Метро и Трамваи во Cкопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување

Stefanos_M

Moscow_Boy
Член од
23 април 2006
Мислења
563
Поени од реакции
0
Ме интересира што стана со градењето на метро и трамваи во скопје? Знаете ли нешто околу тоа, и што мислите дали е исплатливо?
 
Возможно е зашто да не, само многу пари е...
 
Stefanos_M напиша:
Возможно е зашто да не, само многу пари е...
не би рекол за метро дека е возможно не заборавај дека скопје е трустно подрачје.
 
Повозрасните на форумов сигурно се сеќаваат дека пред деценија ипол (може има и повеќе), граѓаните на Скопје гласаа дали ќе се воведе Трамвај и Тролебус. Скопјани тогаш не го прифатија предлогот, најверојатно ги попишмани тоа што целиот потфат требаше да се финансира како самопридонес.

Метро како проект незнам колку би била исплатлива инвестиција, но треба да се размисли за трамвај.
 
Има многу добра фора за да се намести трамвај, јас како лаик што можам да согледам дека има место по улиците за тоа за да се поврзат краевите на Скопје со трамвајска линија ондак сигурно има доста праостор, ама проблемто како и секогаш се парите, потшо не е само шините да се постава, туку и сите бандери, башак треба да има стационар каде што ќе се преноќуваат и се одржуваат трамваите, згора на тоа треба и тремваи да купуваме.
 
Шините и бандерите се пичкин дим инвестиција. Штом Санос во моментов бара самиот да инвестира во градскиот превоз со сопствени нови автобуси, кои би возеле за бааѓи поефтини цени само да му се дозволи да учествува во јавниот градски превоз, тогаш јасно е дека инвестиција на ова поле е навистина исплатлива.

Не мора градот да инвестира, доволно е да дозволи да се урне повластената позиција на ЈСП со влегување на други учесници во јавниот градски превоз.
 
Ова се ветува уште од времето кога носев пелени поточно кога почнував да носам пелени, вчера незнам каде слушнав еден муабет ќе се праела трамвајска линија по оние местата што ги делат двете улици со цвеќиња и ограда(Партизанска) али незнам зашто не верувам. Во тоа време и за метрото збореа како ќе идело под кале па ваму па таму имаше и спремна мапа по календари ја шетаа, само за тоа ќе почекаме барем уште 10години минимум
 
Прочитав или некој ми кажа дека проблемот со метрото и тунели под центар да се направат е тоа што дистрибуција и телеком не знаат каде и наколу длабоко им се каблите дури едно време бесе стопирана градбата на зградата кај што заврсува партизанска во центар за да се разгледа уште еднаш да се разгледа варијантата за да се направи подземен премин кај центар
 
hmm.kako prvo metro kaj nas nema sansi da se napravi vo brzo vreme.Zasto eden grad kako Sofia uste go gradi.Tramvaj moze da se napravi .Ko prvo treba da se otstranat kolite na trotoarite i slicni raboti
 
iceman напиша:
дури едно време бесе стопирана градбата на зградата кај што заврсува партизанска во центар за да се разгледа уште еднаш да се разгледа варијантата за да се направи подземен премин кај центар
Хехе, не верувај на лагите на тогашниот градски татко Пенов. Изградбата на зградата беше сопрена поради играчките и аферите на Упа Ентерпрајз и Љупчо Палчевски, кој во тоа време му го сврте грбот на Б.Ц. и се соочи со последиците (ако ти текнува и на галамата што се крена со зградата кај Бастион кафичот која тогаш почнаа да ја рушат).

Стопирале изградба на зграда да разгледуваат варијанта за подземен премин... :pos2:
 
^The Game^ напиша:
hmm.kako prvo metro kaj nas nema sansi da se napravi vo brzo vreme.Zasto eden grad kako Sofia uste go gradi.Tramvaj moze da se napravi .Ko prvo treba da se otstranat kolite na trotoarite i slicni raboti
Ne da nemoze nema sansi:toe:
 
Bacillus gagous напиша:
Има многу добра фора за да се намести трамвај, јас како лаик што можам да согледам дека има место по улиците за тоа за да се поврзат краевите на Скопје со трамвајска линија ондак сигурно има доста праостор, ама проблемто како и секогаш се парите, потшо не е само шините да се постава, туку и сите бандери, башак треба да има стационар каде што ќе се преноќуваат и се одржуваат трамваите, згора на тоа треба и тремваи да купуваме.
Ќе се купат трамваи, но и ке добиеме трамваи и како донација од Прага, Будимпешта, Белград (иако и нивните не се сјајни) итн, пошто сум сигурен дека сите имаат трамваи кои што им се вон употреба, а не им се исплати ни да ги прават пошто имаат доволен број. Ке се вработат неколку експерти за поправање на трамваи, и нашиве мајстори ке се истренираат, и ете ти почеток. 3-4 линии за старт, и полека да се шири инфраструктурата. Сигурен сум дека ке се намали сообраќајниот хаос во градот.
 
Апсолутно, апсолутно. Кога сака да ме навреди, мојот М. кажува дека Скопје е селендра бидејќи ниеден светски град не е без метро или трамвај.

Памтам пред 100 години имаше референдум по ова прашање, ама не беше изгласан од граѓаните. Како низ магла се сеќавам дека тоа требаше да биде линија која ќе врви низ Карпош/Центар, така некако, па жителите на другите населби, не гласаа.

А за метро, не знам... наводно, затоа што сме трусно подрачје, не било пожелно.
 
Tanjushka напиша:
Памтам пред 100 години имаше референдум по ова прашање, ама не беше изгласан од граѓаните. Како низ магла се сеќавам дека тоа требаше да биде линија која ќе врви низ Карпош/Центар, така некако, па жителите на другите населби, не гласаа.

Тањушка, колку години имаш?:icon_eek::smir:

Инаку, да, трамвај е одлична идеја и изводлива, т.е. ми се чини, секоја идеја за спасување на сообраќајново лудило во Скопје би била добра.
Што бидна со идејата за обиколницата не знам? Не се реализираше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom