Да ама тие погодени подморници или бродови се исто на среќа. Во позадина многу ракети се соборуваат. На пример вчера 3 ATACMS ракети од 6 беа соборени, што укажува на нивната немоќ против саглам ПВО. Тоа со поместувањето на флотата е разумен чекор што секоја морнарица би го направила. Додека со ХИМАРС-от имаме ситуација каде што ,,од што немаат одговор Русите за него", да се користи за хаубици и концентрации на војници. Порано ечеја каналите дека ХИМАРС погодиле многу складишта за оружје, но во последно време се сведе на некоја хаубица, куќа итн. А тоа се должи на електронското попречување на Русите, кое дури и Американците го пофалија.