Bratot
Стоик и Машкртник!
Бугарите велат 150 илјади Македонци во последниве неколку години добиле бугарски пасош и со тоа оставиле потпишан документ дека имаат бугарски корени. Така велат во Бугарија. Но, официјалната статистика на ЕУ вели нешто сосема друго.
Според податоците на официјалната статистичка институција на ЕУ, Еуростат, од 2002 до 2011 година Бугарија издала бугарски пасоши на 18.805 македонски државјани. По години тоа одело вака:
2002 – 1.369 пасоши; 2003 – 1.735; 2004 – 2.302; 2005 – 2.444; 2006 – 2.933; 2007 – 3.247; 2008 – 3.637; 2009 – 427; 2010 – 439; 2011 – 272.
Сигурно не е случајно тоа што временски, падот на издадени бугарски пасоши на македонски државјани се поклопува со визната либерализација за влез во земјите на ЕУ за македонските граѓани (19 декември 2009 година) и дозволата за увоз на стари автомобили (февруари 2010 година). Ова е само една мала илустрација за економските мотиви на невообичаено зголемениот интерес на Македонците за бугарски пасоши во последниов период.
Значи, според Еуростат зборуваме за 18.805 македонски државјани кои извадиле бугарски пасоши од 2002 до 2011 година или 0,91 отсто од македонските државјани.
Во Бугарија во 2010 година 900 личности добиле бугарско државјанство, а во 2011 година 600. Статистиката покажува дека најголем интерес за бугарски пасоши има во Македонија (44,4 отсто). Или ако пресметате, од издадените 600 нови бугарски пасоши, 264 Македонци во 2011 година добиле бугарски пасош, покажуваат податоците на Еуростат.
Освен Бугарија, за македонските граѓани атрактивни се и словенските и кипарските државјанства - 13,8 проценти од вкупниот број државјанства во Кипар и 9,3 во Словенија.
А.Д.
Извор: http://www.mkd.mk/makedonija/politika/kolku-makedonci-stanale-bugari
http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_PUBLIC/3-27112013-AP/EN/3-27112013-AP-EN.PDF