Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
А
Не ми се верува дека е точно, ако е кога тогаш Полска ќе е на менито на Руската Федерација како нова членка.
Премиерот од Полска само што го негираше. Потребна е НАТО одлука.
 
Сега си контрадикторен сам со себе, и двете работи се факти: На сила не пикнаа во НАТО - точно. И дека Русија има право да се брани - точно.
Инаку ние не сме „паднале во сфера на интерес на САД“, туку ние со сила бевме бутнати во сфера на интерес на САД. Тоа колку и да не го менува исходот, има голема разлика.

Воопшто не сум контрадикторен. Вака стојат работите. САД на сила на бутна во НАТО (еве, нека биде така). На Украина Русија на сила и забранува да влезе во НАТО. Како е ова второто исправно од етички аспект, а првото неисправно? И САД и Русија си ги бранат геополитичките интереси насекаде во светот.

Малку хипокризија, а?
 
Денес нафтата во Франција на бензинската до мене е 2 евра!

Никогаш не сум видел да е толку скапа, и што е најчудно, бензинот по евтин на 1,8 евра
Германија исто уште пред 2-3 дена. Тоа со дизелот е поради големата побарувачка за нафта за греење. Сите купуваат за следната зима.
 
Kh-101 што се лансира само од Туполев стратешките бомбардери. Значи ги кренале во воздух и големите мечки.

78BACCB3-B06D-483F-BAE0-7639B3789D98.png
 
што значи ова?

Па ако интервенцијата во Украина ја викаат специјална воена операција, ондак специјални економски мерки очекувам да биде нешто од тој ранг.
 
Воопшто не сум контрадикторен. Вака стојат работите. САД на сила на бутна во НАТО (еве, нека биде така). На Украина Русија на сила и забранува да влезе во НАТО. Како е ова второто исправно од етички аспект, а првото неисправно? И САД и Русија си ги бранат геополитичките интереси насекаде во светот.

Малку хипокризија, а?
Прво, не разговараме за етика, туку разграничуваме кои се фактите.
Второ, не е исто на соседот да му направат воен удар и да го направат непријател кој ќе го примат во непријателски воен сојуз - и истото да се случи во некоја далечна и релативно неважна држава.

Подобра паралела би била ако Русија го регрутира Мексико за членка во ЦСТО па да правиш компарација со САД и буткањето на Македонија во НАТО. Едното е важно за државата чиј сосед станува непријател, другото за случувањата во далечната мала држава - не е важно.

Така да хипокризијата, ако ја има, е целосно твоја. (y)
 
Почнаа протестите на работниците од туркменските соседни држави кои се на печалба во Русија, не им вреди платата во рубли, бараат да им бидат зголемени платите, за да им остане нешто и за дома.

Рублата изгуби вредност и во однос на другите валути, не само со еврото и доларот.
 
Za a1 od Moskva,Muhamed Zekiri.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom