Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
JASMIN напиша:Тањушка, колку години имаш?:icon_eek::smir:
Инаку, да, трамвај е одлична идеја и изводлива, т.е. ми се чини, секоја идеја за спасување на сообраќајново лудило во Скопје би била добра.
Што бидна со идејата за обиколницата не знам? Не се реализираше.
pearl напиша:Се е тоа во ред Балилус, го разбирам и така треба да биде. Се знае што е функцијата на јавниот превоз, да те пренесе побрзо од едно на друго место, ја олеснува гужвата бидејќи може да пренесе повеќе патници и нормално пофтин е од возење сопствена кола. Но, таа филозофија кај нас за жал не функционира. Нашиот народ е мрзлив народ, да им кажеш да препешачат три блока, мутав ќе те направат. Јас познавам луѓе кои палат кола за да стигнат до Бисер трговскиот во Аеродром, а самите живеат кај Три Бисери ресторанот. Затоа велам, дали мислиш дека ќе се откажат од комодитетот на кожните седишта и еркондишенот, за да ги заменат со јавен превоз и покрај тоа што ќе стигнат побрзо и поефтино.
Друга идеја е да се воведат автобуси на струја. Ќе го прават истиот трошок како трамвајот, а нема да треба да се копаат улици. Уште нешто што ќе треба да се воведе е да има посебни ленти, само за нив, каде ќе биде забрането да се врви со кола. Е сега, за ова да функционира кај нас ќе треба дополнително изгледа огради да се ставаат, за да може тоа да биде некако заштитено. Aма тоа е, додека самите не ја промениме културата на однесување, може да си летаме со паметот колку сакаме![]()
Да ама во моментов не е вака. Со автобус до град имам 12-13 минути возење плус чекање да дојде автобусот, а со кола сум за 5 минути и не чекам ни секунда.pearl напиша:Се е тоа во ред Балилус, го разбирам и така треба да биде. Се знае што е функцијата на јавниот превоз, да те пренесе побрзо од едно на друго место, ја олеснува гужвата бидејќи може да пренесе повеќе патници и нормално пофтин е од возење сопствена кола.
Па автобусите ја прават најголемата гужва.Jane напиша:Да ама во моментов не е вака. Со автобус до град имам 12-13 минути возење плус чекање да дојде автобусот, а со кола сум за 5 минути и не чекам ни секунда.
За трамвај незнам како ќе биде.