Многу едноставно. Русите имаат иницијатива на одредени точки на фронтот и телата на своите мртви војници ги собираат пред да дојдат во рацете на Украинците.
Има и многу руски војници ранети и убиени.
Има вистина во ова, напредувањето носи и загуба на жива сила.
Има уште фактори зашто се вакви бројките, покрај тоа што Русите можат да си ги соберат своите убиени и ранети, додека Украинците потешко.
Прв и основен е тој што го наведе, втор е што се’ почесто на фронт Украина праќа бусифицирани(уловени на улица) војници, без обука и без морална подршка, напротив. Трет е што РФ го научи урокот, нема фронтални напади, само стратешко заокружување и гушење. Е тука лежи најголемата причина! Украинските војници не смеат да се повлечат, поради тоа што позади ги чекаат азовци и останати нивни ѓубриња, кои без трунка жал ги застрелуваат. Така тие остануваат во котелот додека не дојдат Русите да ги соберат или уништат. Кому како му се посреќи
Те читам спомнуваш бавно освојување улица по улица или село по село. Да, не е веќе ВСВ2 па ај во јуриш. Со недели и месеци се припремаат нападите и сега фала богу и се води есап за живата сила. Многу од заземените села биле празни пред да дојдат Русите, ама овие идат на голем процент на веројатност, за да ги намалат загубите.
На денешниот фронт, само кај Удачне и Родинске има фронтален судир. Другото е чистење и роварење со дронови воглавном.
И за тебе една новост: РФ веќе се влезени во Покровск. Јас лично не очекував дека ќе го атакуваат сега, ама изгледа ќе ја користат предноста на зелените шумски појаси. Затоа што кога ќе заесени, очекувај доолго статус кво!