Колку Македонци станале Бугари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто да ме тужат повеќе не се осеќам Бугарин, неможи бугарите да ме присилат мене да се осеќам бугарин.

Глупава е целата теорија и измислениот закон. Еднаш се обидвав мислам да ти објаснам ама џабе е .
 
Имам едно прашање до бугарите.

Ако земам бугарско државјанство/пасош само затоа што ми треба бесплатно за да се школувам во ЕУ (на пример) и завршам со школување и си се вратам Македонија и јавно излезам и речам: Само ги искористив бугарите да учам бесплатно во ЕУ, а не зедов пасош дека се осеќам како бугарин.

Што тогаш? Пу-пу не важи дека сум бугар?

До толку очајно ли ќе тврдите уште дека сум бугарин затоа што само сум потпишал некаков документ пред нотар? :icon_lol:
 
Последно уредено од модератор:
Бугарија да, и тоа како ќе ја искористи твојата изјава на нотар дека не постојот Македонци, дека тие се сите всушност Бугари, а доброволно потпишаните изјави на нотар само го потврдуваат нивниот став дека голем дел Македонци национално „се освестиле“ и се вратиле кон матичниот народ и држава-Бугарија.

Тоа што сметаш дека си ги искористил, да, во право си, ама не си сеуште свесен колку Бугарија ќе те искористи тебе, проста трговија, тој ти нуди пасош и државјанство да заработиш пари, а за возврат му ги продаваш својот идентитет, нација и држава...Види сега кој има поголем ќар од оваква зделка.

Набрзо ќе има легитмно право секаде во ЕУ,па и во Македонија да тврди со цврсти докази дека има стотици илјади Бугари во Македонија , затоа што ако не се лажам (корегирај ме ако грешам), во нотарски заверена изјава потврдувш дека си Бугарин, дека твоите предци се Бугари и дека твојата фамилија се Бугари (произход), а ти со што ќе докажеш дека не така? Со пу-пу не важи?

Кога Бугарија ќе го докаже тоа, а ќе ги искористи овие изјави, биди сигурен, тогаш ќе ја добие битката во тврдењето дека Македонците се измислена творба, а со тоа и дека јазикот и писмото се бугарски. После можеш слободно да се чукаш во гради и да пееш -Едно име имаме, во душата го носиме. Оти уште таму ќе ти остане.

Звучи грозно, ама за жал е така...
 
Последно уредено:
Извади друга изјава на нотар дека си бил приморан да земеш бугарско државјанство заради перфидната расистичка политика на Грција, Бугарија и на Европската Унија во негирање на Македонскито народ, ограничување на слободата на движење и можноста за наоѓање работа и за твој физички опстанок.

Во изјавата кажи дека си Македонец по националност, исто како и твоите предци (мајка, татко, баби и дедовци - наведи по име), и дека со овој чин ги поништуваш и анулираш било какви поранешни изјави кои ја доводуваат под знак прашање твојата етничка и национална пприпадност, која што е само и само македонска, а не е бугарска, грчка, српска или албанска.

Потоа запали го бугарскиот пасош на плоштад и сними го чинот на неговото уништување.

Истава изјава дади ја во службен весник и во барем еден дневен весник.

Испрати изјава до бугарската влада дека се откажуваш од нивното државјанство, кое си го земал под присила.
 
Последно уредено:
Испрати изјава до бугарската влада дека се откажуваш од нивното државјанство, кое си го земал под присила.
Сигурно ќе пишеш дека една вечер Бугарските окупатори ти влегле дома, те однеле во участокот, те мачеле крвнички со денови, и со пиштол на тилот те терале да потпишеш изјава дека си Бугарин...
Патување во времето - 1941 година, некаде на Балканот...
Како и да е, не е паметно да се прават вакви „екскурзии“, да не испадне обратно, да тврдат дека власта дома те присилува да се откажеш од твојата вистинска припадност.
Како и да е, после ваква гимнастика, можеш слободно да докажуваш секаде дека си или ова или она, секако според потребата...
 
Како да не, многу ни е гајле што ќе тврдела Бугарија. Нека се откаже дечково од нивното државјанство, па Бугарите нека јадат трици колку што сакаат.

А државјанство можеш да откажеш од било која земја кога сакаш и заради било која причина, дури и без причина. Битно е од македонското да не се откажал!

И ниеден правен акт не е валиден ако е донесен под присила. Дечково нека тврди дека било под присила, они што сакаат нека тврдат, не е више нивни државјанин.

Тој само го коригира регистерот за тоа кој е и што е, никде другде не докажува ништо ниту пак мора.

Нека се појават вакви случаи па да видиш дали ќе смеат да се глупираат за наводно бугарско малцинство.
 
Не си свесен со правото . Ако толку многу знаеш можеш да пробаш сам наместо да даваш такт на другите и да ги врзано на тој начин да вршат злосторства.

Чл . 313 . од бугарскиот кривичен законик
Кој потврди невистина или демнат вистина во писмена изјава или порака испратена по електронски пат , кои по сила на закон , декрет или одлука на Министерскиот совет се даваат пред орган на власта за проверка вистинитоста на некои околности , се казнува со затвор до три години или со парична казна од сто до триста лева.

На кривично гонење од б'лгарсите судски власти подлежат сите граѓани , независно дали имаат бугарско или друго државјанство . Секако треба да има доволно образложение дека лицето сторило кривично дело според бугарското законодавство.
Дечко , ќе биде осуден за поднесување на декларација со невистинити содржини по чл.313 . Ако не се појави во судскиот процес за да се заштити ќе биде осуден најлесно и ќе има можно најстрогата казна. Ако лицето не се јави да истрпи казната ќе биде издадена меѓународна потерница за потрагата по него , ќе биде уапсено каде и да се наоѓа во светот , ќе биде екстрадиран до Бугарија и ќе истрпи Казни си . Македонија, исто така не може да биде засолниште на криминалец баран од Интерпол . Покрај тоа кон лицето ќе бидат упатени и имуштественни побарувања ако како резултат на злосторството се фаворизира . Ако учел бесплатно - ќе плати студии заедно со камата. Ако лицето добило здравствени услуги и лекување - ќе биде осудено да го плати со камата.
Ајде да се потсетиме строфа од великитја Вапцаров : " ... во затвор наишол на луѓе и стана човек ... " т.е. повеќето поважно последица - кога дечко излезе од затвор ќе биде чист бугарин ... ;) ) ) )
 
Како интерпол ќе екстрадира лице во Бугарија со несоодветни податоци? Бугарија ќе го бара лицето Н.Н. , бугарски државјанин, со број на бугарски пасош број ХХ, а интерпол ќе го идентификува НН како , во случајот, македонски државјанин со македонски пасош број YY. Да не ДНК анализа ќе му врши?:icon_lol::icon_lol:
 
хахахааа многу знаеш :) Ако е така сите мафијаши ќе извадат по 2-3 државјанства и Интерпол нема да може да ги најде ... ;)
Интрепол се меѓународната полициска организација но тоа не значи дека специјални полицајци со униформи на Интерпол ќе одат да гонат Македонецот НН . Македонија е должна да соработува со Интерпол и македонската полиција е должна да бара , да најде , да го уапси да екстрадира секој за кого има издадена меѓународна потерница .
И да дополнам криминалецот ќе биде обврзан да исплати сите трошоци на водење на судскиот процес , потрагата и екстрадрането ... освен тоа не се знае каков ќе биде не само националноста но и пола му по издржувањето на казната ...... т.е. може да биде бугарин но може и бугарка да излезе ... ;) ) ) Па ако е голем патриот може и убава Македонка да остане ;)
 
Последно уредено:
Македонија е должна да соработува со Интерпол и македонската полиција е должна да бара , да најде , да го уапси да екстрадира секој за кого има издадена меѓународна потерница .
Само, кога соодветно е идентификувано лицето. Под услов да има договор за екстрадиција. А нема. :icon_lol:
 
Извади друга изјава на нотар дека си бил приморан да земеш бугарско државјанство заради перфидната расистичка политика на Грција, Бугарија и на Европската Унија во негирање на Македонскито народ, ограничување на слободата на движење и можноста за наоѓање работа и за твој физички опстанок.
Во изјавата кажи дека си Македонец по националност, исто како и твоите предци (мајка, татко, баби и дедовци - наведи по име), и дека со овој чин ги поништуваш и анулираш било какви поранешни изјави кои ја доводуваат под знак прашање твојата етничка и национална пприпадност, која што е само и само македонска, а не е бугарска, грчка, српска или албанска.
Потоа запали го бугарскиот пасош на плоштад и сними го чинот на неговото уништување.

Истава изјава дади ја во службен весник и во барем еден дневен весник.

Испрати изјава до бугарската влада дека се откажуваш од нивното државјанство, кое си го земал под присила.
за губење на бугарски документи за идентификација има казна
ако намерно уништиш таква и афишираш со тоа ти гарантирам дека сè што може да го добиеш како казна ќе го добиеш и македонија ќе помогне на бугарија затоа!
 
Само, кога соодветно е идентификувано лицето. Под услов да има договор за екстрадиција. А нема. :icon_lol:
Идентификација не е проблем ... Македонецот УУ е дал доволно информации - од каде е, кога е роден, каде, каде му е адресата во Македонија, кои се татко му и мајка му .... Договор за екстрадиција е потребен само ако се регулираат односите на билатерално ниво ...
 
Aj prasanja:
1. So zemanje na Bugarski Pasos vie se deklarirate kako Bugari ne?
2. So vleguvanje na teritorija na Evropska Unija pokazuvajki go Bugarskiot Pasos imate status kako Bugarski graganin. Vaseto deklariranje kako Makedonec e Nebitno taka?
3. Bugarija ima zakonsko pravo nad tebe vo slucaj da prekrsis zakon. Sekakvi ekstradicii i krivicni posledici prema tebe podlezat pod nivna ingerencija?
 
Идентификација не е проблем ... Македонецот УУ е дал доволно информации - од каде е, кога е роден, каде, каде му е адресата во Македонија, кои се татко му и мајка му .... Договор за екстрадиција е потребен само ако се регулираат односите на билатерално ниво ...
Проблем се информациите, како не се. Во македонската исправа ќе му стои македонска адреса, во бугарската исправа, бугарска. Терај од овде слободно како ти чини. И без договор за екстрадиција, државјанин на Р.М. не може да се екстрадира во друга земја. Уште помалку овде може да му се суди за нешто што направил во Бугарија. Немаат македонските судови јурисдикција.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom