Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.229
Поени од реакции
26.381
Мака мачам со овие проблеми кои не се така ретки па ајде да направиме еден муабет. Значи има многу бабини деветини од типот на во тегла мед стави крила од љиљак, рогови од змај и нанеси го на спорното место итн... Има и многу совети од типот на оди кај оној доктор, абе немој кај тој оди кај онаа... Би ценел мислење од стручни лица и од паталци. Што ви помогнало, некој конкретно лек или еве и бабин лек да е само да функционира, добар доктор што ве упатил на право место и прави лекарства и слично.
 
Се претплатувам на темава и јас да дознаам, бидејќи и јас имам веќе 1 година ваков проблем. Себореа е како рани на скалпот, така?
 
У аптека шампон против првут.
Чек.
Subrina - Recept се вика последниов шо го користев и ми го реши проблемот со првут.
Ама сум користел и други од аптека шо ми го решавале проблемот али наравно не заувек.
Престануваш да го користиш и после 2-3 недели пак иста прича..
So yeah..

Исто така сум слушнал женска мочка помагало... >_>
 
или Рецепт шампонот или Хед енд Шолдерс, немаш грешка со овие два, види кој ќе ти одговара.
 
Бекутан шампон :) Ем преубаво и лесно мириса, ем помага.
Друго што можеш да пробаш е чичково масло. Купи си од аптека, си пишува како се користи.
 
Бекутан шампон :) Ем преубаво и лесно мириса, ем помага.
Друго што можеш да пробаш е чичково масло. Купи си од аптека, си пишува како се користи.


Може теткино, зашто чичко ми е на пат од работа па не можам од него, или мора баш чичкино? :(

Него, тоа Хед енд Шолдерс (минглиш фор д вин) мене ич не ми помогна. Докторс помогна али краткотрајно, додека Шаума, дури и полошо ми направи. Иначе имам препорака од фризерот мој - капки кетоконазол, само што уште не сум ги купил, па некој ако ги користел, нека ми каже дали му помогнале.
 
Се претплатувам на темава и јас да дознаам, бидејќи и јас имам веќе 1 година ваков проблем. Себореа е како рани на скалпот, така?


Да, и на лице, ти се вцрвенува и љупи буквално како после сунчање

3seboreja.jpg


Хед енд шолдерс ми го решваше проблемот али по висока цена. Целиот скалп и лице ми беа жар црвени од иритација на кожата, и тоа користејќи го оној што вика дека е за сензитив скалп.

Имаше ден шампон во Веро на кој се крстев Клир (Clear), тоа беше откровение и нешто најдобро што сум пробал. Ама после го снема, па јас крајно очаен се јавив дури кај фирмата увозник да прашам што е работата а од таму ми образложија дека се работело за мал интерес.
Ако читате од странство или ќе одите наскоро вака изгледаат

200ml_400ml_Clear_Shampoo.jpg


Јас го користев долниот втор од десно со зелено топче тоа беше за itchy scalp. Најтопла препорака.

Од Хед енд Шолдерс кажав дека не сум задоволен ама следен на листа на пробување ќе ми биде тој на Субрина.
 
Мака мачам со овие проблеми кои не се така ретки па ајде да направиме еден муабет. Значи има многу бабини деветини од типот на во тегла мед стави крила од љиљак, рогови од змај и нанеси го на спорното место итн... Има и многу совети од типот на оди кај оној доктор, абе немој кај тој оди кај онаа... Би ценел мислење од стручни лица и од паталци. Што ви помогнало, некој конкретно лек или еве и бабин лек да е само да функционира, добар доктор што ве упатил на право место и прави лекарства и слично.


Јас мака мачам веќе 2 години ми е по 2-3 месеца во акутна фаза, па по 1 месец мирување.

Имам идено на 3 дерматолози и ми имаат кажано дека не се знае зошто настанува, често знае да биде наследно (ако имал некој во семејство). Се јавува по синусоида, значи имаш периоди на смирување и периоди на влошување, нема лек што може да го излечи трајно, но некогаш има случаи на долги ремисии со години.

Не се јавува само на скалпот, може да ти се јави на челото, по должината на рбетот, брада, на нос, на гради. Работава е што многу чеша и пецка, тоа што се собира првут големо чудо, со миење ќе испадне, ама чешањето знае да пизди.

Воглавном викаат дека летен период се смирува, пошто сметаат дека себорејата, стручно себореичен дерматитис, дисебореичен дерматитис, го предизвикува габичка, која под дејство на УВ зрачење умира, па така ако често се изложуваш на сонце летен период знае да се намали. Но и ова е индивидуално.

До сега имам користено: кетоконазол (шампон), кортикостероиди се, не смее да се користи често, најмногу 1 недела, додека го користиш се е во ред, што ќе престанеш се е по старо.

Сега го користам Алпецин А3 и сум задоволен до некаде. Во принцип може да се користи неограничено, пошто нема кортико, ама нагласено ми беше 2 пати неделно со шампонот, останатите со бекутан шампон.

Терапијата секогаш се спроведува индивидуално, од страна на дерматолог, на некој му одговара на некој не. За воспалените лојни жлезди на лице имам користено Адвантан, за лушпите по глава Белосаликс, за чешањето на скалпот Синодерм гел. :pos:

Воедно пијам и Летизен, по препорука на дерматолог, за да ми се намали чешањето, пецкањето и сите тие тако звани „субјективни“ чувства што полудуваат.

Последнава докторка ми препорача да: не пијам кока кола, да намалам каве, цигари, лута, зачинета храна, да не се вртам многу на сонце (поради то што кај мене е проширено на чело и на брада), да намалам стресен живот, да зголемам физичка активност.

Имам приметено дека во стресни периоди се влошува и да знаеш дека е точно, стресот излегува на кожата.

Ако те интересира нешто повеќе слободно прашај. :icon_lol:
 
Со Head & shoulders шампонот нема да погрешиш ептен е ефикасен ,а исто занм братучед ми имаше проблем со првут и себореа па на дерматолог му го препишаа кетоконазол мислам дека се викаше мислам дека е специјален баш првут и себореа и мислам дека и лицето може да се мие ако имаш себореа
 
Gregor, брат, ти повеќе работи користиш отколку баба ми апчиња за притисокот, алал да ти е како си се посветил да го решиш проблемот.
 
Се претплатувам на темава и јас да дознаам, бидејќи и јас имам веќе 1 година ваков проблем. Себореа е како рани на скалпот, така?


http://en.wikipedia.org/wiki/Seborrhoeic_dermatitis

Рани и црвенило на скалпот, лицето, зад уши, гради...од раните на скалпот се создава некое си мртво ткиво или што и да е, изгледа како првут само поголеми "снегулки". На сред лето можам Божиќ да правам. Ниту еден шампон не ми помогна, а ги имам испробано сите спомнати на темава и плус некои специјални шампони, креми и што ли не, дури и од Грција ми носеа. Дерматологот ми рече дека било до генетика, стрес, исхрана...за лек некој алое вера крем и шампон, но без ефект. Сега сум надвор од МК па ќе пробам овде кај доктор. Досадна работа е срањево, легнуваш на сина перница се будиш на бела.
 
Би ти препорачал некој послаб шампон наместо head&shoulders,wash&go и слични јаки шампони.Јас користам Elseve anti dandruff (сив) и сум прилично задоволен.Ако имаш премногу првут тогаш би ти препорачал извесно време (1-2 недели) да користиш Реконазол.Јас 6-7 месеци имав цело време првут и незнам уште какви се не шампони пробав единствено спасот го најдов во реконазолот, а потоа си продолжив со елсив и досега неможам да се пожалам од него.
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Seborrhoeic_dermatitis

Рани и црвенило на скалпот, лицето, зад уши, гради...од раните на скалпот се создава некое си мртво ткиво или што и да е, изгледа како првут само поголеми "снегулки". На сред лето можам Божиќ да правам. Ниту еден шампон не ми помогна, а ги имам испробано сите спомнати на темава и плус некои специјални шампони, креми и што ли не, дури и од Грција ми носеа. Дерматологот ми рече дека било до генетика, стрес, исхрана...за лек некој алое вера крем и шампон, но без ефект. Сега сум надвор од МК па ќе пробам овде кај доктор. Досадна работа е срањево, легнуваш на сина перница се будиш на бела.


Пробај го Клирот ако го најдеш таму ставив слика погоре, беше некаде околу 350 ама јас 700 би дал само да го имам во раце сега.
 
Gregor, брат, ти повеќе работи користиш отколку баба ми апчиња за притисокот, алал да ти е како си се посветил да го решиш проблемот.

Ама веќе 2 години се влечам со проблемот, прво мислев дека е на психа, тоа чешање, пецкање, ама после почна да покажува видливи знаци на дерматитисот, не мора секогаш да биде црвено како на сликата на Сусаро, доволно е кога ќе погледнеш на огледало со зголемување и да видиш како лојните жлезди се подувани, со нееднаква големина...

Последниот дерматолог, конечно воведе нова терапија што многу помогна, за жал кремите се кортикостероидни и не смејат да се користат долго, пошто кожата добива стероидна зависност, се појавуваат капилари и слично. Но од време на време по 3-4 дена мачкаш, па мирен си по 1 месец.

Што да се прави дедино. :icon_lol:

Едит: пробајте и со оние шампони со сулфур, сапун од боров јаглен од докторс, се што е на база на салицилна киселина помага за отстранување на лушпите.
--- надополнето: 29 август 2013 во 01:12 ---
http://en.wikipedia.org/wiki/Seborrhoeic_dermatitis

Рани и црвенило на скалпот, лицето, зад уши, гради...од раните на скалпот се создава некое си мртво ткиво или што и да е, изгледа како првут само поголеми "снегулки". На сред лето можам Божиќ да правам. Ниту еден шампон не ми помогна, а ги имам испробано сите спомнати на темава и плус некои специјални шампони, креми и што ли не, дури и од Грција ми носеа. Дерматологот ми рече дека било до генетика, стрес, исхрана...за лек некој алое вера крем и шампон, но без ефект. Сега сум надвор од МК па ќе пробам овде кај доктор. Досадна работа е срањево, легнуваш на сина перница се будиш на бела.

А те чеша, пецка челото, линијата каде ти почнува косата? Ако не те, седи и уживај. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom