Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Ни сам незнам,кога,како и зошто почнав да го имам,сакам и собирам ова
ХОБИ - мелачки за афион. Афионото семе денес се употребува за пити,
и тоа не треба да се толче или гмечи туку секое зрно да се исече на тенки
кришки-резанки,и тоа на три или четири,тоа го прават овие мелници.
Не знам дали друг во Македонија,или во Европа го практикува ова ХОБИ.
Јас собирам (купувам)и други мелници за:кафе,ориз,шеќер,бибер,пипер,
но овие за афион ми се на прво место и најповеќе ги одржавам и ценам.
Имам,поточно и незнам точно колку имам од овие,мора да проверам по
подрумите полека сите овдека да ги прикажам,а и вие понудете од ваши.
Еве само неколку што ми се нашле дома, па уживајте во антика кој сака...............
.
.
.маде ин ?
имам од повеќе врсти и големини,и од потекло од повеќе земји,незнам точно...
.
.
можеби запад
а оваа подоле се гледа.Во нашата бивша држава самоТитан-маде ин Словенија.
.
.
година ?
само од Титан (Камник)имам повеќе модели,можеби некои и од пред војната.
------------------------------------------
додаток, во темава: дел од незавршениот роман „Афион“ од нашиот Кочо Рацин.
„Во раните мајски утрини илјади работници ги посетуваат афионските полиња.
Секој носи на појасот мало лимено кутииче и малечко четвртесто ножче, со кое
се струга катранот.Така почнува берењето на афионот.Вчера ги засекле
афионските чушки,од кои потекла кај зарезот млечна течност. Оваа преку ноќта
се стврднала и добила кафеаво-жолта боја. Тоа е катранот.Но сега сето тоа сака
со нож да се иструга од секоја чушка и да се збере во онаа кантичка.И треба да
се потиш додека таа не се наполни: таа работа не оди така бргу. А треба да се ита.
Сонцето пече а катранот на чушката со тоа само губи од квалитетот.“...
Има интересен продолжеток оваа новела од романот „Афион“-прочитајте ја цела.
--------------------------------
Инаку јас во живота ги затеков афионите полиња во Македонија,посебно во
Овче поле се сеќавам на нив,ама не сум режел чушки но сепак сум берел еднаш.
Сега не се сади повеќе,дали е и забрането незнам,како и памук што не гледам веќе.