UEFA Лига на шампиони 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ги вреѓај воведите на Нигерот !

Он да ја отвореше темава ќе беше ваљда во стил


"Че се игра лига на чампјони овја година па пишите нешто и то"


Знаеш дека нема повеќе нигер? :place:

Интересно ќе е,како и секоја година ова натпреварување.
Главни конкуренти,нормално Баерн од Минхен со Барса и Реал.Од сенка може да се кажат Јунајтед и Борусија.
Интересна ќе биде групата Ф,дефинитивно групата на смртта за оваа сезона,моите Арсенал,Марсеј,БВБ и Наполи.Тука очекувам добар фудбал,со многу голови,а на крај мислам дека понатаму идат Арсенал и БВБ.Наполи е заебан,но сепак имаше многу промени оваа сезона,многу играчи дојдоа,главната ѕвезда замина.Едино светло у тимот на Наполи дефинитивно,Рафа.Ако можат да направат нешто,тоа ќе биде дефинитивно ради него.
Во другите групи горе долу,отрпилика се знае кој и како.Може да има некои изненадување во последната група,Ајакс да загризе и да го исфрли Милан,но секако многу тешко.
Со помалку повреди и повеќе голови во новата сезона од ЛШ!(y)
 
Факе Што ??!? Како бе нема повеќе Нигер ? Си отишол од форумов ? Те молам кажи ми дека нема повеќе нигер пошто сега се Мајклџексонирал и е вајтер ?
 
Очекувам Дортмунд годинава ама ќе се воздржам бидејќи Баерн сеуште не се разиграл, сепак ЛШ е најсериозно натпреварување па секоја екипа игра подобро. Предвидувања:
Група А - Манчестер, Леверкузен
Група Б - Реал, Јувентус
Група Ц - ПСЖ, Бенфика
Група Д - Баерн, Сити
Група Е - Челзи, Шалке
Група Ф - Дортмунд, Наполи
Група Г - Атлетико, Порто
Група Х - Барселона, Милан

Очекувам најдобри четири екипи да бидат:
Дортмунд, Баерн, Челзи, Реал со можност Манчестер или Јувентус да бидат на местото на некои.

Дортмунд - истиот состав од лани плус Аубамејанг и Микирајан, мислам дека играчите одлично го надополнуваат продадениот Геце. Ист тренер, ист начин на игра, феноменални Ројс и Лева, се на се очекувам финале од нив.

Баерн - Истиот состав од лани + Тиаго и Геце, шта речи. Само малце треба да се разработат али Гвардиола е ѕверка па и нив ги чекам во финале, ќе видиме.

Реал - Сеуште не е комплетен составот за да имаме некоја финална оцена за тоа колку е добар. Нов тренер, нови играчи, нов стил на игра, моменталната игра не е никаков показател бидејќи има доста повредени. Поради повеќето новости очекувам барем да игра полуфинале ако не друго.

Челзи - Го има Мурињо, а и знаат да се постават за големи утакмици и да одиграат на ниво во одбраната. Затоа им давам повеќе шанси пред Јувентус и Манчестер ама сепак нема никаков показател за тоа колку Челзи е јак. Сеуште го градат тимот и деновиве пристигнаа нови засилувања па останува на времето да се види.

Манчестер - Ни малку послаб противник од горните две, ама сепак Мојс е неискусен во ЛШ па сметам дека ќе си имаат потешкотии. Ништо чудно да играат полуфинале, сепак имаат доста квалитет.

Јувентус - Некако ми изгледаат како аутсајдер во овие екипи кои ги набројав, меѓутоа сериозни и квалитетни конкуренти. Се засилија летово со Тевез кој би требало да им биде главна алка во подобрување на играта во ЛШ и евентуално освојување на истата.

Не сакам да потценувам никој, сепак ова е мое мислење, така да не ме цитирајте за глупости поврзани со арогантност и потценување. ;)
 
Стандард ко на секоја нова тема, првата страна е наменета за коментари за воведот па после се' останато. :)

Интересни групи годинава, ќе има добар фудбал за гледање, што на стримови што на мтв. За моиве иако сакам да ја одбранат титулата, тешко ќе биде, има многу јака конкуренција и рано е уште од сега да се кажува и прогнозира било што.
 
Често заборава наркоманов коа отвара теми. Тука ги забораи Баерн да ги наведе како шампиони, и кога отвори тема за Серија Б, напиша Сасуоло ќе ја бранел титулата. :eek:

Едно сакам(Јувентус), друго очекувам. Минимум 1/4 финале, па ако се има среќа и знаење, што подалеку.
Ај ваљда ќе продолжи традиција, шампионот да не ја одбрани титулата во ЛШ::D
 
Иначе, финалето нема да се игра на стадионот Де Луиз, туку на Стадионот на Светлината (или Естадио да Луз).
Џерманците(Баерн и Борусија), Реал и Челзи се главни фаворити годинава. Манчестер и Јуве некако не ми се вклопуваат за да стигнат до (полу)финалето.
Барселона заради детските игри на неспособната управа, очекувам да има слаба сезона во ЛШ.
На Сити им давам максимум до 1/4 финале.
Арсенал уште сега како аутсајдер го спомнуваат, односно дека нема да помине група. Мислам дека Венгер на крајот сепак ќе ги демантира сите и како прв во групата(исто бодови со Дортмунд) ќе помине во 1/8 финале, каде што ќе отпадне со минимален резултат или гол-во-гости глупавото правило. :D

Тоа е моето видување за оваа сезона, се надевам дека ќе испадне сосема неточно, дека шампионот од 2010/11 ќе ме демантира и повторно ќе ја освои титулата. :)
 
Баерн не освојува оваа година па што сака нека е.... Гвардиола само ќе ги уништи.
Главен фаворит за мене Реал, посебно ако го земат и Бејл. + Анчелоти на клупа.
Дортмунд би требало да иде далеку исто, зависи со кој ќе се падне во нокаут фазата.
 
Распоред на натпреварите

Group A
a.jpg
Group B
b.jpg
Group C
c.jpg
Group D
d.jpg
Group E
e.jpg
Group F
f.jpg
Group G
g.jpg
Group H
h.jpg
 
Ми се иде на базел-челси , да не има некој идеја која цена се картите за ЛШ и од каде можат да се набават?
 
Значи Барса-Ајакс или Наполи-Дортмунд ќе биде првиот пренос на МТВ сезонава. А вториот би требало да биде Сити-Баерн, а третиот Реал-Јуве.
 
Група А: Манчестер и Социедад
Груба Б: Реал и Јувентус
Група Ц: Бенфика и ПСЖ
Група Д: Баерн и Сити
Група Е: Челзи и Шалке
Група Ф: Дортмунд и Наполи
Група Г: Атлетико и Зенит
Група Х: Барцелона и Милан

Тимовите кои мислам дека ќе идат даље
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom