Еве за сите задолжително да го изгледате клипов од прва до последна минута....бидејќи ќе ја откриете вистината на крајот,и ќе останете подзинати.(е сеа знам дека ви е тешко вам што сте дипломирани историчари од книги со словените од Дунав од VII век

)
Ти самиот не се разбираш...или се правиш луд....еве пак ќе ти оставам простор да се обидеш.
Тие поглавја што си ми ги навел никаде не говорат за јазикот на Александар....дали знаел, говорел...и пред кого каков јазик користел.

Го имам гледано документарецот и речиси целиот се заснова на недокажани „факти“. Генадиј Станиславоич Грињевич, дипломиран
ГЕОЛОГ, прави документарец за Словените

Него му се надоврзува уште една „историчарка“ со незасновани теории. Е тие двајца пробуваат да докажат како Дискот од Фаистос (Крит) е всушност Словенски и дека најстарото балканско население е словенско.
Е сега, ако толку му веруваш на „документарецот“ и ако веруваш дека сме директни потомци на античките Македонци (кои биле сродни со античките словени од Крит), еве ти пробај да прочиташ, што пишува и преведи ми мене кој сум измешан со еден куп народи кои поминале на Балканот, но сепак историскиот код и идентитет ми е Македонски (не античко, не средновен, туку модерен). Ти како директен потомок на Словените не би требало да имаш проблем да го прочиташ ова, а можи помош да побараш и од научниците од документарецот, така ќе ја решите големата светска мистерија на критското-хиеороглифско писмо и ќе добиете нобелова награда. Повели...
Кога веќе запна за јазикот, тогаш ќе ти посочам дека мал број зачувани дела на антички Македонски автори се напишани јонско-атички дијалект. Ова некои Грци го користат како аргумент да докажат дека Македонците биле Грци, но со тоа сами си ја побиваат теоријата за дорското потекло на античките Македонци, а повеќе од јасно е дека нивните дела биле насочени кон целото писмено население на балканот и образовано кое го знаело хеленскиот јазик! Познато и нема потреба од докажувања дека хеленскиот јазик во тоа време бил јазик на дипломатијата и трговијата, кој го разбирале сите образовани луѓе не само на Балканот, туку и во Мала Азија, Феникија, Египет, Либија и тн.
Ако сакаш извор ќе ти го посочам Квинт Курциј Руф VI, 10, 23., каде што за време на судскиот процес на Филота, тој рекол дека уште пред нивното време „татковскиот“ (т.е. македонскиот) јазик не се користел во државните работи. Тоа го рекол откако од него било побарано да се брани на хеленски јазик за да го разберат и они кои не се Македонци!
Еве ти го и цитатот кој толку многу го бараше и не ти треба директен потомок на Римјаните за да се потрудиш и да го преведиш
Јас и ти како денешни Македонци сме директни потомци на нашите родители, а директен потомок на Александар Македонски бил Александар IV. А ова со иГенеа иако е доста спорно, ја потврдува мојата теза. Па сега прашај ги нив, како успеале 20% Тевтонци (иако е малце претерано и нема историска поткрепа), 15% Словени и 5% Хуни да го поминат Дунав!