Како загинал Македонскиот револуционер Васил Чакаларов

  • Креатор на темата Креатор на темата Acohipmk
  • Време на започнување Време на започнување

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.018
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.historyofmacedonia.org
Васил Христов Чакаларов роден 22 февруари 1874 година во с.Смрдеш, Костурско, егејска Македонија, починат на 9 јули 1913 година, Бел камен, леринско, егејска Македонија.

Vasil_Chakalarov2.jpg


Васил Чакаларов - Македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Тој е еден од позначајните војводи на Македонската револуционерна организација и најголемите легенди на Илинденското востание.
Чакаларов учел во грчко училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил четврто одделение и паралелно работел со својот татко на градби низ егејска Македонија и Грција. Во 1894 година запаѓа во костурскиот затвор, но усепал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како чевлар, каменоделец и ѕидар а при престој во Шумен завршил вечерна гимназија.
Во 1900 година Борис Сарафов го испратил во Грција за организирање канал за испраќање оружје и муниција за потребите на ТМОРО. Поставен е за костурски војвода во 1901 година а како член на костурското горско начелство, учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Во илинденското востание ја раководел најголемата чета од 2000 востаници. Учествувал при ослободувањето на Клисура и на Невеска и во борбите кај с.Вишени, костуско-лериснки регион. По востанието, со чета се борел против андартите и против грчката пропаганда во костурско.

Грчките власти го нарекле најголем противник на хеленизмот кој Грција воопшто го имала. Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле "Страшниот Чакаларов", "гркоубиец" и "крвожеден комитаџија". Грките власти по секоја цена ја сакале неговата глава, но Чакаларов ништо не го поколебало, ниту пак исплашило. Напротив, летото 1902 година кулминирале борбите со грчката пропаганда на чело со Коте од Рулја, Чакаларов бил цврсто решен да ги ликвидира андартските чети кои на Македонија и нанесувале многу поголемо зло од османлиските власти.

Во првата балканска војна дејствувал во заднината на грчката армија и загинал кај месноста "Лакото" на планината Вичо, костурско а неговата глава била отсечена.


Vasil_Chekalarov_head.jpg


Отсечената глава на Васил Чакаларов била однесена во Лерин и претставена на народот со повикот: "Нема Чакаларов, нема Македонија". Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Илинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата "Св, Пантелејмон" кој ја погребал на гробишта.

Песна за Чакаларов.
 
Во првата балканска војна дејствувал во заднината на грчката армија и загинал кај месноста "Лакото" на планината Вичо, костурско а неговата глава била отсечена.

Овој дел не ми е некако јасен. Се борел против хелинизмот, а дејствувал со грчката армија во првата балканска војна. И кој го убил?
 
Васил Чакалоров загинал на месноста Бел Камен,убиен е одс страна на грчките четници бидејќи кон крајот на војната се кога видел дека се приближува ново ропство се свртел против нив.Имено неговата смрт е настан кој влечел корени од битките на 4,5 и 8 и 9јули.
Хронолошки тоа би изгледало вака:

- во селото Чеган на 4 јули четата била предададена од стран на гркомански шпиони од селото,дошло до судир во кој чакаларов бил полесно повреден.Неговата чета се дели на два дела.Иван Попов и Пандо сидов заминуваат за Баница.

-на 5 јули Иван Попов и Пандо сидов се убиени,Чакаларов повторно е полесно ранет но успева некако да се повлече кон Вичо планина.

-на 8 јули доаѓа до уште еден судир со грчките четници како што повторно е ранет

-на9 јули на месноста Бел Камен во борба со грчките четници е тешко ранет и таму умира.

Во спомените пренесени од спрана на војниците сведоци на настанот се велидека Чакаларов се борел како збесната мечка,дури и за последен пад пред да биде убиен се дигнал и испукал неколку куршуми од неговиот револвер и така умрел.Потоа капетанот на војската му ја отсекол главата на Чакаларов ја однел во Лерин и таму на цел глас викале и ја шетале низ градот:
Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!

761px-Sborna_cheta_MOO.jpg


Раководството на здружената костурска чета. Христо Силјанов - прв ред, првиот десно, заедно со Васил Чакаларов и Иван Попов.
 
Извинете грешка,во пишувањето таму треба да стои поразени,односно не успеале да ја достигнат целта. ... тоа е само еден мој Lapsus lingva.

На местото во мојот предходен пост каде што стои на 5 јули Иван Попов и Пандо Сидов се убиени, треба да стои на 5 јули И.Попов, Пандо Сидов се поразени. Длабоко се извинувам на сите за грешката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom