Да не ти се верува - Грците масовно на коцка во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Речиси 15 илјади жители на северна Грција секој викенд ја посетуваат Гевгелија за да се коцкаат и шопинг, што предизвикува голема загриженост кај промоторите и претприемачите во регионот, пишува економскиот портал „Вориа“. Во статијата се истакнува дека Грците од северниот дел на земјата, многу често одат во трите казина близу границата, што „ја турка на коленици локалната економија на пограничните области во северниот дел на Грција“.
Порталот пишува дека освен што Грците ги посетуваат казината, тие престојот во Гевгелија го користат и за шопинг, но и за да наполнат бензин.
Најголема гужва на грчкиот граничен премин Евзони кон Македонија, има за време на викендите. Според податоците од полициската станица на Евзони, од 2009 година наваму, секој петок границата ја поминаваат најмалку пет до шест илјади луѓе, додека во сабота тој број изнесува осум илјади патници.
Казината во Гевгелија ги посетуваат пред се жители на Кукуш и Солун, а евидентирани се дури и земјоделци од Лариса, кои откако ќе добијат субвенции, веднаш одат да се коцкаат.
Според „Вориа“, северна Грција ја зафаќа „феноменот Македонија“ со многу привлечни цени, што претствува дополнителен терет за економијата на Кукуш, кој е тешко погоден од економската криза. Десетици бензински пумпи се затворени, затоа што не можеле да се натпреваруваат со цените во Македонија, а во исто време, се повеќе мали компании го преместуваат својот бизнис во нашата земја.
Уште една “загрижувачка појава“, пишува порталот, е тоа што многу пензионери од Кукуш и околните села ги напуштаат своите домови и изнајмуваат станови во Гевгелија каде плаќаат 100 евра со вклучени струја и греење.
Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Тоникиди за „Вориа“ изјавил дека грчките претприемачи не се во можност да се натпреваруваат со екстремно ниските цени во соседна Македонија.
- Карактеристично е тоа што во последните три години над 200 мали и средни претпријатија, главно од индустријата за облека и производство, ја напуштиле областа и се преселиле во Македонија, информира Тоникиди.
Текстовите на оваа тема, секогаш предизвикуваат бурни рекации од читателите, кои коментираат дека „таквите Грци се предавници и наместо парите да ги трошат во својата земја, тие избираат да ги богатат скопјаните“.
Извор: МИА

Баш ми е мило ова, ни враќаат барем дел од парите што секоја година Македонците ги трошат во Грција, плус поубаво за нашата економија и Гевгеличани. Нека се множат уште.
 
Ма на кого враќаат пари бре? Да не имаш случајно корист ти од тоа?Не зафркавај... каква црна економија.. плус тоа не е од сега.. тоа е со години уназад факт.. блиску и ефтино... да им е*** племето ... море никад да не стапнат кај нас...
 
Ма на кого враќаат пари бре? Да не имаш случајно корист ти од тоа?Не зафркавај... каква црна економија.. плус тоа не е од сега.. тоа е со години уназад факт.. блиску и ефтино... да им е*** племето ... море никад да не стапнат кај нас...

Прашај ги тие од Гевгелија дали ќе се согласат со тебе....
 
Не само што се коцкаат не го и навраќаат и во битола малце на разонода... :confused: и придобивка од нив нема... како и да е
 
Па грците се најпознатите посетители на гевгелиските казина, тоа не е ништо ново.
Туку да држиме среќа никој од нив да не фаќа на коцка, само да губат :D
 
Прашај ги тие од Гевгелија дали ќе се согласат со тебе....
Еве ги прашувам..нека си кажат мислење слободно..кој им брани.. тие секако се најадекватни да одговорат на ова во случајов..тоа е само мое мислење,не барам некој да го дели.
 
Ма на кого враќаат пари бре? Да не имаш случајно корист ти од тоа?Не зафркавај... каква црна економија.. плус тоа не е од сега.. тоа е со години уназад факт.. блиску и ефтино... да им е*** племето ... море никад да не стапнат кај нас...

Како бе да не стапнат, ај не треси, последниве 3 години почесто одам Гевгелија поради работни обврски и сите кажуваат позитивно за грците пошто цел град се полни со пари од нив. Одат во супер-маркетите ја купуваат цела хемија таму, гориво шверцуваат ги празнат бензинските, во Princess и Flamingo Казината кога и да пијам кафе, преку 20 коли грчки има. Не дека враќаат пари, ама па дека немаат Гевгеличани корист од нив, мало морген. Информации од прва рака дадов овде.
 
Ај бе не серете.....во држава каде што секој денар ни е ко дар од небо се буните зашто доаѓале грци и пиеле кафе во наши кафичи,се коцкале во наши казина и пунеле бензин во наши бензински и купувале работи во супермаркетите.....:tapp:
Боже сачувај.....
 
Како може да нема придобивка.....има....расте проституцијата....финансиски се стабилизираат ороспиите.
 
Коцкарите не познаваат националност, гордост, патротизам...

Тоа е болест, каква црна Македонија, каква суета....
 
Пари требаат за вакви работи. Јас сега да имав пари одма би купил стан во Солун (нормално преку посредник) и уште ако имаш твои чоек грк ништо не ти можат ни со национализација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom