Македонската маркетинг-агенција "Њу Момент" е прогласена за најдобрата агенција за 2013 година на најголемиот Европски фестивал за адвертајзинг.
Освојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато, "Њу Момент" беше најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави во т.н Нова Европа ( Северна, Источна, Централна, Јужна Европа, Русија и Блискиот Исток ) кои учествуваа со свои кампањи и решенија.
Има отворено и веб страна на која можете да ја дадете вашата поддршка, односно потпис за официјално признавање и формирање од Владата на РМ за Национален Ден на Толеранција за духовно и културолошко обединување на Христијаните и Муслиманите во Македонија.
Извор: Мотика
Морам да кажам дека прв пат кога го видов видеото ме остави без зборови. Не знаев дека агенцијата и видеото постојат, а ни најмалку неможев да замислам дека Христијаните и Муслиманите на едно толку малку и навидум безначајно место заедно се молам и ги толерираат меѓуверските односи.
Оваа кампања има целосна поддршка од мене и се надевам дека ќе успеат во намерата, обедување на религиите и спротивставените страни во Македонија и дека конечно ќе почнеме заедно да ги решаваме проблемите наместо поделени и раскарани во безизлезна ситуација и за двата народи.
ПС: Ако веќе има тема за ова тогаш избришете ја оваа. Јас не најдов и затоа решив да отворам нова.