Македонија - Црна Гора | 04.09, среда 17:45 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Фаул значи дефинитивно не беше....како е можно никој да не забележа дека тој ја мана во аут, некој од нашите не го забележа тоа? И да не го признаеа кошот, да беше наша топка, од страна ќе имавме некои шанси да шутниме за 3.
Не можам никако да се помирам уште, зошто само на ова да остани работата :гомце:
 
се случувало играчот при скок само да ја додирне таблата,и буквално во сите случаеви се досудувало кош.не смее да се чепка таблата и мрежата кога противникот шутира.

Партизан пред 20 и некоја година изгуби титула бидејќи еден играч(мислам дека беше Грбовиќ) ја додорна таблата на самиот ќош.И толку-чао
 
Статус на место ....
За да ни биде појасно и да си легнеме на раат "Нас државата не ни ја признаваат, а не па еден кош".
 
Ho_fqJjRYPM.gif
 
Луѓе, не гледав дома и не бев во можност да коментирам, само прееска на кратко пишав дека нема теорија да се преигрува утакмицава. Апсолутно ова е најголемата кражба на едно ЕП, за мене дури и поголемо од она што и го направија на Србија на светското во Турција кога Тунчери или Онан, не знам кој беше, излезе со пола нога во аут и судиите не досудија ништо, а со тој кош Турција отиде во финале.

Значи по ниту една логика не можеше тоа да биде топка за Црна Гора. Кога веќе не досудија поени требаше да биде топка од страна за нас, бидејќи Црногорецот ја исфрли во аут.

Гледам некои пишуваат Пипан ова, Антиќ ова, Самарџиски она... Ало, во моментов ништо од тоа не е битно, битно е дека ни беше одземена чиста победа. Доколку се признаеја поените ќе коментиравме дека Пипан можеше да ја заебе утакмицата со тоа што не бараше тајм аут навреме, дека Антиќ играше слабо ама ќе изигра подобро на следните утакмици... Сега тоа не е ич битно, колку и да сме играле слабо, колку и да сме потфрлиле, кога некој ќе ти одземе чиста победа тоа БОЛИ, боли премногу.

Не сакам ништо да коментирам, само сакам да ги пофалам нашите момци за борбеноста, изгинаа сите на терен, се фрлаа по паркетот, гризеа колку можеа во одбрана. Од кошаркарски аспект увек може боље, нормално е тоа, имавме доста недостатоци, но сепак апсолутно заслуживме да победиме, без дилеми.

Џабе се и жалби и се, мене ама баш ништо не ми менува дали судиите ќе бидат казнети или не, кога веќе ја загубивме оваа утакмица и нема веќе назад. Нека кршат глава и судии и делегати и сите, нас ни останува само да жалиме и да се трескаме од земја за неправдата која ни беше нанесена. Само едно ќе кажам, Господ гледа. ;)
 
секогаш тешко сме почнувале на секое отворање на сп или на еп. овој пораз мене искрено не ме изненади, ама мислев дека ќе победиме заради то шо не им играше пековиќ.

да се надеваме на реприза на еп од пред две години (малце тешко, ама...) и на ПОРЕАЛНО СУДЕЊЕ на наредните средби. денес судиите не уништија. барем 10 коша им поклонија на орливе, ама то е то, џабе е се. секогаш сме ние еБаната странка, но то само не прај посилни :)

нашиве денеска се морални победници и ако играме утре како денеска, победуваме!

нашите треба да се бодрат и кога победуваат и кога губат! тие се нашата гордост и заедно со ракометарите нашите најдобри амбасадори!

ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
 
Ако не се смени одлуката, а веројатно тоа и ќе биде така, тогаш ФИБА значи сама се побива, непочитувајќи ги нејзините правила. Ќе биде срамно и лицемерно.

Oleg Ribarcuk

Знам и за тој натпревар. За овој не можам да се помирам. Да загубевме регуларно, во ред ќе беше. Таков е спортот, некогаш победуваш, некогаш губиш. Ама загубивме на ваков начин, а неправда не можам да поднесам... ух!
И сериозно, им се воодушевувам на играчите, како можат да се воздржат, а да не направат некоја глупост. Јас не би можел во таква ситуација.
 
Ако не се смени одлуката, а веројатно тоа и ќе биде така, тогаш ФИБА значи сама се побива, непочитувајќи ги нејзините правила. Ќе биде срамно и лицемерно.


Како првпат да им е .Иди на youtube и пиши Хрватска-Шпанија 1995
 
Златна НБА бе, си имаш можност за прегледување на снимката и чао пријатно, во никој случај не можеш да бидеш ограбен.
 
Црногорците само во првата четвртина имале слободни фрлања колку ние за цел натпревар.
 
Златна НБА бе, си имаш можност за прегледување на снимката и чао пријатно, во никој случај не можеш да бидеш ограбен.
А само што сакав тоа да пишем,ама мислим дека и овде имаа право,или грешка сум?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom