Повреда на работно место

  • Креатор на темата Креатор на темата Magica
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 декември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво!

Да не должам ќе бидам директна. Потребен ми е совет во врска со повреда на работно место. Се здобив со повреда на раката за време на работа, повредата ја пријавив кај работодавачот но не веднаш, помина некое време бев на боледување поради повредата, бев и на комисија, од кај работодавачот ми дадоа повредни листи но додека да им ги вратам во мегу време ме одјавија бидејки бев пријавена на определено време - ми заврши договорот. Сега не знам што да правам...сакам да ги поднесам документите во ФЗО за да добијам некаков надомест (кој не знам колкав би бил) но ми бараат некој записник од Трудова инспекција, знам дека бидејки не беше некоја повреда голема не искочи инспектор на лице место односно не пријавија за да дојде и сега не знам дали од ФЗО без тој документ ќе ми одобрат надомест. Инаку додека бев на боледување од кај работодавачот ми исплатија се што ми следуваше за тој период, а во осигурителна компанија не сум осигурана за ваков случај при повреда. Се надевам ќе може да ме советувате како би добила некаква помош. Благодарам однапред!
 
Не знам баш дали од ФЗО се добиваше тоа, или од фирмата во која колективно сте сите осигурани.
 
треба да се распрашаш во која компанија ве осигурала фирмата и ке си пој деш кај нив најубаво ке ти објаснат и носи си ги сите документи од доктор специјалиста или кај и да си била.... не све се признава за повреда на работно место - за жал.
 


Мафијашка творевина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom