Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Мака мачам со овие проблеми кои не се така ретки па ајде да направиме еден муабет. Значи има многу бабини деветини од типот на во тегла мед стави крила од љиљак, рогови од змај и нанеси го на спорното место итн... Има и многу совети од типот на оди кај оној доктор, абе немој кај тој оди кај онаа... Би ценел мислење од стручни лица и од паталци. Што ви помогнало, некој конкретно лек или еве и бабин лек да е само да функционира, добар доктор што ве упатил на право место и прави лекарства и слично.

http://www.alkaloid.com.mk/ketoconazol-shampon-protiv-prvut-i-seboreicen-dermatitis-100-ml.nspx

Окулу 100-120 денари е во зегин, само овој ми помогна инаку имав огромен проблем со перутање, чешање, црвенило... Ко лепрозен бев, а се пробав и H&S и dove, nivea syoss :( Ми го препорача Др. Анчевски и еве сега е се ок :)
 
Ќе ти препорачам нешто што никому овде не му текна, а е круцијално за проблемот.

Ајмо сега вака. Ниеден шампон или апче нема да те ослободи од овие глупости. Знам дека мразиш да го чуеш ова, ама медицинава каква што е сега, ориентирана исклучиво кон профит за фармацевтските компании, ги санира донекаде само последиците од болестите, а не и причините. Е затоа имаш едночудо хронично болни луѓе кои само се "крпат" со лекови од денес за утре.

Некој овде пиша дека докторката му препорачала да смени начин на исхрана. Апсолутно точно. Колку што можев да истражам, најпроблематична храна која го засилува или предизвикува себореичниот дерматитис се млечните производи, процесирана и брза храна, шеќер, аспартам, глутен, чоколадо, кофеин. Треба да се конзумира зеленчук, овошје (свежо и цело, не цедено во сокови), спанаќ, фстаци, семе од тиква, како зачини босилок, оригано и лук. Задолжително да се конзумираат пробиотици, омега 3 масни киселини и ензими.

Цел извештај тука, исчитај го:
http://www.trustnature.com/articles/sd_report.pdf

За првутот накнадно:icon_lol:
 
Темава наместо одговор на моето прашање ми даде уште 1000 прашања.

Ете ти читкај си во слободно време. :icon_lol:

линк
линк

Последниот линк е научен труд, новости во дерматологијата за себороичниот дерматитис.
 
Се изнапишуваа сите за шампоните што им помогнале, нема ни јас нешто поинаку да пишам зашто јебига шампон ми помогна.

Овој шампон ми помогна Субрина Профешнл кур се тресе, имав првут и кец кога бев шишан, а плус и ми се мрсеше косата брзо, на овој пишува for greasy hair значи за мрсна коса, ама мене првутот ми го отстрани комплетно а се редуцираше и мрсењето на косата. Пази има повеќе разни пакувања на кои пишува Субрина али конкретно овој не сум го видел нигде, ни во Cosmo, мајка ми го порачува од нејзината фризерка, чинам дека беше околу 150-200 денари. Глеј да не промашиш зашто сите се иста боја и пакување, под зеленото квадратче пишува за што е, другите имаат квадрати со друга боја и текст.
Subrina_Professional_Greasy_Hair_Balance_Shampoo_200ml__57459.1326348435.1280.1280.jpg
 
Ете ти читкај си во слободно време. :icon_lol:

линк
линк

Последниот линк е научен труд, новости во дерматологијата за себороичниот дерматитис.


Дојдов да најдам решение за проблемот со првутот, научив за испит за дерматологија...
 
И дечко ми го има истиов проблем. Користеше шампон од доктор Ваис што чинеше 1200денари, ама тој нешто го снема и јас му предложив да проба со Head&Shoulders и сега за сега е задоволен.
 
subrina recept sampon против првут е срање плус ти ја чува косата како рибачка четка
јас користам dove шампон, мене ми е добар и сум задоволен
п.с. ако не знаеш кој е добар па види кој е поскап да го ебам, неможеш од шампон со цена испод 200 ден. да очекуваш чуда (како што е рецепт шампонот) o_O
 
И дечко ми го има истиов проблем. Користеше шампон од доктор Ваис што чинеше 1200денари, ама тој нешто го снема и јас му предложив да проба со Head&Shoulders и сега за сега е задоволен.


има фала да му вика на шампонот цел живот.... ;)

јас на по мала возраст имав ненормално,плус мрсна коса (нели пубертет а у),почнав со шампонот и да не се подречам немам видено таква мака. :cuc:
 
Би додал и дека на многумина сум им препорачал шампон од Hemel и балсам или oil за ревитализација и досега кај СИТЕ има позитивни ефекти иако е многу скап.
 
Мене зависно од период зима/лето ми делуваат разни шампони, така да летно време користам едни, зимно други, треба да се испроба да се види кој шампон индивиуално ти помага, мене највеќе до сега Нивеа ми има помогнатоПрвпат користев женски Нивеа шампон и изгледа со него највеќе ми се губеше првутот, посебно зимно време
81458_07_2012_pure-gloss-anti-dandruff-shampoo_PNG.ashx
Исто така имам користено и
G_rekonazolG.gif
 
Глеам 50 брендови кажавте а една битна заборавивте.

Солена цена е шампонот (околу 800ден. мислам) и има упатство за нанесување, али ја до сега незнам човек на кого не му помогнал во врска со првутот.

Ќе влезете во аптека и ќе и речете “Дајте ми ВИШИ (Vichy) шампон за првут„. :)

На еден другар лушпи му се корнеа од главата... го користи веќе 2 години, ни трага ни глас од првут. Само почнува да му се јавува кога не го користел подолг период.

Ако ептен сте запнале да го решите проблемот и не бирате средства, земете го. Ако некој користел нека се изјасни. Ја на неколку пати кога ќе ми се појави првут го користам.

И тие со поосетлива кожа... не се заебавајте со Ваш&Го или Хед& Шолдерс, тие фризериве ги викаат романски сјај за тањири.
 
јас заприметив дека кога сум на море не мора да користам никакви посебни средства за првут ... се само исчезнува, дали од водата, дали од климата, не знам ... по враќањето повторно се појавува ...

инаку еве уште едно име во палетата за борба против првутот и сабореата ... Келуал крем и шампон (кремот одличен, шампонот не баш)
 
Медицински шампон Валете на Јака Радовиш.. Го има во Рубин Кармин во трговски. Татко ми имаше ненормални проблеми со првут, буквално како брашно да имаше низ косата, се миеше со тој шампон и сега гајле нема.
 
Глеам 50 брендови кажавте а една битна заборавивте.

Солена цена е шампонот (околу 800ден. мислам) и има упатство за нанесување, али ја до сега незнам човек на кого не му помогнал во врска со првутот.

Ќе влезете во аптека и ќе и речете “Дајте ми ВИШИ (Vichy) шампон за првут„. :)

На еден другар лушпи му се корнеа од главата... го користи веќе 2 години, ни трага ни глас од првут. Само почнува да му се јавува кога не го користел подолг период.

Ако ептен сте запнале да го решите проблемот и не бирате средства, земете го. Ако некој користел нека се изјасни. Ја на неколку пати кога ќе ми се појави првут го користам.

И тие со поосетлива кожа... не се заебавајте со Ваш&Го или Хед& Шолдерс, тие фризериве ги викаат романски сјај за тањири.


Тоа е тоа,,,,,скоро сите ако не и сите пробани "сјаевите за тањири"....

Само ВИШИ го има правото, најбрзото дејство и да го смениш шампонот после нема појавување, трајно ми се чини го средува. Го имам користено и кој има стварно проблем нека си го земе да не преплаќа куп шампони како што направив ја па пак да го плати него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom