Дали оправдувате напад врз Сирија и зошто ?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

Дали оправдувате напад врз Сирија и зошто ?

  • Оправдувам

    Гласови: 9 5,6%
  • Не оправдувам

    Гласови: 136 84,0%
  • Не ме интересира таа проблематика

    Гласови: 11 6,8%
  • Не сум се определил

    Гласови: 6 3,7%

  • Вкупно гласачи
    162

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Дали оправдувате напад врз Сирија и зошто ?
 
Цврсто НЕ. Сирија за овие 2 години е вратена многу наназад. Можете да замислите со бомбардирањето и доаѓањето на радикалите на власт колку време ќе и треба да се опорави. Прашање е дали воопшто некогаш ќе успее да се стабилизира. Радикалниот ислам заедно со неонацизмот се најлоши појави на денешницата. Ама кој воопшто не прашува нас...
 
1. ПИЛЕТО НА ГРАНКАТА ЗНАЕ ДЕКА ХЕМИСКИОТ НАПАД НЕ БЕШЕ ОД АСАД = НЕ
2. ПИЛЕТО НА ГРАНКАТА ЗНАЕ ДЕКА ИМА ЦЕЛА ВАКВА ТЕМА БЕЗ АНКЕТА, ПА МОЖЕШЕ ТИ ДА ГИ ЗАМОЛИШ АДМИНИТЕ ДА НАПРАВАТ АНКЕТА НА ТАА ТЕМА
3. извинете за капслок
 
1. ПИЛЕТО НА ГРАНКАТА ЗНАЕ ДЕКА ХЕМИСКИОТ НАПАД НЕ БЕШЕ ОД АСАД = НЕ
2. ПИЛЕТО НА ГРАНКАТА ЗНАЕ ДЕКА ИМА ЦЕЛА ВАКВА ТЕМА БЕЗ АНКЕТА, ПА МОЖЕШЕ ТИ ДА ГИ ЗАМОЛИШ АДМИНИТЕ ДА НАПРАВАТ АНКЕТА НА ТАА ТЕМА
3. извинете за капслок


Целта ми беше само АНКЕТА да направам но немаше опција за тоа, инаку немора да коментирате,можете само да гласате....;)
 
Апсолутно не, цивилизираната, секуларна и модерна Сириска држава, се бори против радикални исламски орди, диво племе, еве видовме шо донесе т.н. демократија во Египет, Египет за долги децении е пропадната држава, уништена, пред се во Египет никогаш веќе нема да има туризам.

Сирија, не спорам дали е демократска нејзината влада или не, можеби Башар владеел авторитативно, но во еден така нестабилен регион во држава со толку малцинства тоа е најдобрата опција. А САД, тие ни самите не знаат ако падне Башар Ал Аасад шо ќе се случи, појма немаат кој ќе ја преземе власта, и ќе остават хаос зад себе кои со децении ќе трае.

А интересни ми се сојузниците на САД во оваа интервенција, Катар, Сауди Арабија и Турција, се кој од кој, радикални исламски шеријатски племиња. Турците веќе не ме изненадуваат, Ердоган ептен влезе во филм и реално не сфаќа дека е претседател на Р.Турција на не султана на Отоманска империја, ама ќе си плати еден ден и он за срањето што го прави со својата држава. Сеуште не ми се верува дека во Македонија има македонци, и тоа христијани кои го подржуваат Ердоган и неговите политики.
 
Не оправдувам напад кој би го тргнал од власт Асад од неколку причини (Асад се бори против најгадниот џган на планетава, кој доколку дојди на власт би укинал секакви права и слободи и што е поопасно, таа тешка бедотија од идеологија би се раширила во регионот), но би сакал да се случи во крајно ограничена верзија.
Зошто?
Доколку САД употребат минимална сила врз Сирија (исклучиво лансирање на томахавки, кои реално нема да наштетат многу врз Сириската армија) Асад ќе биде приморан да "докаже" дека ја има власта и нема да попушти под никакви надворешни и внатрешни притисоци и ќе изврши голема офанзива за чистење на џганот во неговата земја.
Или накратко, крајно лимитирана акција од страна на САД врз Сирија ќе биде катализатор за поразот на бунтовниците.
Плус ќе му даде право на Асад на користење хемиско оружје.
 
Ајде веќе еднаш да се испотепаме со нуклеарки, и онака само штета праиме. Оправдувам напад само доколку се употребат нуклеарките и веке конечно да ја дочекаме the final battle помеѓу Русија и САД. Доколку е обична пуцаљка со авиончиња бродчиња пиштолчиња и разно разна трговија со оружје, тогаш веќе ке биде досадно за гледање. Кичерај мислам.
Мислам која е поентата да вложуваш милијарди (пари од народот) за нуклеарно оружје а да не го искористиш, демек во самоодбрана, ја да си ја имам ракетава за секој случај. Не пали таа приказна, лош блеф е тоа, лесно се чита, или си маж и имаш муда колку портокали, или имаш лешничиња. За кој к**ац ги прават?
Кога веќе не ги употребуваат зошто воопшто ги потрошиле парите, за изложба ли ке им се ракетите?
Боље нека вложеле во медицина за научниците да пронајдат лек против рак, сида. Нека вложеле во било која наука, на човекот му требаат многу иновативни решенија, зошто светов смрди. И вонземјаните не доаѓаат у посета пошто им корне на говна кои секој ден сите ние ги јадеме.
А зошто и би дошле? Да сум ја вонземјанин, последно место кај што би дошол би било планетава Земја.
Запрашајте се како ние луѓето би комуницирале со некој кој има технологија да патува низ свемирот неколку илјади, можеби милиони светлосни години, кој е толку интелектуално развиен што ние за него сме како шимпанзата за нас.Прво што ке пробаме е да го убиеме нормално бидејки на филмовите така прават луѓето. Дали вие воопшто би пробале да комуницирате со шимпанзо? Всушност дали би очекувале некој паметен одговор од него?
Истото сме ние за некој попаметен од нас.Да не се чудите после зошто се кријат од нас и зошто не комуницираат.Не се кријат, туку не ни очекуваат некаква интелигенција од нас, и затоа не ни пробуваат да стапат во контакт.Едноставно ко пасуљ,човек со шимпанзо не комуницира.
 
„Арапската пролет“ систематски ги уназади сите земји во кои „пристигна“.
Како и да е, на ловците во матно им одговара кога е матно.
Во меѓувреме, сите „причини“(оправдувања) за ваквите интервенции (нуклеарките на Ирак, хемиското оружје на Либија итн., па ако сакате - дури и измислените масакри на Косово од репортажите на CNN од непостоечки села) испаднат потполни балони кои никој не ги спомнува подоцна.
Сосема е идентична ситуацијата и сега - под изговор дека владините сили употребиле хемиско оружје (а јас рака давам дека целата ситуација е шпиунско подметнување и спинерски финти) сакаат да ја нападнат Сирија.
Ако ја нападнат (а штом се мислат толку долго време, можно е и да си ги ревидираат прогнозите дека лесно ќе поминат), сите ќе „заборавиме“ на причините и оправдувањата за некое време, а следен на листата ќе биде Иран, ако успеат да ја уназадат Сирија (сетете се дека уште Буш во „оската на злото“ ги спомнуваше С. Кореја, Иран и Сирија).
Во Сирија се судираат интересите на САД против Русија, на Иран против С. Арабија, на Израел против Иран, на Турција против Сирија и на Сирија против Израел.
Ако гледаме кој чиј сојузник е, работите уште повеќе ќе се замрсат.
Ко да не се веќе доволно замрсени.

Туку, настрана политика, тешко на луѓето со чии животи овие нелуѓе (мислам на „водачите“) си играат шах.
 
Проблемот е што самите муслимани од две групи шиити и сунити имаат некаков спор и сега овие радикалите ги прогласуваат за секта и сакаат да ги истераат од државата.
Самита држава е шеријатска а исламот друг начин не диктира освен војна.
Ситуацијата е многу сериозна што сите светски сили ги дигнаа на нозе и привлекоа внимание.
Друг начин нема освен со војна , дипломатски кој знае дали ќе се разберат со нив затоа што подобро некој да им покаже сила да се контролираат зошто таа војна ќе трае со години кој знае што се уште ќе употребат па може да ја загрози безбедноста на блиската околина и целиот свет.
 
Проблемот е што самите муслимани од две групи шиити и сунити имаат некаков спор и сега овие радикалите ги прогласуваат за секта и сакаат да ги истераат од државата.
Самита држава е шеријатска а исламот друг начин не диктира освен војна.
Ситуацијата е многу сериозна што сите светски сили ги дигнаа на нозе и привлекоа внимание.
Друг начин нема освен со војна , дипломатски кој знае дали ќе се разберат со нив затоа што подобро некој да им покаже сила да се контролираат зошто таа војна ќе трае со години кој знае што се уште ќе употребат па може да ја загрози безбедноста на блиската околина и целиот свет.

Сирија не е шеријатска држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom