Поврзаноста на Александар III Македонски со Словените (na rubu znanosti HRT 3)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Не го кажувајте ова гласно, ќе паднат одредени луѓе во депресија, а и некои проекти ќе пропаднат...
 
За тие што немаат појма за емисијата, а сакаат да изглумат лудило на интелектуална основа поради темава,тогаш автоматски си прават харакири....јака им душа.

Оваа емисија располага со огромен буџет...имаат гости од цел свет...какви се не научници,филозофи и итн, не поминале низ емисијава.

Луѓето направиле емисија без предрасуди,каде што потенцираат дека Александар е Македонец....зар и ова ќе го изгнасите со вашите хипстерски фори.

И ќе ве замолам ако со нешто од наведеното во разговорот не се согласувате, тогаш како и секој нормален и разумен човек треба да приложите докази кои го тврдат спротивното.
 
Абе убаво тоа, али пред било што да се каже мене ме интересира кој е типот што ги дал изјавите. Прогуглав и ништо не можам да најдам за него. Ти знаеш кој е?
 
До кога бе? До кога ќе се замарате? До кога?
 
И ќе ве замолам ако со нешто од наведеното во разговорот не се согласувате, тогаш како и секој нормален и разумен човек треба да приложите докази кои го тврдат спротивното.

Со докази на оваа тематика е многу лесно и во исто време тешко да се дискутира, поради големиот број на „докази“ кои ги има. Ние имаме докази дека е Македонец, грците имаат некакви докази дека е Грк, Албанциве сеа од некаде лесно може да вадат докази дека е од Илирите, Западните земји имаат сосема други докази и.т.н. Така да, разумен и нормален човек не може да се дефинира со тоа дека поседува некакви историски докази и факти за потеклото и историјата на Александар, а и да беше толку лесно да се утврди кои се точни докази (ако постојат силни и непобедливи историски докази и факти, ни политиката нема да може да го побие тоа), немаше ни да постои проблем каков што постои денес.

Затоа најбоље да не се замараме на оваа тематика, зашто многу лесно може да се извади „доказ“ дека не сме нормални, заедно сите на Балканов, со што се замараме...
 
а ти веруваш дека Словените направија инвазија преку Дунав,успешно се искрцаја и го запоседнаа Балканскиот полуостров и како да населија пусто острово......лично јас не верувам дека племиња во толкав огромен број успешно ќе го премостат Дунав така лесно и успешно ќе се вгнездат

Имаш ли воопшто поима колкав пат поминале Вандалите? од Источна Европа преку Германија,Италија,Франција,Шпанија,Мароко,Алжир ја заземале Картагина и воспоставиле кралство таму.

А најсрамотното нешто е целото палење на античките навјеќе на сметка на словенската историја и култура.Значи на наше тло ги имаме луѓето кои ја имаат напишано азбуката која ја користат околу 200 милиони луѓе и тоа секако е неважна работа.Александар човекот кој заради своето его си ја има уништено својата држава е народен херој.Но кога ќе ја видиш и сегашнава држава и нејзините водачи станува се јасно.

Бугариве стануваат во право, ние не стануваме ние сме народ со испран мозок.Македонија земјата на чудата во која Тито и комунизмот се славени а народот мисли дека се директни потомци на антички народ.
 
Ауч. Немам некои симпатии према Античка Македонија пошто не сум презаинтересиран за истата, али ова ми даде critical damage. "Егото" на Александар е еднакво на егото на секој друг освојувач. Од сите извори за него, повеќето се напишани од страна на луѓе кои не се разбирале во државните работи и начинот на живот на високата класа. Некои одлуки на Александар се опишани како фатални, нефер спрема Македонците, расипан, пијаница и тн. Али од друга страна се наоѓаат некои мали извори од страна на подобри познавачи на високата класа и начинот на живеење кои воопшто не ги истакнуваат неговите маани. Напротив, го опишуваат како најобичен млад човек кој обожавал да пие и да се смее. Останатите извори кои го расипуваат преовладуваат само затоа што се побројни, не затоа што се поверодостојни.

Александар бил генерал и предводник како и секој друг пред и после него. Само што бил подобар тактичар, а малку полош администратор. Ова што го пиша воопшто не е на место туку е обичен вид на "жолта штампа" за познати личности кои колку се пославни, за нив толку повеќе се пишува и толку повеќе се даваат контроверзни изјави. Е сега пошто е антика и ретки се сочнуваните документи, затоа и преовладува таквото мислење.

П.с: За добар процент од останатиот дел се слагам со тебе :)
 
Со докази на оваа тематика е многу лесно и во исто време тешко да се дискутира, поради големиот број на „докази“ кои ги има. Ние имаме докази дека е Македонец, грците имаат некакви докази дека е Грк, Албанциве сеа од некаде лесно може да вадат докази дека е од Илирите, Западните земји имаат сосема други докази и.т.н. Така да, разумен и нормален човек не може да се дефинира со тоа дека поседува некакви историски докази и факти за потеклото и историјата на Александар, а и да беше толку лесно да се утврди кои се точни докази (ако постојат силни и непобедливи историски докази и факти, ни политиката нема да може да го побие тоа), немаше ни да постои проблем каков што постои денес.

Затоа најбоље да не се замараме на оваа тематика, зашто многу лесно може да се извади „доказ“ дека не сме нормални, заедно сите на Балканов, со што се замараме...

Не зезај....знаеш и сам поради кој и зошто е искривена цела историја.

Тоа е исто ко тебе да те посвојат...и никогаш да не дознаеш кој ти се биолошките родители....пошто нели џабе ли те ранеле тие што те чувале....и џабе ли на сите им викале "наше си е".

Значи вистината е една....а тоа што некој немал своја историја па морал да влијае врз големи историчари да пишуват и да воведуваат нови поими како "хеленизам" кој настанал во 1800-та од Johann Gustav Droysen.
 
Во тој случај... вистинските родители се оние кои што ме посвоиле. Затоа што биолошките под разни околности (оправдани и неоправдани) ме отфрлиле.
 
Миграцијата не е така лесно да се замисли. Не е на купче се собрале 10.000 фамилии и терале преку Дунав. Тоа е процес кој тече многу бавно, многу години. Населението се населува на еден дел и останува таму, друг продолжува понатаму. Еден дел од тој дел наоѓа друго место и останува, друг продолжува. Постојат и ситуации каде тие ќе одлучат дека треба да се вратат и повторно се враќаат од каде што дошле. Поделување на повеќе групи на кои никој не може да им го најде крајот. Сепак јасно е дека голем број на Словени евентуално и постепено успеале да се населат на нашиве простори.
Исто како со западна Македонија.
 
Уште кога прочитав дека Александар му се обраќал на Хелените во неговата армија со преведувач видов колку е часот со овој „квази-историчар“!

Што му е целта на „експертов“ со ова? Сака да докажи дека Александар бил Македонец бидејќи не разбирал хеленски?! Како извор за ваквата глупост го зел Мауро Орбини од 17 век н.е., а ги занемарил еден куп антички историографи кои потврдуваат дека цела македонска (па и илирска и тракиска) аристократија уште од најмала возраст го учела хеленскиот јазик. Да не зборуваме за Македонското кралско семејство, чиј официјален јазик бил хеленскиот и го користеле во сите преписки и повелби. Грчкиот јазик бил lingua-franca и го владеел целото образовано население, не само на Балканот туку и пошироко.

Александар пред војската обично се обраќал на хеленски, бидејќи неговата армија била од мешан етнички состав, но кога се обраќал само кон Македонците тој го користел неговиот мајчин македонски јазик, кој хелените го сметале за барбарски. За ова сведочи и Квинт Куртиј Руф!

а ти веруваш дека Словените направија инвазија преку Дунав,успешно се искрцаја и го запоседнаа Балканскиот полуостров и како да населија пусто острово......лично јас не верувам дека племиња во толкав огромен број успешно ќе го премостат Дунав така лесно и успешно ќе се вгнездат

Ако ти набројам колку племиња пред и после Словените го преминале Дунав, може од утре ќе почнеш да веруваш во чуда?
 
Во тој случај... вистинските родители се оние кои што ме посвоиле. Затоа што биолошките под разни околности (оправдани и неоправдани) ме отфрлиле.

Не, ако од твоите биолошки сиромашни и беспомошни родители те одземат т.е "посвојат" на сила некоја моќна фамилија.....не верувам дека ќе имаш прилика да слушнеш некогаш за твоите биолошки родители....новите моќни родители ќе направат се за да го избришат трагот.

Уште кога прочитав дека Александар му се обраќал на Хелените во неговата армија со преведувач видов колку е часот со овој „квази-историчар“!

Што му е целта на „експертов“ со ова? Сака да докажи дека Александар бил Македонец бидејќи не разбирал хеленски?! Како извор за ваквата глупост го зел Мауро Орбини од 17 век н.е., а ги занемарил еден куп антички историографи кои потврдуваат дека цела македонска (па и илирска и тракиска) аристократија уште од најмала возраст го учела хеленскиот јазик. Да не зборуваме за Македонското кралско семејство, чиј официјален јазик бил хеленскиот и го користеле во сите преписки и повелби. Грчкиот јазик бил lingua-franca и го владеел целото образовано население, не само на Балканот туку и пошироко.

Александар пред војската обично се обраќал на хеленски, бидејќи неговата армија била од мешан етнички состав, но кога се обраќал само кон Македонците тој го користел неговиот мајчин македонски јазик, кој хелените го сметале за барбарски. За ова сведочи и Квинт Куртиј Руф!

Ако ти набројам колку племиња пред и после Словените го преминале Дунав, може од утре ќе почнеш да веруваш во чуда?

Многу работи изнакажа...а баш ме интересира да ми дадеш линк од книгите или списите на античките историчари кои го тврдат ова, т.е каде во кој дел и како пишуваат баш за овие битни сегменти.

И баш мене ме интересира....наброј ми ги племињата пред и после Словените што го преминале Дунав....ете може јас ќе ти поверувам ако не ти верува Sluzbarski.
 
Монголите прават инвазија во 13 век....пљачкаат по Хрватска и Унгарија.....за тоа им треба да ги поминат Драва или Дунав.

Не знам од каде ви на вас тоа дека Дунав е толкава пречка која не може да се премости....
Идеш по текот,чекаш кога е мирна на најтесните делови (по 200-300 метри) и цепај.
Башка што по текот на Дунав е преполно со речни острови.....
 
Многу работи изнакажа...а баш ме интересира да ми дадеш линк од книгите или списите на античките историчари кои го тврдат ова, т.е каде во кој дел и како пишуваат баш за овие битни сегменти.
  • Херодот I, 57
  • Тукидид. IV, 109
  • Куртиј Руф IV, 33-36
  • Плутарх, Александар 51
  • Псевдо-Калистен. V, 32, 13.
  • Athen. III, 121; Куртиј Руф VI, 11, 4
  • Павсанија. IV, 29
  • Тит Ливиј. XXXI, 29; Тукидид, III, 94.
  • Страбон. VII, 7, 8.
  • Куртиј Руф VI, 10, 23.
  • Полибиј. XVIII, 5-7
  • Полибиј. IX. 37

Нема све на интернет, затоа не може секој да биде историчар. Дечкото е комплетно у право. Ќе си ги запишеш овие, ќе отидеш у библиотека, ќе ги побараш извадоциве и ќе си прочиташ све бело на црно.

Друго нешто, дур сум тука?
 
Многу работи изнакажа...а баш ме интересира да ми дадеш линк од книгите или списите на античките историчари кои го тврдат ова, т.е каде во кој дел и како пишуваат баш за овие битни сегменти.

И баш мене ме интересира....наброј ми ги племињата пред и после Словените што го преминале Дунав....ете може јас ќе ти поверувам ако не ти верува Sluzbarski.

  • Херодот I, 57
  • Тукидид. IV, 109
  • Куртиј Руф IV, 33-36
  • Плутарх, Александар 51
  • Псевдо-Калистен. V, 32, 13.
  • Athen. III, 121; Куртиј Руф VI, 11, 4
  • Павсанија. IV, 29
  • Тит Ливиј. XXXI, 29; Тукидид, III, 94.
  • Страбон. VII, 7, 8.
  • Куртиј Руф VI, 10, 23.
  • Полибиј. XVIII, 5-7
  • Полибиј. IX. 37
Најпрво да му се заблагодарам на RickyLFC9 што ми ги скрати „маките“ :)

Е сега помачи се малце и побарај тоа што е достапно по интернет да го најдиш, така и сам ќе си направиш услуга, бидејќи полесно ќе запаметиш и повеќе ќе научиш. Но, ако сакаш без проблем од она што е достапно на интернет ќе ти цитирам и на оригинал и на англиски.

И колку за инфо имам дипломирано историја, па не ми проблем со литература, можам и со Борза да се послужам, чие тврдење е дека хеленскиот јазик на македонскиот двор се користи најрано од времето на Архелај (крај на V век ст. ера) ;)

За племињата што го поминале Дунав уште да ти набројам:

- Хуни, Гепиди, Алани, Остроготи, Квади, Маркомани, Херули, Скири, Хазари, Алани и др. под водство на браќата Влида и Атила (Хуни) од територијата на Панонија (ден. Војводина) ги напаѓале и ги ограбувале градовите во Источното и Западното Римско Царство. Како па овие го преминале Дунав?

- 376 г. Визиготите го преминуваат Дунав и се населуваат во провинцијата Мезија (ден. Северна Бугарија). Од таму се распрснале на сите страни на Балканот како римски федерати, а подоцна под водство на Аларих, дел преминале во Сев. Италија, а добар дел останале на Балканот трајно. Во Македонија останале покрај езерата.

Има уште многу племиња но ќе се потрудиш сам понатака да бараш...

И за крај, еве ти едно интересно прашање - ГРАТИС!

Како во 429 г. „полудивите“ германски племиња Вандали и Алани, под водство на Гејзерих, го преминале Гибралтар и се префрлиле во Северна Африка?

Колку за инфо за полесно да си дадеш одговор: Гибралтар од европско до афричко копно е 14 км.

Кога ќе го одговориш прашањето не само што ќе поверуваш во чуда, туку ќе се посомневаш дали на 1 јануари во каминот ќе најдеш поклон :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom