Што слушаме во моментот? (Читај правила)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Kansas - Carry On Wayward Son

Оценка ќе бидам субјективна затоа поарно да не :) Зошто ја сакам (настрана љубовта кон браќата Винчестер :))? Ме потсеќа на невидена тага, на човек кој премногу страдал и е подготвен да го напушти светов. Некако ме тера да сочувствувам.
 
Society
Испеана од Еди, одсвирена на неговото гитарче.. Го изгледав филмот, ми отвори нов простор за размислување, нови желби и замисли шо би сакал да ги испунам, ако не овој, у некој нареден живот. Така со леснотија да можам да ги запалам парите, да живеам во предгратките на природата како што сакам и како што таа сака и да, друг е филингот на песнава после изгледаниот филм. Ќе дознаете за што зборам на линкот. Тоа е мојта прикаска за песнава.
 
Слушам га цел албум од Eric Burdon-No more war
Најјака трака у цел албум е Tobaco Road, еве гу на јутуб лајф наступ кој вреди да се слушне !
 
Архангел - Ладно Оружје
За сите возрасти
нови радости
Тие знаат најдобро
што ни е потребно

И што е модерно,
се е скроено
Боже, овде гледам само робови!

Нови градови,
крвни садови
Боже, овде гледам само гробови!

И мислиш, важно е што е вистина
Важно е само како изгледа

И јас сум нечие ладно оружје
 
Филип Поповиќ - Дрвозбор

Музика испирирана од пред се` јужнословенскиот фолклор, но со една малце помрачна нишка. Поради импресионираноста од предхристијанските многубожни религии, и од тој историски период воопшто, овој жанр често добива етикета „пагански“, но јас не би користел тој назив.

Ова е еден ентузијастички „албум“ на еден малолетен Црногорец. Трае вкупно 12 минути, лоша снимка, тука-таму некој фазла звук, но тоа и не е толку важно. Детето само си компонира и си снима албум! Од мене има едно големо браво!
 
Kasabian-U Boat

Видов едно другарче дека ги простудира (Божино) па добив желба да ги слушам повторно. Во лап топов го имав само последниот нивни албум. Старите заминаа со прегорениот хард диск од десктоп компјутерот.
Таман се за со денов. :)
 
Архангел - Владимир

Толку многу ја сакав песнава на некои 17-18 години што си викав дека ако имам син ќе се вика Владимир. :) После многу долго време, ги пуштив пак ... за едни далечни времиња во младоста. Вие сте криви!
 
The Beatles - Let it be
одамна ги немам слушано па денес ете ми притекна малку да си ги ислушам песничинава со кои растев :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom