Соларен процесор

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.949
Поени од реакции
1.510
Извор: http://kajgana.com/kompjuterski-procesor-od-grafen-koristi-svetlo-mesto-struja

Компјутерски процесор од графен користи светло место струја

Текст: Д.П.
Наука | 18 септември 2013
----
Графенот се смета за најсилен материјал на светот, а во иднина би можел да се користи за производство на компјутерски процесори кои би користеле светлина место електрична енергија.
kompjuterski-procesor-od-grafen-koristi-svetlo-mesto-struja-150249.jpg

Идејата ја развиваат научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс, во соработка со Универзитетот Колумбија и истражувачкиот центар Т.Џ. Вотсон на IBM, а процесорот користи светлина за претворање на електроните во електрична енергија.

Ова решение би ја намалило потрошувачката на електрична енергија и создавањето на топлина, а освен тоа би биле полесни и побрзи за производство, пишува Mashable.

Ова не е првпат графенот да се спомнува и да се поврзува со модерна технологија, бидејќи годинава Европската унија и додели на Nokia грант од 1,35 милијарди долари да развие применлива верзија на материјалот кој е 300 пати посилен од челикот.

Во 2010 година двајца истражувачи на графенот добија Нобелова награда за физика откако демонстрираа како проѕирниот и флексибилен материјал може да се користи за екрани осетливи на допир, соларни келии или светлосни панели.
видео
----


Интересно...
Само дали овие уреди ќе работат доволно ефикасно во затворена просторија, а ноќе, а на светло од сијалица, а на различен тип на осветлување? Додатно, претпоставувам дека куќиштето ќе треба да биде транспарентно, исто така голем удел ќе има поставувањето на уредот „на лице“ - со колектор страната кон изворот на светлина. Како и да е добар концепт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom