НЀ ПРСКААТ КАКО КОМАРЦИ, А СИТЕ МЕДИУМИ МОЛЧАТ ЗА ТОА – БАЛКАНОТ ПОД УДАРОТ НА CHEMTRAILS

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Дури гледате нагоре во трејловиве овде долу се испуштаат Берокоиди, тие штетно влијаат на очите а допираат и до џебот :D
 
Јас стојам зад овој проект. Само видете ми го аватаров. Сорос ме плати за ова, исто како и за тогаш два тона етиол ко истуривме во скопскиот водовод. И џабе се лажете капчиња од фолија не помагаат, маме ќе ви расплачеме.
 
Треба да се едуцира рајата.
Ова од насловот на темата е заради контрола на климата и метереолошките услови, од еколошки аспект секако е бајаги штетно.

Ама на форумов да правиш нормален муабет за вакви теми е мисловен поим... ;)
 
24fxnow.jpg
 
Тоа што ја прави оваа тема поинтересна е тоа што и ние сме као демек замешани во една светска теорија на заговор... Ајде Глагол да видиме повеќе факти ? :)
 
Интересно мора да признаам.

Се сеќавам како помал ги гледав авионите на небото и белата линија која ја оставаа зад себе :)
Линијата многу бргу исчезнуваше, после некои 15 секунди.

Ова останува на небото многу многу подолго и создава широк облак.

Искрено ме плаши тоа што речиси сите луѓе веднаш се смеат на сите "теории на заговор", без нималку
да се размисли дали има логика под таа теорија и дали можеби навистина се случува.

Општо светската популација, а и кај нас во Македонија народот е сведен на ниво на амеби.

Можеби е ништо, а можеби и навистина прскаат со штетни хемикалии. Ако сакаат и им е во интерес, им се може.

Еве еден документарец на Youtube баш за овој феномен. Има повеќе од 1 милион прегледи.

 
Интересен наслов кој ме привлече да го прочитам постот, а уште поинтересен пост со помалку пропратени факти и аргументи. Можеби е штетно, можеби не е, ама не ми е јасно, што уствари пробуваат да постигнат со прскањава во атмосфера? Како тоа би влјаело на климата, на метеролошките услови? Вештачки дожд? Стварно не ми е јасно, нели имаше еден куп реклами и документарци по ТВ и интернетов како не треба да се игра со огран пробувајќи со вештачки модификации на атмосферата. Од кај сега ова?
Интересна тема. Баш ме заинтересира сега.
 
Можеби не забележа Damian, на претходната страна го објавив истиот тој филм со превод на македонски ;)
 
Ирина Барет, активист на Еколошкото движење на Србија и дипломец на Институтот за природна медицина во Калифорнија.
Таа тврди дека токму хемтрејловите се една од причините за се повеќе честата појава на тумори и други катастрофални болести кои се јавуваат како резултат на ослабениот од нив имунолошки систем.
Како една од причините за честа појава на хроничен замор, депресија и болестите на многу американски научници велат на Институтот а исто така се најдени и тешки метали откриен во нано-честичките кои се емитирани од авионите.
* Го слабее срцето

- Беа пронајдени хром, никел и алуминиум, кои кога се впуштаат во нашето тело, ја поминуваат бариерата помеѓу мозокот и крвотокот. Докажани е дека тие можат да бидат дирекно поврзани со развојот на Алцхајмерова болест. Штетен е бариумот, кои, освен што е канцероген и води до срцева слабост. Се верува дека хемпрејловите влијаат на формирање на Моргелонсовиот синдром, една мистериозна паразитски болест која создава рани на кожата од која стрчат влакна – објаснува Ирена, додавајќи дека заморот кои заразените го чувствуваат е доволно силен да влијае на нормалните животни активности.
 
од минатото (кога немаше прскања, хемикалии, генетики..) до денес, животниот век на луѓето се зголемува, ако некогаш просечен животен век бил 40, па 50 па 60 години денес е уште поголем. Смо да се кукало и плукало по науката и напредокот, па ојте си в планини чувајте добиток, одгледувајте храна правете си сами алишта и лекувајте се природно. Седнал во климатизирана просторија пред ЛЦД на маса смартфон, на располагање јадење пиење транспорт... не чинел современиот свет. А бе недела дена во природа и самите себе си ќе почнете да се јадите.
 
Шубо ни е небото украсено вие се буните. Расипувачи на забави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom