Колекционери на стари Кафе мелници

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Конечно еве и тема за ова Хоби, со соодветен наслов. Ајде јаве те се.
-„И на мене 100 со 50“- ова е најчесто кажуваната реченица во 1/2 на 20 век,
кај КАФЕ-бутките,мислејќи на 100 гр.кафе и 50 гр. наут,а некои додаваа и рж.
Picture 1066.jpg овој модел беше најчесто присутен во нашите куќи,
Се мелеше кафето најчесто во малите дворови,или на клупа пред порта.
И тоа веднаш пред да се приготви,а секако и кога ќе дојдат гости - тазе.
Понекогаш и јас сум мелел со оваа наша мелница,некогаш завиткана в крпа.
Picture 1067.jpg.еден модел на кафе мелница со полуксузен облик,
со метална кутија и фиока, а од страните е изгравирано глава на лав.
Но тоа беа времиња кога некои и често и дома-рачно си мелеа сами кафе.
Picture 1069.jpg стаклена кафе мелница,еден поредок модел од колекција.
,интересно да се гледа се визуелно,дури и количината на сомеленото кафе.
Picture 401.jpg еве модел на дрвена кафе мелница од „поскапите“......
од овој модел и имам најповеќе во мојата колекција (за жал сокриени во некој
стар кофер во подрум)Сум ги купувал каде ќе стигнам многу одамна - секаде
и сега прв пат (по ваша иницијатива) го гледаат денот,поточно вие ги гледате.
Picture 402.jpg ова мелница е моја рачна изработка од нешто друго.
Во тоа време кафето беше скапо,па се одеше и се набавуваше во Грчка,
така немелено во зрна, а овде се уште по гранапите се продаваше„Дивка“
нешто што би се рекло ем ефтино ем слично на кафе со остатоци од слама.
Picture 406.jpg еден убав модел за око,но и секогаш спремен за кафе.
Доста беше како за почеток сега да ги видиме вашите стари мелници за кафе.
Прашајте ги дедовците (како мене) за ова, и качете се на таван побарајте и ако
најдете нешто повикајте да се напиеме едно тазе комшинско кафе пред порти.
 
качете се на таван побарајте и ако
најдете нешто повикајте да се напиеме едно тазе комшинско кафе пред порти.
јас аnco немам кафе-мелници но голем љубител сум на разно разни зачини и ги купувам не мелени туку во оние стаклени мелници :icon_lol:
kotanyi_mlynki.jpg
 
Ba[ sakam da go probam vkusot na taze someleno kafe ...a temava e za vo bodi bilding :D raka ima da ti ispadne dodeka somelese 100grama
 
Голема благодарност до модераторот на оваа тема што ја среди брзо
„од натрапниците“ - кој пробаа и оваа тема соодветна на право место да ја расипат.
Требаше тоа да го направат и онаму во други „озбилни“ теми каде дечиштава одма се нафрлуваат,а тие се најчесто со слика на аватар од некој тркач од некој фан клуб.
И не требаше да се дозволи да си поиграваат бар со сликата на Чеде Филиповски -Даме,, а и од кај знаат кој е тој и што тој направил за нив,за нив е важно Меси или Руни со која цура спиел синоќа и слично и кој ги дента заебал за едно на ливчето.
----------------------
Имаш право „АКТИОН“- додека сомелеш не 100 грама туку најчесто за две кафиња има мака да видиш, толку се зажежува тоа мелницата што и спомнав не се држи па сме ја виткале во крпа,а обично ние сме ја ставале и помеѓу колена бидеиќи сме немале толку голема сила и издржливост во рацете. А исто така и постарите лица.
 
Јас имам како првото бакарно и ми седи во регал во моето етно-катче.
 
Тазе мелено кафе порано понекогаш купував од Тинекс, поубаво мешто нема......... а сега исклучително на готово купечко се држам :)
 
Исто такво како на првата слика, може малку помало имам. Ене ден денес стои во фиока и не се употребува а не е ни расипано да речеш , туку на бабата и било драго па него не го испративме во канта како целата негова генерација изуми за домаќинство :)
 
go prodavam 50 EUR. Ako saka nekoj da go kupi da mi javuva.

Секако не си озбилен. Добро е што понудуваш и можеби е реална цената кога тоа би било уникат од 17-18 век и можеби некои ќе се јави,па форумов го отвара цел свет.
Инаку како тоа на првата слика е максимална-реална цена еве 5 евра.
 
za 5 eur ke si ja cuvam vo vitrina. Mi dade jaka ideja ne si svesen. Fala mnogu.
 
Голем љубител сум на кафето па навистина сакам да си имам една мелница. Не сум видел да се продаваат нови, па дали некој знае некаде да се продаваат нови и кои се цените? Би купил и на старо ама да е функционална оти не ми треба за украс туку навистина сакам да ја имам за понекогаш да си сомелам кафе онака за ќеиф.
 
Јас имам една дома
стара е околу 50 години ама не го меле добро кафето и многу е гласна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom