Непопуларни филмски мислења

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.771
Поени од реакции
34.410
Конечно тема во која никој нема да ве дира. 8) Oкеј, доста self-explanatory, пишувате мислења кои не се општо прифатени од поголемиот процент на публика, мислења за кои јавно би ве линчувале.. а во крајна рака, Вам ви е срам да признаете. Еве ви пример:


Дур сме искрени... Amour, многу досаден.

Дискусијата ќе биде на минимално ниво се додека аргументирано и со вкус, ова ќе ни е нашата сигурна зона, потсмев и аргументирање with witty remarks & sarcasm, знаете, генерална. Слободно цитирање таму.


ЧИТАЈ!!! [edit од @Zlatikevichius , 22.02.2021]

Сандра Булок е одлична актерка.

Хобитот беше преценет.

Уживав во Терминатор дури и без гувернерот.

Продолжете.
 
- Џејмс Камерон е едно баш "мудро" бате!
- Аватар е во основа Покахонтас.

П.с Најдобра ствар во врска со Аватар е што луѓето имаат технологија невролошки да се поврзат со сдсмовските мачковидни мајмуни, а не можат малиот да го извадат од количката.(y)
 
Господарот на прстените е срање.
2Fast 2Furious исто така. Првите делови ај некако се јадат ама другиве се ептен тапа.
 
V for Vendetta е преценет и со цел за измислен идеал на корпорациите.
 
Американска убавина е претенциозно ѓубре.

Одисејата е досаден.

wot нема појма од филмови.

Инту д Вајлд е преценет филм со извртена приказна во која се глорифицира глупоста.

Сталоне е добар сценарист и филмовите му се потценети заради генерален хејт кон него.

Том Круз немаше да биде хејтан да не беше сциентологијата.

Хју Џекмен е топ актер.

И така натаму...
 
Не ја сфатив хистеријата по Notebook иако сакам романтични филмови .
На Lord of the rings, првиот дел, заспав у кино и после тоа не ми ни текна да ги гледам и останатите.
Матрикс ми е досаден.
Уште го немам гледано Фајт клуб.:pos:
Ен Хетевеј е поубава со долга коса и не е лоша актерка, ама се претера со паѓањето у несвест по неа.
Lost не ја можев, ни тогаш, ни сега.
Бред Пит никад не ми бил нешто посебен актер.
Не можам да го поднесам гласот на Рајан Гослинг и едноставно одбивен ми е човекот.
Не го сакам Џејмс Бонд серијалот.
Доста се за сега, има уште.:icon_mrgr:
 
Ал Пачино ми е одвратен ко појава и ми го упропастува секој филм во кој игра. Освен фацката на лош/збунет чичко нема друга.

Режисериве на хорори ги сметам за ментални. Луѓето што ги гледаат и обожаваат, за уште поментални.

Новиве американски "комедии" со тој глупиот хумор мислам дека се големо срање.

Филмовите на Вуди Ален ми се глупост.

Кејт Винслент и Рејчел Вајс ми се едни од најдобрите актери, сметам дека се потценети.

Ќе надополнам.
 
Од што ми е антипатичен Метју Меконахи, неам изгледано ниеден филм кај го има него.

Queen of the damned сеуште ми е подеднакво симпатичен како и првиот пат кога го гледав (пред десет години негде). :X3:
 
Ен Хетевеј ми е грда и не е нешто посебно талентирана актерка.

Аватар не сум го гледал зашто ми е глуп.

Марвел филмовите ми се убер забавни иако сум свесен дека не се нешто уметнички јаки али затоа и ги гледам нив, за забава.

Ле Мизербал е прилично досаден филм.

Роберт Де Ниро е кул тип но и едноличен актер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom