Драги гејмери,
пријатели, колеги, комшии. Љубители на гејмингот обединете се! Имам чест да го објавам започнувањето на видео подкастот GG. На 7ми Октомври од просториите на нашето скромно студио ќе почне емитувањето на нашиот стрим посветен на гејминг, игри, гејминг култура и се што не прави среќни и задоволни. Почна како скромна идеја пред 10 години и конечно ќе добие некоја форма.
Нашиот twitch канал е /ggtvmk односно http://www.twitch.tv/ggtvmk
Раширете ја веста. Пратете гулаби, запалете огнови, телепортирајте се на декот и соопштете му на екипажот. На било кој начин важно е да се разгласи и веста да стигне и до последните босови на Молтен Кор! Важно е да стиснете Follow на каналот за што побрзо да добиеме договор со Twitch за да имате можност да бидате квалитет на стрим (тие што имаат послаб интернет да не се осеќаат како грешници) и се разбира да бидете известени навреме за почетокот на секој стрим или емисија.
Почнуваме скромно, неискусно но искрено. Тоа значи само дека како ќе поминува време и како ќе расте заедницата така и квалитетот и тежината на GG ќе расте.
Кај нас возбудата се мери Јота единици ( http://en.wikipedia.org/wiki/Yotta- ), и едвај чекаме да ве запознаеме.
Се гледаме во Вторник во 22:00!
Поздрав,
Тимот на GG