Аронија - лековити својства

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Анчо, еве јас би земал некои десет кила... ако е цената добра.
Почињај го тоа списокот.

Пари директно на трансакциска сметка или...?
Еве се пријавувам и јас да купам неколку кила ако цената е поволна. чичко @Anco запиши ме и мене во ќитапот. (y)
И на лекар резултатите ми се во граница на нормала.
Не е за диета работата, туку како да се храниме здраво и да ни премине во навика. Пример прво прочитав дека маргаринот е штетен - го исфрлив, после прочитав дека од свинското се добиваат болести - го намалив, после не јади сувомеснато - ќе добиеш рак, добро и тоа напоље. После не јади бел леб е штетен, јади црн, јадев. На крај кога ќе сумираш ти останува да јадеш само вакви ствари аронија, лимон, боранија, брокула, риба нели за да не фатиш некој рак, на сите ни се живее. И потоа сфаќаш дека поздрав си бил кога си јадел се од штетното, а сега не те бива.

Не читај такви работи, ако почнеш да ги слушаш сите совети за здрав начин на живот треба да се откажеш од животот, да не пиеш вода и воздух и да не дишеш. Бидејќи нели и тие денес се загадени и канцерогени и предизвикуваат малигни заболувања. Земи пример од нашите баби и дедовци пред еден век коишто ниту некогаш слушнале за здрава исхрана ниту ја применувале, интегрален леб со очи не виделе. А сепак биле далеку поздрави од нас денес коишто сите сме на органска исхрана аронии, вегетарјанство, ведска храна и пак неможеме со здравјето да се оправиме.
 
На вкус не е ништо посебно, али дека е здрава, здрава е многу. Имав и јас проблеми со крвната слика, особено со железото и ни апчиња ни ништо не помогна толку колку конзумирањето на овој природен лек :).
 
Секаде различно пишува. Некој вика од 10/15 дневно, некој 7-10, некој од 3-5, некој до две на ден. Јас почнав со десет на ден, сега по четири на ден пијам со цеден сок од портокал ги ставам и нив со портокалите заедно. Некако ко гадни ми беа да ги јадам.

Некое подобрување немам забележано. Освен од кога почнав да јадам пред неколку месеци „здрава храна“ нали се зеленчуци, овошје и избегнувам свинско месо, некако полошо ми е на организмот. Немам сила, никаква енергија, почесто се разболувам. Ќе помислам дека ова со здравава храна е чиста глупост али ај.

Борании, моркови, аронии...златн свињетина али ајде сите трубат и ние да пробаме како е.
хаха, ја сонувам чваркиии и ајвар на врел леееб :pos:

Туку дали знае некој рецепт за правење сок од аронија? нешто као сок од вишни или кајсии, да може да се флашира за во подрум. И дали ќе ги задржи својствата или ќе остане само обичен сок полн шеќери за 200-400 денари кило?
 
хаха, ја сонувам чваркиии и ајвар на врел леееб :pos:

Туку дали знае некој рецепт за правење сок од аронија? нешто као сок од вишни или кајсии, да може да се флашира за во подрум. И дали ќе ги задржи својствата или ќе остане само обичен сок полн шеќери за 200-400 денари кило?

Болдираното е она што ќе се деси. Затоа јади свежа или замрзната.
 
Аронијата е витаминска бомба. За сите оние што страдаат од слабокрвност, топло им ја препорачувам. Јадете најмалку 10 зрна на ден. Јас често ја блендирам во комбинација со банана и млеко. Превкусен шејк :)
 
Правев крвна слика и коа ќе видам слаба крв, одма почнав со аронијата едно 20 на ден умерено, си ја јадам полузамрзната без ништо баш ми е добра.
 
Ako nekoj saka prodavam aronija sveza sega e na rod odnosno zree plodot ke stasa sredina na juli!
 
Која цена 1кг?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom