Финансиско затварање во САД

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
http://www.sitel.com.mk/mk/finansisko-zatvaranje-vo-sad-800000-administrativci-na-ulica


Финансиско затварање во САД – 800.000 административци на улица


За првпат во 17 години американската влада прогласи делумно финансиско затварање откако двата дома на конгресот не успеаја да се договорат за единствен закон за трошоци, со кој ќе се подигне горната граница за задолжување на владата.

Причината за блокадата е несогласувањето на демократите и републиканците за законот за здравствена заштита наречен Обамакер.

Републиканците се против законот, а демократите не се сложија за негово одложување.

Со тоа финаниската блокада централната влада нема да може да исплаќа пари кон голем број институции и државни службеници. Заради тоа 800.000 федерални работници во разни служби од денеска се под привремена суспензија.

Меѓу агенциите кои се засегнати со затворањето се националните паркови, агенциите за безбедност во сообраќајот, Одделот за одбрана. Обама најави дека ќе потпише закон со кој ќе продолжи плаќањето на војниците и дека ќе прави напори за деблокада на владата во Конгресот.

Финансиското затварање кое, според експертитем ќе лошо влијание врз целата економија, сепак нема да биде пречка за стартот на Обамакер, проект со кој ќе се обезбеди здравствено осигурување на десетици милиони Американци кои го немале.

САД оди во нова економска авантура. Може ќе им треба војна да се покрие.
 
Е ова нам ни треба,или ќе биде и кај нас по некое време.
Кога ќе биде 1 вработен на 1 пензионер.
Е како е на запад во земји со 2 милиони,колку имат таму администрација.
КОЛКУ МИНИСТЕРСТВА И ПО КОЛКУ ВРАБОТЕНИ ВО НИВ.
Овде слободно пола треба да напуштат и пак да си врви работата.
 
Сакаат да ја покачат горната граница на задолжување, уствари да почни коста абраш со печатење долари... зошто Америка скоро секогаш се позајмува од Америка. За инфлацијата не е проблем, ке ја дивертираат глобално кон пазарот што се базира на долари. Нафта, оружје...итн итн.

Колку за информација, моментално националниот долг им е 50%+ од БДП(грубо), и тој изнесува:
16,745,478,992,016.79 $ (ова, јас ко проверив беше... секоја секунда се зголемува за 21,000 $)
 
Ако,ако нека отпуштаат повеќе административци кое е десна рака на бирократи колку појќе отпуштени толку ќе паѓа цената на нафта ;)
 
Губи здив америка и се ближи крајот.
Ме интересира кој или кого ќе го назначат стечаен управник да биде.

ССАД (Соединети Социјалистички Американски Држави).
 
Ништо не им е на американците со ваквото делумно, а не целосно, финансиско затворање на владата на САД.

Од витално значење на секоја држава е без прекин да функционираат полицијата, војската, правните, здравствените и образовните институции, а во САД тие и понатаму функционираат без никаков прекин и без никаков недостаток на финансии и/или било какви најосновни средства за непрекинато функционирање.

Се разбира, тука се Барак Хусеин Обама и неговата влада за да се закануваат отворено и јавно со затворање на училиштата, болниците, судовите, воените бази, поморските бази, воздухопловните бази и полициските станици, додека истовремено не планираат да скратат ниту 1 (ЕДЕН) цент од стотиците милиони долари кои секоја година ги троши американското прво семејство на одмори низ Шпанија, Јужноафриканската Република, Мексико, Хаваите и ред други туристички места.

Американскиот Конгрес веќе има усвоено неколку резолуции со кои се продолжува финансирањето на клучни сектори во САД и без усвоен буџет и без зголемена граница на задолжување.

Ова ниту е прв пат да се случи нешто вакво во САД, ниту ќе биде последен пат.

Но уште поважно, верувале или не, американците имаат причина зошто да се радуваат на ваквата вест. Последен пат кога се случило делумно финансиско затворање на владата на САД, било во периодот од 15 декември 1995 до 6 јануари 1996, бидејќи владата на Бил Клинтон одбивала да користи официјални и службени бројки од американскиот Конгрес при подготвување на наредниот буџет на САД, а компромис бил постигнат дури 3 недели после делумното финансиско затворање на владата на САД.

Американците помнат дека во тој период, поради недостаток на финансирање, инспекциите речиси ги снемало, а тие 3 недели за американците биле вистински Божиќен и новогодишен благослов, бидејќи си терале бизнис без никакви грижи од било какви инспекции, прекршочни казни и/или затворања на нивните бизниси и се разбира, оствариле огромен профит.

Со други зборови кажано, додека Барак Хусеин Обама, кој дури и во 2009 и 2010 година кога имаше сопствено мнозинство и во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат, сепак не успеал ниту еднаш од кога стана претседател на САД во 2009 година, па се до денешен ден, да усвои барем 1 (ЕДЕН) буџет на САД, бара виновници за проблемите кои тој ги има предизвикано, наместо да бара и да имплементира решенија за истите тие проблеми, американците од друга страна и тоа како имаат причина да се радуваат на ваквата вест.

Се разбира, ќе мораат да продолжат да плаќаат даноци и редовно да си ги подмируваат сметките и долговите, но нема да се плашат од било какви инспекции, бидејќи инспекторите кои ниту примаат плата, ниту имаат пари за превоз од работното место до местото каде што треба да извршат инспекција, не планираат од свој џеб да си ја плаќаат сопствената работа, поради што, додека трае ваквата финансиска блокада, американците ќе си заработат добра пара.

Лично им завидувам на американците во моментов и посакувам да сум на нивно место, да видам како се води бизнис без страв од неочекувана инспекција која и за најситната грешка ќе ти наплати драконски казни, а можеби дури и ќе ти го затвори бизнисот.
 
Ова ти се вика 24 декември на американски начин.Доколку би се радикализирала состојбата во сенатот,кој ли само би го викнале да ги смирува?
 
САД се распаѓаат од 2001со обмислениот напад па со кризава па сега ова. Приказна за мали деца оти ќе се распаднеле.
 
Готова е, ќе пропадне.
Детроит,блокиран буџет, а сигурно има и уште нешто што уште не се кажува во јавност,а кој знае и колку должи на НАТО .
Ова ми личи на држава пред банкрот само некој треба да го објави.
 
Детроит,блокиран буџет, а сигурно има и уште нешто што уште не се кажува во јавност,а кој знае и колку должи на НАТО .
Ова ми личи на држава пред банкрот само некој треба да го објави.
Да и јас така мислам.
Сигурно после од нас кредити ќе бараат, триј си рачиња.
 
Сакаат да ја покачат горната граница на задолжување, уствари да почни коста абраш со печатење долари... зошто Америка скоро секогаш се позајмува од Америка. За инфлацијата не е проблем, ке ја дивертираат глобално кон пазарот што се базира на долари. Нафта, оружје...итн итн.

Колку за информација, моментално националниот долг им е 50%+ од БДП(грубо), и тој изнесува:
16,745,478,992,016.79 $ (ова, јас ко проверив беше... секоја секунда се зголемува за 21,000 $)
На кого Америка уствари му должит толку пари,прашање е сега?Која е таа организација шо има олку пари?Економијата е една голема измама и и опасен алат за манипулирање на цели држави и народи.Америка им должи пари на своите државни резерви:confused:,оди сега најди им го крајот на манипулантиве!:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom