Подвиг на Михајловски: За 30 години ги преведе сите дела на Шекспир

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Работев првин на машина за чукање, а потоа од 1992 година и на компјутер. Во меѓувреме ги пишував своите раскази, романи, бев пристоен сопруг, држев предавања, раскажува македонскиот книжевник


Хамлетовото „Да се биде или не, прашање е сега“, веројатно уште пред 30 години си го поставил нашиот преведувач и книжевник Драги Михајловски. Тогаш, без претпоставка кон што ќе водат тие чекори, ја почнал својата животна мисија – да ги преведува делата на генијот Вилијам Шекспир.

Благодарение на тој негов децениски труд, од пред само неколку денови на македонски јазик е достапно делото „Сите драми и сонети“. Во книгата на 1.650 страници се преведени, како што и насловот кажува, сите дела од најеминентниот светски драмски автор, Шекспир. Овој подвиг од книга ќе доживее своја промоција утре (среда) напладне во Друштвото на писателите на Македонија.

Михајловски за делото вели дека тоа е врв во неговата преведувачка кариера. Во сиот тој процес нашиот книжевник, како низ временска машина, го доживувал Шекспировото време во корелација со сите прилики и неприлики што ги носело и ги носи времето на неговата сегашност.


- Потребни ми беа триесет години. Првин на машина за чукање, а потоа од 1992 година и на компјутер. Во меѓувреме ги пишував своите раскази, романи, бев пристоен сопруг, држев предавања – вели Михајловски.

Иако скромен во изјавите, Михајловски сепак, очигледно среќен, вели дека со книгата конечно го достигнал врвот во преведувачката активност.

- Шекспир е врв на мојата преведувачка кариера и не мислам дека по него ќе преведувам – категоричен е Михајловски.

Истакнува дека делата на Шекспир живеат во еден севремен свет и додава дека секогаш, во кој било дел од човековата историја е време за поставување на Шекспир на сцените. За нашето современо македонско општество, пак, вели дека е соодветно на драмата „Хамлет“.
Дел од творештвото на Драги Михајловски (Фотомонтажа)

Дел од творештвото на Драги Михајловски (Фотомонтажа)

- Хамлет е секогаш актуелен, со дилемата на интелектуалецот. Но, тука се и политичките драми „Коиролан“ или „Антонио и Клеопатра“. Нема тема што Шекспир не ја начнал во своите 37 драми и 154 сонети – вели Михајловски на прашање, која Шекспирова драма е најсоодветна за нашите актуелни општествени превирања.

Најавеното спуштање завеса врз преведувачката кариера, сепак, не значи крај и за творечката страна на Михајловски, кој кај помладата читателска публика е особено популарен со неговите кратки раскази. Вели дека ќе продолжи да твори и да истражува преку светот на книжевноста.

- Тешко дека ќе преведувам. Мислам дека ќе пробам да пишувам само оригинална литература. Теми има многу, потребни се само инспирација и здравје – вели Михајловски.

На нашата книжевна сцена Михајловски, освен како преведувач, присутен е и како прозен творец, книжевен теоретичар и професор по книжевност. Секојдневието на индивидуата и нејзиниот обид да се смести себеси и своите пориви во контекстот со општествените норми се најчеста тема во делата на Михајловски.

Негови се збирките раскази „Речно улиште“, „Ѓон“, „Скок со стап“, „Триполската капија“, „Раскази од шести кат“, „Пеперуткарот“. Македонската книжевност тој ја збогати и со романите „Пророкот од Дискантрија“ од 2001 година, „Смртта на дијакот“, објавен во 2002 година, „Мојот Скендербеј“ од 2006 година, како и „Бајазит и Оливера“ што го објави во 2009 година.

(Тоше Огњанов/Телеграф.мк)


*******************************************************************************************

Еве доказ дека сепак во државава имало луѓе што имаат корисни цели во животот, колку што имам чуено човеков е професор на Филолошкиот факултет и во споредба со други професори што ги мрзи да дишат, на човеков треба да му бидат дадени пофалби како од колегиумот на Универзитетот, така и од државниот врв.
 
Секоја чест за човекот, но малку е смешно затоа што Шекспир своите најпознати дела ги напишал во период од 25 години, додека на профава му требале 30 за да ги преведе. :D
 
Па не е смешно. Да се преведува е занает и е поразлично од пишувањето. :) Особено ако тоа човек го работи педантно како Драги Михајловски. Па и на некој начин, преводот е и занает, но и уметност. Одново пишување на делото, навлегување во сите слоеви однадвор. Кај нас што се има пракса да им се дава краток рок на преведувачите, чудно изгледа она другото - поисправното. :)
 
Секоја чест за човекот, но малку е смешно затоа што Шекспир своите најпознати дела ги напишал во период од 25 години, додека на профава му требале 30 за да ги преведе. :D


ke ti dadam edno delo prevedi go...Hamlet....ke ti trebaat 20 godini...mozda i vise....toa e kako da pisuvas nova kniga...
 
Е кога вакви професори а со тоа и стручњаци би имале и ние
уште ама на електро, машински и технолошки факултет,тогаш
и ние ќе бевме дел од екипите за освојување на вселената.
 
Досега немало издадено некој негов превод на Шекспир во посебно издание, така?
Баш би сакал да го видам преводот. Не се сомневам дека ќе биде квалитетен штом е направен со толкава посветеност.
Преведувањето е крајно занемарено денес и со тоа се губи многу од првичната вредност на оригиналот. Овој труд е за поздравување.
 
Досега немало издадено некој негов превод на Шекспир во посебно издание, така?
Баш би сакал да го видам преводот. Не се сомневам дека ќе биде квалитетен штом е направен со толкава посветеност.
Преведувањето е крајно занемарено денес и со тоа се губи многу од првичната вредност на оригиналот. Овој труд е за поздравување.

Овде. :)

Да напоменам, линков не е пиратерија бидејќи Creative Commons слободно ги споделува на нет, има откупено лиценца за истото и дозволува нивно преземање доколку се наведе изворот.
 
Овде. :)

Да напоменам, линков не е пиратерија бидејќи Creative Commons слободно ги споделува на нет, има откупено лиценца за истото и дозволува нивно преземање доколку се наведе изворот.
I thank thee. :)
Ми се допаѓа преводот. Сега го прелистував „Ричард Трети“ и го споредував со оригиналот и мислам дека професорот завршил одлична работа. Треба целосно да се прочитаат повеќе дела за да се донесе вистински заклучок не мислам дека тој нема да биде различен.
 
Секоја чест, јас сум воодушевен. Му симнувам капа. Всушност му симнувам две капи.
Само штета е што живееме во таква држава и такво општество, каде што оваа вест е маргинална и луѓето не знаат да го ценат ова, а Сораја и Станија уште од фрижидер не ни излегле и ни се главна преокупација.

И некој се смее затоа што 30 години му требало... па видете, тој сигурно не седел 30 години дома и не преведувал постојано.
 
Голем респект за човеков. Ваков подгив е навистина тежок, колку и да изгледа многу, 30 години за да го преведеш Шекспир е одлична кампања бре. Шекспиер е еден и единствен, најкомплицирани драми, со многу страни. А башка на тоа, професионален превод треба да изгледа како книгата да е напишана на македонски, да не биде ко на гугл транслејт. Затоа луѓе што не се запознаени со превод и толкување вакви работи не ги рецкаат, мислат дека е гола вода, ама не е така. Не ја имам читано книгата со негов превод, ама како и да е, сигурен сум дека е професионално завршено.
 
Не го знам лично, нити, ако не се лажам, не сум прочитал книга со негов превод, ја барав на саем Изгубениот Рај, ама не можев да ја најдам. Ама од многу страни сум слушал за него, мои другари кои се преведувачи, книгоиздаватели, лектори, лингвисти, луѓе од слични комплементарни бранши (театар, кинематографија...) а и од такви кои немаат допирна точка со тоа. Ниту еден, ама ниту еден немаше а да каже некоја лоша критика за него, напротив, повеќето го истакнаа како врвен професионалец, еден од најдобрите ако не и најдобриот преведувач во државата и не само најавторитативниот туку и најомилениот професор на филoлошки. Но пред се дека Драги Михајловски е она што србите го викаат људина, човек со душа-Русија.
Според тоа на невидено ќе си земам за право да кажам дека станува збор за magnum opus кој тешко дека некој во догледно време ќе дојде до барем еквивалент на тоа. И да, ова заслужува да биде ударна вест во сите медиуми и повеќе од 10-тина постови на форумов, ама не дека е некое изнанеадување тоа.
Едвај чекам да се доберам до Отело да видам како го обработил и дали го надминал првиот и до сега единствен преведувач на книгата на македонски кој е ни повеќе ни помалку туку Блаже Конески.
 
...Македонска реалност....30 години труд....кратка статија во весник....11 постови на форум.....ринглата на Кико...ударна вест на секој медиум и 25 страни на форум

...станавме слепи и глуви за големи и вредни нешта...се палиме на дневен сеир....самиот факт што некој посветил 30 години од својот живот на една одредена задача....зборува сам за себе...поголемиот дел од нас неможат месец дена да се фокусираат на една работа, а не пак години....

...кога секој просечен македонец би се посветил барем 1 година на било кој проект...Македонија би била рајот на земјата
....престанавме да мислиме долгорочно...научивме да живееме од денес за утре....

Голема почит за ваквите луѓе....
 
Се сеќавам кога учев на ПМФ, ни дојдоа на предавање дечките од македонската Википедија на обука т.е како да се додаваат работи таму. И требаше да направиме како проект за македонски личности кои би ги ставиле на Вики. Тогаш се сеќавам дека Википедија на македонски дали имаше и 100 статии.
Mислам дека -={K-O-R-U-N}=- ќе се сети на ова

Пошто слушнав од мојот цимер кој учеше на филолошки дека Драги е одличен професор, се дрзнав да му пишам имејл на професорот дали може да пишувам за него.

Добив одговор за ептен кратко дека радо се сложува да го "позајмам" за да пишувам за него... со додаток дека мисли дека сепак не е достоен да се пишува на интернет за него. :)

Штета што не сум во таа бранша, осеќам дека го пропуштив еден од најдобрите професори во македонското високо образование
 
Јас ги имам Кралот Лир , Отело, Хамлет и Макбет во превод на Драги Михајловски :). Ја прочитав Хамлет, наредна е Макбет. Преводот е одличен. Работено е со трпение, и огромна посветеност.

Овие четири драми се собрани во една книга, издавач е Каприкорнус. Јас ја купив од Табернакул. Тврди омоти, со кафеавкасто-црвена боја, и ликот на Шекспир на предната страна. Издадени се само 500 примероци. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom