papaversomniferum

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Ни сам незнам,кога,како и зошто почнав да го имам,сакам и собирам ова
ХОБИ - мелачки за афион. Афионото семе денес се употребува за пити,
и тоа не треба да се толче или гмечи туку секое зрно да се исече на тенки
кришки-резанки,и тоа на три или четири,тоа го прават овие мелници.
Не знам дали друг во Македонија,или во Европа го практикува ова ХОБИ.
Јас собирам (купувам)и други мелници за:кафе,ориз,шеќер,бибер,пипер,
но овие за афион ми се на прво место и најповеќе ги одржавам и ценам.
Имам,поточно и незнам точно колку имам од овие,мора да проверам по
подрумите полека сите овдека да ги прикажам,а и вие понудете од ваши.
Еве само неколку што ми се нашле дома, па уживајте во антика кој сака...............
Picture 1027.jpg.Picture 1029.jpg.Picture 1030.jpg.маде ин ?
имам од повеќе врсти и големини,и од потекло од повеќе земји,незнам точно...Picture 1028.jpg.Picture 1031.jpg.Picture 1032.jpg можеби запад
а оваа подоле се гледа.Во нашата бивша држава самоТитан-маде ин Словенија.Picture 983.jpg.Picture 984.jpg.Picture 985.jpg година ?
само од Титан (Камник)имам повеќе модели,можеби некои и од пред војната.
------------------------------------------
додаток, во темава: дел од незавршениот роман „Афион“ од нашиот Кочо Рацин.
„Во раните мајски утрини илјади работници ги посетуваат афионските полиња.
Секој носи на појасот мало лимено кутииче и малечко четвртесто ножче, со кое
се струга катранот.Така почнува берењето на афионот.Вчера ги засекле
афионските чушки,од кои потекла кај зарезот млечна течност. Оваа преку ноќта
се стврднала и добила кафеаво-жолта боја. Тоа е катранот.Но сега сето тоа сака
со нож да се иструга од секоја чушка и да се збере во онаа кантичка.И треба да
се потиш додека таа не се наполни: таа работа не оди така бргу. А треба да се ита.
Сонцето пече а катранот на чушката со тоа само губи од квалитетот.“...
Има интересен продолжеток оваа новела од романот „Афион“-прочитајте ја цела.
--------------------------------
Инаку јас во живота ги затеков афионите полиња во Македонија,посебно во
Овче поле се сеќавам на нив,ама не сум режел чушки но сепак сум берел еднаш.
Сега не се сади повеќе,дали е и забрането незнам,како и памук што не гледам веќе.
 
@AstroBoy:facepalm::facepalm::facepalm:


Picture 1033.jpg
ајде уште не си отишол по лекови, рамстор и веро работат до 22 или 23 часот.
 
Насловов ти е Анчо ко да си отворил тема за диносаурус :D а не за обична машинка за мелење...
чоек шо си напраил ти бе цел металски завод си го пренел:LOL:
 
Па добро де чоече, отпад да не имаш во двор од каде наоѓаш се овие работиве? :pos: Ова Насловот на темата тотално ме здрка, јас мислев вонзејмани сакаат да стапат во комуникација со нас преку тебе. :icon_mrgr:
 

Абре чичко Анчо, зошто не си како сите нормални луѓе што средовечната криза (такозвана машка менопауза) ја лечат со собирање на цицлести теткици по танги. Угледај се на дедово межеби ќе ти даде инспирација за асална тема.
 
....едно големо БРАВО за твоето хоби, ако имаш нешто дупликат за продавање дај понуда
....остај ги децава....не собирале ни сликички од Животинско Царство, а камо ли нешто повредно

инаку во право се за насловите за темите...кога прочитав помислив Anco нашол пита катран на таван од баба му или склучил договор со Алкалоид за одгледување МАК
 
Picture 1034.jpg.Picture 1035.jpg.Picture 1036.jpg еве уште една Титан
за мелење-сечење на (како беше она на латиница) афионово зрно, стара над 50 год.
Сигурно и вие членови тука имате некоја дома,па да ја и ставите тука да ја видиме.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 22:03 ---
....едно големо БРАВО за твоето хоби, ако имаш нешто дупликат за продавање дај понуда
....остај ги децава....не собирале ни сликички од Животинско Царство, а камо ли нешто повредно

инаку во право се за насловите за темите...кога прочитав помислив Anco нашол пита катран на таван од баба му или склучил договор со Алкалоид за одгледување МАК

Точно имаш право за насловот ,ама так е поинтересно и секој со нетрпение чека да ја отвори таа тема (иако гледа дека е од мене) и веднаш ќе ја батали,а да се јави некој што собира женски прслуци или танга гаќи,веднаш отидоа 20 страни и 2.000 јавувања.
--------
Имам од првата слика мислам дупликат,да проверам,но повеќето се по една.
Но сите се скоро нови,море и нови и веднаш употребливи,иако стари 50-100 год.
Ќе се договориме некако-пиши.
 
Прегледај го приврзокот 77797.Прегледај го приврзокот 77798.Прегледај го приврзокот 77799 еве уште една Титан
за мелење-сечење на (како беше она на латиница) афионово зрно, стара над 50 год.
Сигурно и вие членови тука имате некоја дома,па да ја и ставите тука да ја видиме.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 22:03 ---


Точно имаш право за насловот ,ама так е поинтересно и секој со нетрпение чека да ја отвори таа тема (иако гледа дека е од мене) и веднаш ќе ја батали,а да се јави некој што собира женски прслуци или танга гаќи,веднаш отидоа 20 страни и 2.000 јавувања.
--------
Имам од првата слика мислам дупликат,да проверам,но повеќето се по една.
Но сите се скоро нови,море и нови и веднаш употребливи,иако стари 50-100 год.
Ќе се договориме некако-пиши.


кога ќе поминам за тастатурата може да видам и како стоиш со дупликат мелници
 
кога ќе поминам за тастатурата може да видам и како стоиш со дупликат мелници

Аи, сега ме потсети,значи ти си истиот,заборавив. Добро. Јави се пред 1-два дена.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 22:37 ---
Насловов ти е Анчо ко да си отворил тема за диносаурус :D а не за обична машинка за мелење...
чоек шо си напраил ти бе цел металски завод си го пренел:LOL:

Знам јас дека ќе ве збуни насловот, а тој си е пак најдобар и најприкладен за темава.
Ама подобро е така и тинејџерине да отворат мислејќи дека има нешто ново на пазарот.
--------
Инаку стварно имам многу од овие-неколку подруми.
 
Абре чичко Анчо, зошто не си како сите нормални луѓе што средовечната криза (такозвана машка менопауза) ја лечат со собирање на цицлести теткици по танги. Угледај се на дедово межеби ќе ти даде инспирација за асална тема.


Де полека и ти,што се нафрли на човекот,толку ли мала државичка сме па и хобистите ни изгледаат ненормални? По светот постојат еден куп луѓе со разни навики и чудни хобија,мене ова ми изгледа нешто ретро-хоби, што има лошо во тоа? Нумизматичари,собирачи на значки,лепенки,таксени марки,телефонски апарати,радиа,бандажи,цели автомобили (ова нешто скапо хоби испаѓа) па се до чевли,текстил,накит.. валјда сите овие не се луди..или да?:)
Хоби ко хоби, собираш одреден артикл, ти стои по дома и одвреме на време го прикажуваш на пријатели или форумџии. Ја на пример имам една голема колекција од камења.
 
Аи, сега ме потсети,значи ти си истиот,заборавив. Добро. Јави се пред 1-два дена.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 22:37 ---


Знам јас дека ќе ве збуни насловот, а тој си е пак најдобар и најприкладен за темава.
Ама подобро е така и тинејџерине да отворат мислејќи дека има нешто ново на пазарот.
--------
Инаку стварно имам многу од овие-неколку подруми.

ти си музеј на мало :D нема да ме зачуди некој ден да отвориш тема со оние артефактине и паричките шо ги снема од депото на музејот :LOL:
 
треба малце со разум да се отварат теми не е ова спорткса па ај лифќе ке пишам неш мачестер 2ка те заебало после другото коло дуплираш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom