Започна гласањето за Сајт на годината 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.721
Поени од реакции
14.788
Започнува гласањето за најдобрите македонски веб сајтови за 2013 година! Mанифестацијата Сајт на годината во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по четврти пат.
Македонскиот веб простор е сѐ поголем од година во година. Целта на Сајт на годината е да го популаризира македонскиот веб простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови.
Секој од Вас може да номинира сајтови во соодветните категории. Сѐ што треба да направите е да потполните неколку полиња, да го предложите вашиот омилен веб сајт и со тоа да учествувате во изборот за Сајт на годината 2013.
Пријавувањето на сајтови започнува од 05.11.2013г. и трае до 24.11.2013г.
Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 26.11.2013 и ќе трае до 05.12.2013
Победниците ќе бидат објавени на 10.12.2013 на свечената манифестација, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.

Начин на гласање
Треба да се пријавите со Вашата е-пошта за да можете да гласате. Откако ќе се пријавите, на Вашата е-пошта ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш.

http://sajtnagodinata.mk/
_____________________________________________________________________________________

Aјде дечки нагазните јако, да ја гласаме Кајгана пошто заслужува во соодветните категории
 
Гласано за Кајгана. Него, зошто нема избор за најдобар форум? Изгледа немаме конкуренција. :icon_lol:

Додека ги листав категориите, го начекав и мојот блог номиниран за најиновативен и за најдобар блог. Незнам кој го номинирал и како, но има големо фала:). Блогот е направен од чиста забава пред неколку години и не е ништо посебно за мене. Но, ете, чим го номинирале, кој како сака може да фрли и по некој глас за МистеријаМК.:rolleyes:
http://misterijamk.blogspot.com/
 
Сеа ги гледаш од Кајгана .... ВЕ МОЛАМ ЗА КАЈГАНА !!! :LOL:
мислам гласајте за нас ... ехехе

rock-the-vote.png
 
Сајт на Годината 2013

Ви благодариме што гласавте. Ве молиме подржете го изборот за Сајт на Годината 2012 и споделете го гласањето за најдобар сајт на годината за 2013 година


Ај за убо нека е :)
 
ја гласав за најдобар сајт , но за мобилен дадов 2 бода само ,поради верзијата која е лоша ... една критика :(
 
Овие се тие истите што го прогласила Пуљс 24 за "Сајт на годината"?
 
одете на твитерот на курир и видете во описот што им пишува :pos:
 
Процедурално,
Како така веб страна на мелница за кафе / Свислион / Педагошки Факултет - Битола е во избор за најдобар информативен сајт?
http://www.rojtem.com.mk/
Screenshot_2.png

Ми стигна линк во меилот, одам на линкот, гласам и - веќе е испратена порака на вашиот меил :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom