Е, денес на МТМ (Локалната Скопска Телевизија) го начекав ремек делово. Последен пат го даваа на МТВ пред 13-14 години.... а денес имав можност да се потсетам на филмов, иако сликата беше бетер од Видео Касета стара 20 години . Роберт З'Дар глумел во филмов, сум заборавил (Maniac Cop)
Oдеше на локалниве телевизии Кисс локалната Тетово го вртеше неколку пати репризно тој период кога можеше да се видат често вакви комедии на тие телевизии.
Памтам кога бев дете на Сител или на А1 ги даваа Гремлини. Филм кој доста го најавуваа додека го дадоа на телевизија. Тогаш на дете ко дете ми беше малку гаден/језив, но сега дури и смешно и глупо ми е за филмов.
И дури сега кога барав за филмов најдов дека бил хорор филм Кај нас го емитуваа во 2 или во 4 саатот поручек, а и реално не личи нешто посебно за да биде хорор
Го памтите исто еден Крт, Амазон, Шутел левел филм, го утепуваа од давање крајот на деведесеттите, со една мајка што ќе стане сериски убиец па после сама ќе се брани на суд?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.