Поништување на договор за дар

  • Креатор на темата Креатор на темата acicancer
  • Време на започнување Време на започнување
Како па да не.
Кој те научи дека дека по смрта на едниот сопружник останатиот го наследува целокупниот имот.
Имотот стекнат пред брак се дели меѓу браќа и сестри а во случај да нема затоа се прави тестамент па со имотот ДАДЕН НА ДАР И СТЕКНАТ ПРЕД БРАК,МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА.

Па во мојата архива има податоци за се и сешто дури и документи за тоа колку зема плата и колку троши.
Дај не ги лажи луѓето со празни муабети.
Тука ја прекинувам конверзацијата со тебе, пред да се спуштиш на најниско ниво и да почнеш со поголеми навреди пошто гледам дека воопшто не го познаваш правото, а имаш и попаметна работа - да ја водиш својата архива против твојата сопруга.
 
не сум правник, но мислам дека многу одамна беше тоа кога брачниот другар немаше право на имотот од сопругот/та кој е стекнат пред овој брак ; а точно е дека ова што е сега на сила не е добро, особено кога се работи за втор брачен другар кој зема 50% + ја дели и другата половина со децата од првиот брак ??
Веројатно поради тоа се склучуваат предбрачни договори (мислам дека кај нас не се застапени а ги има на запад) или се склопуваат даровни договори со децата од првиот брак. Но и тука може да има ујдурми меѓу самите деца...
 
Значи во право сум бил, само што наместо за оставина сум зборел за развод. Сепак, кога веќе кај развод имотот се дели секому своето, плус пола од заедничкото (тргај на страна муабети јас повеќе, таа помалку)...зошто не би било исто при оставина, со тоа што само децата би имале право на посебниот имот...не само во мојот случај, туку и во други имам приметено дека едниот од родителите што е жив не зема ништо од имотот на починатиот, без разлика дали е посебен или заеднички имот. Обично децата го земаат, или... родителот го презема цел, па по неговата смрт се дели на сите. Со договор нормално
 
Целиот имот се дели во зависнист од тоа колку членови има.
Ако се четири члено семејство целиот имот се дели на секого по 1/4.По смртта на едниот брачен другар четвртината законски ја наследува вториот брачен другар кој пак неговата половина може на кого сака и колку сака да остави и никој нема право да ја оспорува оставината.
 
Па напиши нешто паметно.

Де де, не ми се прави многу паметен! Тебе попаметно би ти било и понатаму да си делиш совети во форумот за Автомобилизам и мотоциклизам и да продолжиш да си водиш белешки за трошењето на твојата сопруга (тешко нејзе!), отколку да тропаш ГЛУПОСТИ во овој форум! Тоа што ти досега го напиша во врска со наследувањето го нема во ниту еден закон, ниту во правната теорија!
 
Не ми ги извитоперувај речениците
 
Поголеми глупости од овие, во врска со делбиве, немав никаде прочитано.
 
dali ima nekoj pravnik - clen vo forumov, koj moze da pomogne na ovaa tema???
 
Целиот имот се дели во зависнист од тоа колку членови има.
Ако се четири члено семејство целиот имот се дели на секого по 1/4.По смртта на едниот брачен другар четвртината законски ја наследува вториот брачен другар кој пак неговата половина може на кого сака и колку сака да остави и никој нема право да ја оспорува оставината.
Ќе цитирам мој колега кој кажа за наша колешка „правничка“
„Таа да почне приватно да работи адвокатура нема ни за куртони да извади“
 
@Fringe, по пишувањата ми стоиш како да си некој општински надриписар :icon_lol:
 
Доколку станот му го подарам на своето дете, а тоа го продаде и купи нов стан, дали јас имам право во определени околности да го поништам или раскинам договорот ?
 
Доколку станот му го подарам на своето дете, а тоа го продаде и купи нов стан, дали јас имам право во определени околности да го поништам или раскинам договорот ?
Ти веќе си му го подарил станот, негов е. Што сака ќе прави со него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom