Ötzi (Отци) -снежниот човек

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
http://www.iceman.it/ ( Официјалната негова страна)
https://www.facebook.com/OetziTheIceman

12.10.otci3_.jpg

Мумифицираниот и замрзнат труп на европскиот снежен човек беше пронајден од двајца германски туристи во 1991 година на алпскиот глечер Шналстал на височина од 3.200 метри и првично се сметаше дека умрел од изнемоштеност.во Алпите на границата меѓу Италија и Австрија. Во прв момент се сметаше дека станува збор за непозната загинат алпинист, но подоцна се покажа дека се работи за мумифицирано тело старо повеќе од пет илјади години. Останките на Отци, според палеонтолозите, датираат од периодот 3365 до 3118 година п.н.е.

Во 1998 година Отци беше изложен во Археолошкиот музеј на Јужен Тирол. Меѓуота подоцна беше утврдено дека сепак лежел 90 метри во италијанската територија, па е сместен во музејот во Болцано.

Медицинските истражувања покажале дека Отци пред да загине од стрелата што го погодила во грбот, зацелувал од рана што му била нанесена со тап предмет но која не била смртоносна.

Во 2009 година научникот Андреас Нерлих, раководител на истражувањето направено на минхенскиот универзитет „Лудвиг Максимилијан“ соопшти дека медицинските истражувања покажале дека Отци пред да загине од стрелата што го погодила во грбот, зацелувал од рана што му била нанесена со тап предмет но која не била смртоносна.

Во истражувањата на причините за смртта на снежниот човек кој живеел пред пет илјади години учествуваа едни од најпознатите светски стручњаци од повеќе области. Специјалноста на професорот Нерлих и неговиот тим е разгледување на хемиските процеси во живо ткиво за да можат да утврдат колку време изминало од неговото ранување до настапувањето на смртта во снеговите на Отцал.

Германските експерти тврдат дека раната на грбот ја потврдува претпоставката дека Отци бил гонет кога бил убиен. Раната од тапиот предмет, исто така, се наоѓала на неговиот грб, малку под раната од стрелата.

„Тие открија податоци за староста и за тоа по кој редослед настанале раните, односно дека браздата на неговата рака настанала неколку дена пред да настапи смртта и е направена од остар предмет сличен на нож. Што значи дека во текот на само неколку дена здобил две рани, кои може да значат дека имало и два одвоени напада врз него“, сметаше Нерлих.

Некои од палеолозите кои ги проучувале останките на Отци, сметаат дека кога починал, тој бил на 46-годишна возраст. Неговото оружје и облеката им овозможувааат на научниците да го реконструираат начинот на живот на Европејците од каменото доба.

Подоцна, пак, според материјалот што во вторникот го објави Nature Communications, група научници предводен од Алберт Цинк од Институтот за мумии и снежниот човек во италијанскиот град Болцано започнале реставрација на геномот на Отци кон средината на летото 2010 година. Во ова време, научниците откриле дека алпскиот снежен човек, најверојатно имал кафени очи и страдал од крлежи кои пренесуваат борелиоза - тешко излечива болест, којашто најверојатно убила многу древни Европејци, доколку не починал од раните, за коишто во претходните истражувања пишуваа во 2009 година германските форензичари.

Како навистина изгледал ... ( Ова е неговото вистинско лице конструирано со реконструкција )

12.10.otci4_.jpg

Австриските научници открија дека алпскиот снежен човек Отци, чиешто 5.300 години старо тело пронајдено во Алпите, денес има 19 живи потомци.

Врската меѓу нив е утврдена со ДНК анализа којашто ја спровеле научниците од медицинскиот факултет од Инсбрук, На тие деветнаесет мажи се` уште не им е соопштено дека имаат славен предок.

Раководителот со истражувањето Валтер Парсон изјави за австриската новинска агенција APA дека научниците испитувале ДНК од 3.700 примероци на дарители крв во Тирол и откриле точно одредена генетска мутација којашто 19 мажи ги поврзува со Отци. Жени не учествувале во истражувањето.

До крајот на 2011 година Цинк и неговите колеги го завршија процесот на проучување на геномот на Отци. Научниците биле во можност да сигурност да „прочитаат" околу 96 отсто од целата должина на човечкиот геном на Отци со просечна точноста од 7,6 читања по еден нуклеотид - ткн „тула" на ДНК. Истражувачите направила споредба на градбата на геномот на алпскиот снежен човек со структурата на ДНК на модерните Европејци за да го утврдат неговото потекло. Тие потоа ги идентификувале оние делови на геномот кои се разликуваат кај современите луѓе и Отци.

Се испоставило дека древниот снежен човек од Алпите бил далечен роднина на современите жители на јужниот дел на Европа, кои живеат во релативно изолирани популации на островот Сардинија, како и во други области околу Тиренското Море. Како што веруваат научниците, тоа е сосема разбирливо - современите жители на медитеранските острови во минатото живееле на Алпите, а дури подоцна мигрирале кон сегашните нивни живеалишта.

Научниците потврдија дека алпскиот снежен човек имал кафени очи, додека кај современите Европејци со слични мутации во гените, бојата на ирисот е кафена во 80 отсто од случаите.

Покрај тоа, во човечкиот геном на Отци научниците откриле мутирана верзија на генот одговорен за разделување на лактозата, природен засладувач во составот на животинското и мајчиното млеко. Според генетичарите, алпскиот снежен човек не можел да пие млеко во зрелата возраст, бидејќи во неговиот геном биле оштетени двете копии на тој ген.

Како што утврдиле научниците, Отци бил генетски предиспониран за голем број болести на срцето - коронарна артериска болест, атеросклероза и инфаркт. Ова се потврдува и со фактот дека порано во крвните садови на мумијата биле пронајдени траги на калцификација и холестрол.

http://www.makfax.com.mk/320430

Местото на наоѓање ....

977996_632739713421116_550441920_o.jpg
 
Баш сакам да дознаам кој се тие деветнаесет мажи :)
http://www.20min.ch/schweiz/news/story/30215621

Еве го едниот од нив .....

се престави во јавноста пред некој ден .... баш личат по градбата на лицето :)

82087-n_55iuZjFOieBeuSs_kedQ.jpg

--- надополнето: 14 октомври 2013 во 22:52 ---
И поправка ... Најде ни се досега 22 роднини .... се зголеми бројот на пронајдени ... :)
 
нема врска тоа дека Отци има наследници....
по таа логика, и во МКД има луѓе со DYS19,...
ако некои луѓе имаат иста днк, тоа незначи дека се директни роднини...
пример, Y dna hg E-M78 V13, е со старост ~11.000 год во Албанија, а ~4.000 год во Косово...
но, тоа незначи дека тие и живееле тука...

т.н. наследници може да се доселени пред Отци, или по него, но може да се и негови чеда...
Whether this impressed the ladies is a moot point—some researchers suspect Ötzi might have been infertile.
http://news.nationalgeographic.com/news/2013/10/131016-otzi-ice-man-mummy-five-facts/
 
Море, ќе видите сите вие само ако се открие дека Александар Македонски ми е роднина! Тешко вам! Има да ве доведам во ред - што е ова : многу сте се распашале?!
 
нема врска тоа дека Отци има наследници....
по таа логика, и во МКД има луѓе со DYS19,...
ако некои луѓе имаат иста днк, тоа незначи дека се директни роднини...
пример, Y dna hg E-M78 V13, е со старост ~11.000 год во Албанија, а ~4.000 год во Косово...
но, тоа незначи дека тие и живееле тука...

т.н. наследници може да се доселени пред Отци, или по него, но може да се и негови чеда...
Whether this impressed the ladies is a moot point—some researchers suspect Ötzi might have been infertile.
http://news.nationalgeographic.com/news/2013/10/131016-otzi-ice-man-mummy-five-facts/

Може и тоа имаш и други добри примери .... Конфучие побарај .... Го има најстарото семејно стебло познато на човек .... Во Кина негови наследници има преку илјадници ....

http://en.m.wikipedia.org/wiki/Family_tree_of_Confucius_in_the_main_line_of_descent

А човекот ти е роден околу времето на Александар Македонски и е основач на светска религија .... ти се молам ....

http://en.m.wikipedia.org/wiki/Family_tree_of_Confucius_in_the_main_line_of_descent

Имаш дури и 100 фамили во Јапонија со преку 1500 старост години кои си ги знаат Предците .... Најстарото семејство во Македонија кое живее во Ресен има директни врски со Цар Самоил,ќе ти потврди професорката Татјана Павловска ....

http://en.m.wikipedia.org/wiki/Confucius_Genealogy_Compilation_Committee

Death and Legacy делот

http://en.m.wikipedia.org/wiki/Confucius
 
Vori, дали знаеш дека генеологијата нема врска со генетика?
тие бројките што си ги навел, се глупости...
отвори си ја викисерија на ѕ дна хг Ц, и види колку линии има...
во Кина и Јапонија има и други У дна хг, па според тоа, Конфучие може да биде прататко на одреден процент луѓе, и комшијата му исто, и т.н....

секако, под услов, секоја генерација да имала машко дете, што е малку веројатно...
секој од нас, нека размисли, има машки роднина кој нема синови, туку има ќерки, или недај боже, нема деца...

Цар Самоил може да е митолошка личност (не постои ниеден форензички доказ дека постоел) и погоре споменатото важи и за него...
Македонците имаат 263 хаплогрупи, која е од Самоил?...кој ја одредил машката и женската днк од Самоил?

јапонците...направи проста математика колку луѓе би биле потомци од само еден пар луѓе за период од 1500г...

п.с..
античката днк од европа покажува дека луѓето од у дна хг Г, се големо мнозинство, скоро сите, старото население од Европа....
со векови и милениуми, таа у дна хг Г е доминантна во ЕУ, Отци може да биде секој од тогашните европејци, денешниве европејци не се поврзани со него, после Отци времето, генетската слика е тотално променета...
 
оф мори мајко , Самоил не постоел ,а гробот и телото му е најдено на остров на Преспанско Езеро од грчка страна , па Грциве го предадоа на Бугариве :facepalm:
 
Кој е доказот дека најдениот гроб е гробот на Самоил? Ако беше така на сите ѕвона Бугарите ќе го “тресеа“ тоа...
Самоил починал во Прилеп и не постои запис за неговиот погреб, ниту дека неговото тело е транспортирано до Преспа и таму закопувано, па уште и на Малиот Остров....И зошто би бил носен таму, а не во Охрид на пример? Или закопан во Прилеп? (и Прилеп бил дел од неговото царство).
Се сомневам и во верзијата за неговата смрт. Демек : “Срцето му препукнало кога ги видел своите војници ослепени“! o_O
Доколку и починал тогаш поверојатно е да е убиен од некого од неговите блиски велможи, или од ослепените војници и војсководци, отколку да му се нажалило за слепите војници (да се потсетиме, станува збор за човек кој расчистил со своите браќа за кои не му било жал, а ваму се нажалил за слепата војска и умрел :rolleyes: ).
--- надополнето: 27 октомври 2013 во 22:29 ---
“Наоѓањето“ на Самоиловиот гроб е најверојатно вршење на услуга едни на други помеѓу Грците и Бугарите и резултат на меѓусебен договор и заеднички политички интереси. Зошто е пронајден гробот БАШ во Грција?!?!?
-Затоа што Бугарите (или Грците - сеедно) не можеле тој трик да го изведат во соработка со Македонците односно Југословенските власти...
Јас мислам дека станува збор за фалсификат кој не е тешко да се открие па затоа не е толку познат и експлоатиран во јавноста.
 
оф мори мајко , Самоил не постоел ,а гробот и телото му е најдено на остров на Преспанско Езеро од грчка страна , па Грциве го предадоа на Бугариве :facepalm:

еве, ветувам, ќе ти платам пат, да му ставиш цвеќе на гробот на Самоил...
п.с.
В'преки отс'ствието на надписи Муцопулос предполага, че това са гробовете на Самуил, племенника му и последен владетел на п'рвото б'лгарско царство Иван Владислав, зет му Иван Владимир и сина му цар Гавраил Радомир.
Муцопулос, Николаос. „Базиликата „Свети Ахилиј“ в Преспа. Един исторически паметник-светинја“, Софија, 2007
http://e-vestnik.bg/370/
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Samuel_of_Bulgaria#Family.2C_grave_and_legacy

Samuel's grave was found in 1965 by Greek professor Nikolaos Moutsopoulos in the Church of St Achillios on the eponymous island in Lake Prespa. Samuel had built the church for the relics of the saint of the same name.[129] What is thought to have been the coat of arms of the House of Cometopuli,[130] two perched parrots, was embroidered on his funeral garment.
His remains are kept in a secret location in Greece, but according to a recent agreement, they may be returned to Bulgaria and buried in the SS. Forty Martyrs Church in Veliko Tarnovo, to rest with the remains of emperors Kaloyan and Michael Shishman.[1

--- надополнето: Oct 28, 2013 4:01 AM ---

и те молам не бегај од темата ,бидејќи ова е за Отци .... немам намера повеќе да се расправам со тебе , забегуваш ....
 
кајгана треба да внимава, форумот да не биде дел од вики-сери-ја....
исто, наликува на собиралиште на забегани, како примерот со Vori...

Отци, е најсличен на популацијата од Сардинија, која потекнува од
МАКЕДОНИЈА

About one in five people in Switzerland are affected by lactose intolerance
http://www.aha.ch/swiss-allergy-cen...lerance/lactose-intolerance/?oid=1470&lang=en
тоа е спротивно од времето на Отци, кога сите европјани биле lactose intolerance луѓе....
Швајцарците може да дошле од секаде на Алпите...

Отци имал Lyme borreliosis, болест од крлежи...
крлежи, веројатно добил од добитокот, или можеби од мечките или лисиците по Алпите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom