Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
пред некој ден бев на кожно за црвенилото на лицето и ми препиша една крема што ми помогна експресно. Ја има во Зегин и е 670 денари

I mene mi gi prepisaa ovie samo frliv pari za dzabe poloso mi e. Mi bea samo odredeni delovi od skalpot crveni i so luspi a koga pocnav so ova cela glava mi stana crvena. Jas sum probal se osven babini devetini sega uste so bekutan kje probam i vekje ne se zamaram. I stajte po nekoja slika da vidime dali zborime za seborea ili nesto drugo eve od mene edna
IMG_20160331_235626.jpg . F
пред некој ден бев на кожно за црвенилото на лицето и ми препиша една крема што ми помогна експресно. Ја има во Зегин и е 670 денари.
article_images.php
 
За глава во моментов ми помага само овој шампон од ДМ (ДМ маркети има и во МК мислам?)

4010355135537-893571_org.png

Почесто миење, пократка коса. Сепак тоа се само фази, порано други шампони помагаа ама после извесен период почнува пак срањето.
 
Никаква хемија не користете.
Јас све испробав и на крај ми помогна бабин рецепт :)
2-3 големи лажички маслиново масло и 1 лимон (може и пиво да се стави ако имаш долга коса или ако ти е кревка и кршлива косата и ако сакаш подобар сјај да има )
Сега зависи од големината на главата :D за некој можеби ќе биде потребно половина филџан маслиново масло.
смесата од масло и лимон (и пиво) се меша 2-3 пати и се нанесува на косата 20 мин до пола час пред бајнењето.
Послетоа се препорачува при бајнењето да се користи детски шампон(џонсон бејби или бекутан) ако немаш детски шампон поарно не ставај никаков шампон туку само со вода.
Се надевам дека ќе помогнам некому.
 
Никогаш не сум имал проблем со првут, ама последните 5-6 месеци веќе активно го имам, ептен е видлив на самата коса, како партали ми стои...
Често ги менувам шампоните, не земам цело време исти, некои ми рекоја дека проблемот е баш тука што ги менувам шампоните...
Долго време користев од афродита шампони и проблемот со првут го немав, а пример никогаш не сум земал шампони чисто против првут, е сега од кога ми се јави проблемот пробав со шампони анти првут и тоа не ми помага, пробав од триста фирми шампони џабе е, не ми помага ниту шаума, памоливе ни курци ни палци...
Имам слушано муабети од тие домашни рецепти - бабини деветини, но незнам колку се корисни и немам употребено...
 
1. Најди масло од невен, обавезно ладно цедено, (гледај да биде од доверлив бренд)

2. Ишишај се кратко, или избричи ја главата за да можеш да се мачкаш со маслото од невен ќе го нанесуваш навечер 1h пре спиење, откако прво ќе ја измиеш косата/ќе се иструшираш. Може и чај од камилица да доадеш во микс со маслото од невен, но полиј ја камилициата со врела вода под 100c на пример 50-60 не повеќе.

3. Порачај ги овие 3 суплемента

a)

b)

c)

Прочитај го убаво упатството на кутиите пред употреба, зимај ги после оброк кој содржи масти.

Намали употреба на шеќери во сите форми, на не повеќе од 100 грама на ден, како за референца ова ти се 5 јаболки. Зголеми внес на семиња, семки од тиква, од сончоглед, лелено семе, ораси, бадеми измели ги и јади по 5-6 големи лажици на ден распределно ова нека ти биде замена за калориите т.е. помалиот внес на шеќери, скроз исфрли чоколади и џанк фуд, леб и се што е јаглехидрат освем семињата и по некој плод овошје. Исфрли млеко, сирење, кашкавал, месо.....замени ги со риба како извор на протеин.

Ако имаш останата туршија од зимата, јади ја, ако немаш купи купечка, и конзумирај ја. Најдобро да најдеш Комбуха.....и генерално да внесуваш пробиотици.

Финало, иди во Биокулт, и купи масло од диво оригано - Probotanic, конзумирај го 2-3x на ден по 3 капки разредни во масло од маслинка, или било какво здраво масло, најдобро би ти било да ставаш по 1/2 капки во 1 голема лажица невен и со тоа да го мачкаш скалпот 1 час пред спиење, масирај долго и силно.

Ако го следиш се ова со голема веројатност ќе го решиш проблемот, но неможам да ти гарантирам дека во иднина со евентуалното влошување (се надевам не) на твојата здраствена состојва нема пак да ти се појави.
 
Да, и на лице, ти се вцрвенува и љупи буквално како после сунчање

3seboreja.jpg

Хед енд шолдерс ми го решваше проблемот али по висока цена. Целиот скалп и лице ми беа жар црвени од иритација на кожата, и тоа користејќи го оној што вика дека е за сензитив скалп.

Имаше ден шампон во Веро на кој се крстев Клир (Clear), тоа беше откровение и нешто најдобро што сум пробал. Ама после го снема, па јас крајно очаен се јавив дури кај фирмата увозник да прашам што е работата а од таму ми образложија дека се работело за мал интерес.
Ако читате од странство или ќе одите наскоро вака изгледаат

200ml_400ml_Clear_Shampoo.jpg

Јас го користев долниот втор од десно со зелено топче тоа беше за itchy scalp. Најтопла препорака.

Од Хед енд Шолдерс кажав дека не сум задоволен ама следен на листа на пробување ќе ми биде тој на Субрина.

На моја голема радост го враќаат шампонов во продажба на македонскиот пазар. Дизајнот на пакувањето е сменет, се надевам само дека е истиот квалитет како што беше на времето кога го користев. Само утре 12.07 во Тинекс е на голем попуст, 400 мл. за 99 денари, одлична прилика да му дадете пробен тест.

https://www.facebook.com/TINEXmk/ph...396751009786/1033595390023248/?type=3&theater
 
Никогаш не сум имал проблем со првут, ама последните 5-6 месеци веќе активно го имам, ептен е видлив на самата коса, како партали ми стои...
Често ги менувам шампоните, не земам цело време исти, некои ми рекоја дека проблемот е баш тука што ги менувам шампоните...
Долго време користев од афродита шампони и проблемот со првут го немав, а пример никогаш не сум земал шампони чисто против првут, е сега од кога ми се јави проблемот пробав со шампони анти првут и тоа не ми помага, пробав од триста фирми шампони џабе е, не ми помага ниту шаума, памоливе ни курци ни палци...
Имам слушано муабети од тие домашни рецепти - бабини деветини, но незнам колку се корисни и немам употребено...

Јас цел живот сум имал проблем со првут и јас ко тебе 100 шампони сменав...се дури не бев до систина и ми докторот ми кажа 1 шампон кој после 2-3 употреба тотално ми исчисти скалпот...послушај ме и оди во зегин и побарај го шампонот КЕТОКОНАЗОЛ од алкалоид...и прво прочитај го упатсвото и ќе бидеш раат од првутот.Позз
 
Веќе 2-3 години се мачам со овој проблем. Пред 4 дена на бербер, личниот бербер ми кажа дека сум ја исчистил скоро цела главата од себореа. За мене спасот беше Hair шампонот од Кам маркет. Тој сеа за сеа ми ја одржава главата во нормала. Иначе кратко шишање и најбрзо се губи.
 
мене па ми делува дека имам повеќе откако се ишишав кратко
 
Летово е многу тешко за мене, имам големи реакции на кожата од сонцето. Навечер закрепнува но преку ден повторно црвенило. Имам забележано дека на дел им се намалува на лето но мене ете ми се зголемува.
 
http://goldbondultimate.com/
Кремов го имав купено од пред една година. Кога сум во тесно експериментирам и купувам се и сешто. Беше околу 1000 денари. Ми помогна експресно и сега сум супер. Да не има некој негативни искуства со ова или слично. Ве молам пишете доколку има некој искутво.
 
Веќе 2-3 години се мачам со овој проблем. Пред 4 дена на бербер, личниот бербер ми кажа дека сум ја исчистил скоро цела главата од себореа. За мене спасот беше Hair шампонот од Кам маркет. Тој сеа за сеа ми ја одржава главата во нормала. Иначе кратко шишање и најбрзо се губи.

Перутот е форма на дерматис, не се лечи надворешно, дури и да немате перут тоа не ве прави излечени, болеста треба да се третира вантрешно. Се до тогаш ќе имате добри и лоши периоди, и така цело време.

Доста ефикасен е третманот за дигестивен систем, и надворешно нанесување на масло од невен и камилица, а внатрешно минерали витамини и здрава исхрана, се друго е многу варијабилно од аспект на успех.
 
ne koristam shampon, opagashe kosata. I nemam problemi so prvut. Prvutot kako i se drugo ee politika.
 
Лелеее оваа болест животот ми го скрати !!!!
Ај вие машките можете да се шишате , ам ние женските??? Тешко нас!! :(
Моето патишествие со оваа себореја е долго, и знаете што заклучив??? Од сите шампони , бабини деветини , креми , масти и итн. се ефикасни додека ги користиш , а од после истата песна е :@ Кетоконазолот јас го користев и ми помогна дури го користев потоа пак исто! Дермоват исто така! Невен исто така! хедер шојдерс Исто така!
Еднаш го прекинав да го пијам кафето имаше сосем мал ефект ( првите недели )
За све се откри лек , само за оваа НЕ! :( Чаре?
 
Лелеее оваа болест животот ми го скрати !!!!
Ај вие машките можете да се шишате , ам ние женските??? Тешко нас!! :(
Моето патишествие со оваа себореја е долго, и знаете што заклучив??? Од сите шампони , бабини деветини , креми , масти и итн. се ефикасни додека ги користиш , а од после истата песна е :mad: Кетоконазолот јас го користев и ми помогна дури го користев потоа пак исто! Дермоват исто така! Невен исто така! хедер шојдерс Исто така!
Еднаш го прекинав да го пијам кафето имаше сосем мал ефект ( првите недели )
За све се откри лек , само за оваа НЕ! :( Чаре?

Прочитај ги постовите на последните 2 страни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom