Види кој се врати - нов Европски феномен

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Кога се појави во Германија Види кој се врати ги крена Германците на нозе. Потоа продолжи да освојува неколку блиски земји, како што се Италија и Норвешка, и секаде е меѓу најчитаните и најконтровезни книги со лавина реакции од публиката.

Македонија е 4 земја од светот и 1 на Балканот каде ќе биде објавена. Книгата е продадена во неверојатни 34 држави, меѓу кои и Србија и Хрватска, каде преводите ќе се појават дури после март 2014. Наскоро почнува и снимањето и на истоимениот филм.

vidikoj.jpg


Лето 2011-то. Адолф Хитлер се буди среде Берлин. Нема војна, ни партија, ja нема дури ни Ева. Само тој, опкружен со илјадници странци, и со Ангела Меркел. Речиси седум децении по заминувањето од светот на најголемиот командант на сите времиња, сега тој е заглавен во сегашноста. Хитлер одново ја почнува кариерата и, наспроти сите очекувања, се појавува – на телевизија.

Хитлер во романот не е комична фигура и токму затоа и вистински заплашува. А земјата по која чекори е цинична, бескрупулозна, гладна по резултати, дури и по децении демократија, совршено беспомошна против рејтинзи, кликови, лајкови и слични тракатанци.

Што каша би можел да спржи Хитлер денес? Оваа лута сатира е обид да го разбуди најголемиот диктатор и убиец во денешниот, современ свет. Уште од првите страници станува толку болно, затоа што протагонист е всушност Хитлер. Не е таму некоја ТВ-карикатура односно холивудска фаца, туку човек кој самоволно ја анализира својата околина и јасно и остро ги препознава слабостите кај луѓето. Целосно ја следи својата бизарна логика, упорно но и нималку глупаво. Напротив, Хитлер расудува многу нормално, или барем многу понормално и од самите нас денес.

Многумина велат дека не смеете да читате ништо поврзано со Хитлер. Но, дали е така. Дали смееме да слушнеме како би размислувал Хитлер во денешново време. И дали смееме да се смееме во друштво со Хитлер. Смеење во друшто со Хитлер - можно ли е тоа? Смееме ли воопшто да го правиме? Храбрите ќе кажат „Зошто не“.

Онлајн продажба: http://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=33487
(до 15.09 со 15% попуст)

Македонска фан страница: https://www.facebook.com/vidikojsevrati

 
Хичо врати се,се ти е опростено....
 
Tе молам, Ctrl + A = и стисни на гумата над B-то за болдирање, или пак селектирај го цел текст со маус, и стисни на гумичката. Фала..
 
Искрено се надевам дека преводот на книгава е подобро напишан од краткиот опис.
Книгата е продадени во неверојатни уште 34 држави, меѓу кои и Србија и Хрватска, каде преводите ќе се појави дури после март 2014.
Целиот краток опис е комплетно бесмислен. Некако ми подзамирисува дека и книгата е така преведена, штом ова им е текстот кој треба да ја претстави, а тој би требало да биде најдобро направен.
Книгата сама по себе делува интересно, но јас или би почекала српски/хрватски превод или би ја купила на англиски.
 
Планирам да ја купам, ја видов денеска на Купи Книга и ме привлече. А иначе околу преводот воглавно Антолог знам имаат добри преводи па сега ќе видиме во случајов со оваа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom