на печат до рекорд мислиш му треба цел саат додека стигне, абе ти иде да се симнеш од автобусот и да почнеш да го буткаш ама затоа па после кога нагло ќе убрза немаш време ни за шипка да се фатиш одма леташ наназад и кога ќе закочи наеднаш пред автобуска или ако фати црвено на семафор завршуваш кај шоферот.
Памтам една случка од пред 4-5 години кога една бабичка така при нагло кочење заврши не баш кај шоферот ама кај тие позади него и тоа седеше, ај да стои па да изгуби контрола ама од столче да летне :pos: едвај се воздржив да не и се изнасмеам. :)
 
Гледам се прават нови постојки. Незнам дали од страните е стакло или некој барем малку поиздржлив материјал. Се плашам дека нема да помине долго време пред да ги искршат и да ги покријат со графити (најчесто глупави графити).
 
Конкретно, кај постојката кај Никола Карев, неколку пати имаше нацртано графити на стаклото, ама сега ги нема. И тоа што е мапата, постојано ја горат со запалка или ја шараат и постојано ја менуваат. До душа им треба повеќе време дур да сменат, ама сепак...
Е сега и зависи во која населба се наоѓа. На пример во Топанско, едвај ја ставија, а камо ли да ги тргнат графитите или пак да стават секаде постојки.
 
тоа е затоа што сме стока-народ(oпшто балканците), бараме нешто ново, убаво, нешто корисно, и од кога ќе се постави за два дена (максимум) се уништува.
 
Тоа е флексиглас,доста издржливо ... супер уредено,клупа,пострешница ... Идиоти има меѓу нас, кои ни солат памет,кршат и после кукаме дека нема ништо за жал ... дали и ќе издржат,овој период додека се избори,зошто најнормалните се појавуваат и лепат лепенки,плакати,графити,семки,пикавци,дури и најгрозното шо сум го видел,на клупата шо седиш,навечер да ја измочаат,буквално :)
 
За жал ќе помине уште многу време пред да ни стане јасно дека тоа што се прави е од парите на нашите родители (или од нас ако работиме). И секој пат кога нешто кршиме тоа е исто како да гориме пари. Сметам дека основна причина за некултурата е домашното НЕвоспитување.
 
Ги проверив постојките. Заштитени се со стакло. Немам коментар.... лесно се крши, некој пијан ќе се исече....
 
Имаат ли овие приватњациве интернет страна или возен ред ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom