KHL сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Riddler
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.966
Поени од реакции
9.596
Локација
Македонија,мала земја совршена за голем криминал
КХЛ (Континентална хокеарска лига) е професионална лига и под овој формат е основана во 2008 година.На почетокот броеше 24 тима од кои 21 од Русија и по еден тим од Белорусија,Латвија и Казахстан минатата сезона броеше 26 од кои четири беа нови тимови Слован(Словачка) Лев Прага(Чешка) и Донбас Доњецк(Украина) како и Локомотив Јарослав кој направи една година пауза после трагичната несреќа кога во авионска несреќа пред почетокот на сезоната загина целиот тим на овој клуб. Оваа сезона брои 28 тима со два нови члена кои ке се натпреваруваат за прв пат оваа сезона во КХЛ тоа се Медвешчак(Хрватска) и Адмирал Владивосток(Русија).КХЛ е втора по квалитет хокераска лига во светот веднаш зад НХЛ и од година во година напредува се повеќе и повеќе.Досега КХЛ ја освојуваа само 3 тима и тоа Салават Уфа еднаш,Казан Барс и Динамо Москва на двапати воедно и Динамо Москва е и актуелен шампион со две титули по ред.Лигата е поделена на две конференции Источна и Западна во секоја по две дивизии Чернишев,Кхарламов,Тарасов и Бобров.
Сезоната секоја година ја отвораат двата финалисти од минатата сезона оваа година тоа ке бидат
Динамо Москва - Трактор Челјабинск

Источна Конференција
Чернишев дивизија
Адмирал Владивосток (Русија)
Амур Чабровск (Русија)
Авангард ОМСК (Русија)
Металург Новокузњецк (Русија)
Барис Астана (Казахстан)
Салават УФА (Русија)
Сибир Новосибирск (Русија)

Кхарламов дивизија
Казан Барс(Русија)
Автомобилист Јекатеринбург (Русија)
Магнитогорск Металург (Русија)
Нафтекхимик Нижнекамск (Русија)
Торпедо Нижни Новогород (Русија)
Трактор Челјабинск (Русија)
Југра (Русија)

Западна конференција
Боборов дивизија
ЦСКА Москва (Русија)
Динамо Минск (Белорусија)
Динамо Рига (Латвија)
Лев Прага (Чешка)
Медвешчак (Хрватска)
СКА Сант Петерсбург (Русија)
Слован Братислава (Словачка)

Тарасов дивизија
Донбас Доњецк(Украина)
Атлант Митиши (Русија)
Динамо Москва (Русија)
Локомотив Јарослав (Русија)
Северстал Череповац (Русија)
Спартак Москва (Русија)
Витјаз Подолск (Русија)
 
Мало резиме да напрам на нешо повеке од пола сезона помината во најдобрата европска хокеарска лига
Изненадување на сезоната
Барис Астана казахстанскиот тим оваа сезона игра над очекувањата моментално втор на Истокот а офанзивната игра која ја практикуваат им донесе одлични резултати го имаат и најдобриот напад во лигата.

Медвешчак изненадува со тоа што е во борба за плејоф позиција иако се наога во исклучително силна конкуренција на западот очигледно доведувањето на играчи од АХЛ им донесе добри резултати

Јекатеринбург се дефинитивно едно од изненадувањата на сезоната тимот кој што претходните сезони беше на дното оваа сезона се бори за плеј оф иако и оваа сезона се очекуваше да бидат на самото дно

Разочарување на сезоната
Авангард ОМСК - дефинитивно најголемо разочарување во КХЛ оваа сеозна за овој тим се очекуваше да биде во топ 4 тима на Истокот а тие се на 11 позиција и ја имаат најслабата одбраана во лигата променаа 2 тренера голмани но ако срека во несрека е шо се во Источната конференција која е со далеку послаб квалитет како и тимовите на Атлант Митиши,Трактор од кои се очекуваат подобри резултати

Од наредната сеозна во КХЛ ке се прилкучи нов тим финскиот Јокерит а со тоа КХЛ се проширува во уште една европска држава исто се има во план да се приклучат и тимови од Русија речиси сигурен е тимот на Лада Тољати и ХЦ Сочи исто се водат и преговори за приклучување на Норвешкиот Ставангер Оилерс, Италјанскиот Милано Рособлу како и новоформирани национални тимови швајцарски Хелветиа и полски Оливиа Гдањск.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom