Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.412
- Поени од реакции
- 6.017
Често ја слушаме изреката „не ги судете книгите според нивните корици“ најчесто во преносна, но и во буквална смисла.
Оваа тема е токму за нив, за кориците на книгите. Колку изгледот и дизајнот на корицата знаат да ве привлечат да ја земете книгата во рака и да ве заинтересираат за содржината? Од досегашното искуство колку кориците ја откриваат внатрешноста, замислата за физичкиот изглед на некој лик или воопшто целата атмосфера?
Блогот за книги, дизајн и култура casualoptimist направи сопствен избор на 50 најдобри корици за книги. Можете да ги погледнете на линков.
Во темава, изделете ги омилените дизајни и корици што ви го привлекле вниманието и образложете зошто токму тие.
Еве ги моите:
1. „Парфем“ - Патрик Зискинд
Бидејќи главниот мотив и главната атмосфера во романот се мирисите и жените, но и мириси од секаков тип, дизајн со цвеќиња кои обликуваат женско тело е идеалниот избор. Не открива многу за приказната, сосема малку ја загатнува, а е одлично решение за да ве примами да ја земете од полица.
2. „Името на розата“ - Умберто Еко
Огромна стара книга (што би рекла една моја професорка - капитално дело) со излитени страници и кожени кафеави корици. Оддава впечаток на нешто древно и полно со знаење. Љубителите на книги веднаш ќе се залетаат по неа.
3. „Пеколен портокал“ - Ентони Бурџис
Можеби насловот на романот не е соодветен, но окото на ликот дефинитивно кажува повеќе и од самиот наслов. Нема да откривам повеќе заради оние што го испуштиле ова дело.
4. „Куцкамен“ - Хулио Кортасар
Бидејќи детството е игра и книжевноста е игра. Барем Кортасар ја сфаќа како игра, со различни стилови си поигрува со зборовите и прави една мешавина, скокајќи како детските нозе од една на друга плочка. А како поинаку би го претставиле тоа освен со креда на улица?
5. „Океан, море“ - Алесандро Барико
Едноставно, но убаво, лирично и поетично. Смирено. Како самата негова проза. Погледот се губи во синилото на морето, спојувајќи се со небото. Обид да се пронајде точката што ги поврзува или обичен восхит. Откријте сами.
Постирајте максимум 5 дизајни со објаснување зошто токму тие корици се вашиот избор. Обично постирање сликички ќе биде избришано, бидејќи не е целта да ја претвориме темата во сликовница.