Поврзаноста на Александар III Македонски со Словените (na rubu znanosti HRT 3)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Јасно ми е дека темата можеби и не е за овде, но со оглед дека овој подфорум е доста активен, би замолел темата да стои некое време а после да биде преместена во соодветна нишка. Мислам дека се искажани доста интересни тези кои би требало да ги знае пошироката маса во Македонија. Горе доле и моето мислење по однос на дискутираното правило се совпаѓа со искажаните ставови на господинот Домагој Николиќ. Ако има интерес би продискутирал и подетално околу неговите ставови.
Во продолжение воведниот текст од порталот нет прес а потоа и видеото од Хрватската Телевизија 3.
Александар Македонски не бил никаков Грк туку Македонец со словенска крв

27.11.2013 - 08:27:01
g_aleksandar-1.jpg

“Александар Македонски бил Македонец, а со Грците се разбирал преку преведувач “, во емисија на Хрватската државна телевизија изјави Домагој Николиќ, независен истражувач на античкиот период.

“Го прикажуваат секако, знаете. Го прикажуваат како Грк. Јас лично мислам дека тој не е никаков Грк, тој е Македонец. Тој е Македонец со словенска крв. Никако грчка. Ние знаеме дека тој со Грците често разговарал со помош на преведувач и дека кога Грците од неговата војска се обраќале или обратно - кога некој им се обраќал на грчките трупи, тоа го правеле со помош на преведувач. Неговата војска имала околу 37 000 војници од кои само околу 7000 биле Грци, останатите биле Македонци, Тракијци, Илири итн.”, изјави Николиќ во популарната емисија “На рубу знаности”.

Освен потврдата на овие добро познати факти, Николиќ во оваа емисија изнесе и уште една можеби помалку позната информација, а тоа е дека Словените и Александар Македонски коегзистирале во ист период. Тврдењето на Николиќ дека Александар е Македонец со словенска крв ги демантира информациите дека Словените на овие простори дошле многу подоцна.

Дел од македонска јавност е веќе запознаена со Повелбата на Александар Македонски упатена до Словените односно Привилегијата со која што тој им се заблагодарува за учеството во неговите борби и војувања. Повелбата односно Привилегијата е објавена во книгата “Кралството на Словените” од средновековниот патописец и историчар Мауро Орбини. Токму на оваа книга се повикува и Николиќ и вели дека Александар имал словенска крв по татко му Филип.

Во однос на гробот на Александар Македонски, Николиќ вели дека тој барал неговото тело по смртта да биде однесено во Македонија. Неговите претпоставки се дека Александар е закопан некаде во близина на античкиот град Билазора во близина на Свети Николе. Николиќ е посебно благодарен на македонскиот истражувач Никола Ристевски кој што му открил голем дел од информациите.

Запрашан од водителот уште еднаш да објасни за грчко – македонските релации на Александар и што тоа значи од денешна перспектива со оглед на тоа дека македонската територија подоцна беше поделена, Николиќ вели:

“Грците едноставно би сакале да се Македонци-Грци. Ама, тоа не е така”, вели тој нагласувајќи дека до скоро до Солун па и во Солун се говореше во најголем дел македонски јазик, но кога дел од Македонија под сила на одредени околности стана дел од грчката држава, тогаш почнала голема хеленизација.

“Е сега сите ние со сила мора да се согласиме. Зошто ? Затоа што тоа е некаква службена догма и не смее да се доведе во прашање за да не се налутат Грците. Јас не знам зошто е важно кој ќе се налути? Важна е вистината.”, изјави Николич нагласувајќи дека таканаречената хеленистичка историја била пишувана од Германците во 19 ти век и дека Грците во древната историја поради сопствените проблеми често и ги викале странците да дојдат за да им управуваат и да владеат.

Во рамките на емисијата, Николиќ изнесе огромен број интересни но и многу значајни факти за Македонија, особено од областа на метафизиката , езотеријата и астрономијата, а посебен акцент стави на езотериското значење на дел од зборовите во Македонскиот јазик . Инаку, во Македонија е веќе издаден речник на македонски езотерични зборови во рамките на македонскиот езотеричен роман “Розата од вода”.
автор: Нетпрес​
[/media][/RIGHT][/RIGHT]
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 22:24 ---
Сите што сакат да пишуваат на темата би ги замолил пред да пишуваат да го изгледаат видеото.​
[/media]​
[/media][/RIGHT]

--- надополнето: 27 ноември 2013 во 22:27 ---
LErDc_e3eGg
[/media][/RIGHT]
 
особено од областа на метафизиката , езотеријата и астрономијата

Претпоставувам дека знаеш оти и на Иван Исцелител главни дејности му се метафизиката , езотеријата и астрономијаталогијата
 
Зошто неможам да ставам видео?
Линкот кој води кон упатствата за поставување на слики , видеа и линкови неможам да го отворам.
 
Зошто неможам да ставам видео?
Линкот кој води кон упатствата за поставување на слики , видеа и линкови неможам да го отворам.
клик

Видеото е во формат кој не може да биде прикажан како медиа.
 
Како да го објаснам ова накратко за секој да сфати. Значи вака... да ги констатирам фактите.

Словените дошле во времето кога е општо познато дека дошле. Ни порано, ни подоцна.

Постојат огромен број на докази дека Античките Македонци не биле Хелени, само пошто сме релативно нова држава, за општото мислење да ги прифати овие докази треба време и работа. Сепак ги има премногу и не можат да се демантираат, само нема шанси да ги набројувам тука, ако некој го интересира може слободно да ми прати ПП.

И покрај тоа што античките Македонци и Хелените не биле ист народ, поврзаноста со денешните Македонци и Грци и во двата случаи е комплетно неважечка. Просто кажано, не постои чист народ. Теориите дека Античките Македонци и Словените уствари биле исти народ, само поради тоа што државата пробува да го направи населението директен наследник на Античките Македонци, може слободно да се фрлат у вода и книгите да се запалат.

Овој проблем непотребно се политизира. Како што кажав, не постои директен наследник на било кој народ од антиката. Бугарите се прават Тракијци, Албанците Илири, Грците Хелени, па сега и ние се правиме Антички Македонци по принципот "Ако другите се фрлат од мост, зашто не и ние?". Прифаќањето на овој факт ќе олесни многу работи и кај нас и кај соседите, туку тврдоглавоста си го праи своето.

И последно, кој е овој Домагој? Независен истражувач... каков независен истражувач? Историчар? Или ова го прави од хоби? Денеска секој се прави експерт за антика, а 95% од нив немаат И од Историчари, туку се прават паметни и се мешаат у туѓа работа. Историјата е наука која не можеш да ја користиш како хоби, без да си специјализиран за неа.
 
Овој ако има памет што зборува ја јамка околу врат си вржувам и се бесам значи крај.Во период од антиката тој вели дека е МАКЕДОНЕЦ СО СЛОВЕНСКА КРВ па добро бе друже знаеш ли што зборуваш во тоа време не ни постојат словени овој копија на Иван уствари Иван е копија што све трпи оваа земја све самопрогласени метафизичари доктори истражувачи а што е пострашно овие добиваат медиумска пажња и плитките во мозокот им веруваат
 
Овој ако има памет што зборува ја јамка околу врат си вржувам и се бесам значи крај.Во период од антиката тој вели дека е МАКЕДОНЕЦ СО СЛОВЕНСКА КРВ па добро бе друже знаеш ли што зборуваш во тоа време не ни постојат словени овој копија на Иван уствари Иван е копија што све трпи оваа земја све самопрогласени метафизичари доктори истражувачи а што е пострашно овие добиваат медиумска пажња и плитките во мозокот им веруваат

а ти веруваш дека Словените направија инвазија преку Дунав,успешно се искрцаја и го запоседнаа Балканскиот полуостров и како да населија пусто острово......лично јас не верувам дека племиња во толкав огромен број успешно ќе го премостат Дунав така лесно и успешно ќе се вгнездат
 
а ти веруваш дека Словените направија инвазија преку Дунав,успешно се искрцаја и го запоседнаа Балканскиот полуостров и како да населија пусто острово......лично јас не верувам дека племиња во толкав огромен број успешно ќе го премостат Дунав така лесно и успешно ќе се вгнездат
Миграцијата не е така лесно да се замисли. Не е на купче се собрале 10.000 фамилии и терале преку Дунав. Тоа е процес кој тече многу бавно, многу години. Населението се населува на еден дел и останува таму, друг продолжува понатаму. Еден дел од тој дел наоѓа друго место и останува, друг продолжува. Постојат и ситуации каде тие ќе одлучат дека треба да се вратат и повторно се враќаат од каде што дошле. Поделување на повеќе групи на кои никој не може да им го најде крајот. Сепак јасно е дека голем број на Словени евентуално и постепено успеале да се населат на нашиве простори.
 
а ти веруваш дека Словените направија инвазија преку Дунав,успешно се искрцаја и го запоседнаа Балканскиот полуостров и како да населија пусто острово......лично јас не верувам дека племиња во толкав огромен број успешно ќе го премостат Дунав така лесно и успешно ќе се вгнездат

ја па лично верувам си има записи а ова што вештачко се билда патриотизмот и што го сменија идентитетот ВМРО и ни се смејат сите од страна тоа е друго.Уствари кој знае каква мешавина носиме со оглед дека сме секогаш биле поробени и секакви ни биле робовладетели
 
Истиот двоец имаше и уште една емисија,но со оглед на тоа дека некои од работите се поклопуваат како теми и во оваа емисија,еве прилика да ја видиме овде.Многу интересна за нас,и обавезно да се прегледа(нормално кој сака)

 
Абе, малку сме си тиња од народ, знаете...
Сите скокаат на оваа "сензација", иако ова не е ништо ново.

Кога ова го трубат со години македонски истражувачи, езотеричари, метафизичари и историчари ние ги праќаме во лудница. Колку и да се неверојатни овие теории кога ќе ни ги каже некој отстрана не ни пречат, напротив се гордееме. Ако некој наш домашен "лудак" (од типот на Тентов-Бошевски, Китан-Ивановска, Донски, Иљов, Павлов..) ги каже нека се пази, одма нека си извади упат за болница.
Страшно самопонижување... Го*на да ни кажат да јадеме ќе јадеме со двете раце, само да се од странство. После се прашуваме зошто последни сме се ослободиле и сме создале држава.

Притоа воопшто не навлегувам дали има вистина или не во ваквите и слични тврдења на домашни и странски стручњаци и бладатори.
Лично сметам дека има дел вистина, дел фантазија и мајсторија е да се успее да се одвојат двете работи една од друга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom