Правење youtube видеа - хоби

  • Креатор на темата Креатор на темата 7DogWood7
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 август 2013
Мислења
7
Поени од реакции
2
Возраст
27
здраво
emoticon-0100-smile.gif

јас сакам да започнам да правам youtube видеа како оние на smosh, nigahiga, raywilliamjohnson, jennxpenn.
па сакам да ве прашам дали некои од вас прави видеа?
ама јас сакам да ги правам видеата на анг а не на мкд за да иам поголема публика
emoticon-0102-bigsmile.gif

имате ли некои идеи за видеа? и дали некој од вас прави или сака да започне да прави?
 
Треба да си креативен па со тие идеи да се снимаш а не да сакаш да снимаш а бараш идеи што да снимаш.
 
Убаво ти кажа членот над мене - Ти треба креативен ум и оригиналност. Повеќето јутјубери што ги знаеме, правењето клипчиња им е малце повеќе од хоби.

Мене лично Џена Марблс и Лејна ми се најоткачени и нив ги гледам. Еднаш неделно прикачуваат видеа со интересно осмислени топици. Лејна не знам како стои, ама успехот на Џена беше толку инстант и брз, што додека да трепне таа од трошна гарсониера во Бостон, си купи супер куќа во Санта Моника од малото јутјуб богатство што го заработи. Денес има преку 10 милиони сабскрајбери и во последно време почна да продава реплики кучиња-играчки именувани по нејзините 2 кучиња што ги има ..

Едното, води кон друго. Така е секогаш во животот. Најобична глупост или идеја, може да ја претвориш во нешто големо. Ти треба само желба и оргинална идеја.
 
Мислам дека има слична тема... само што поинаков беше насловот.

Инаку секој кој сака да прави видеа што е потребно

1. Слободно време минимум 4-5 часа
2. Одлична програма по можност Adobe after effects cs.4 cs.5 cs.6 исто така да ја купиш да не биде пиратска верзија.
3. Да имаш оргинални идеи и волја повеќе
4. Програма за музика
5. Да знаеш самиот да правиш музика

Ова се пет најосновни работи кои се потребни за почеток :)

Јас веќе некои 4 години правам видео и дефинитивно е зараза невидена а време незнам ни самиот колку потрошив и сум посветил на сето тоа до сега.
Мачна работа но ако едноставно тоа го посакуваш ќе успееш а вооедно треба и доста време како за почеток да гледаш како се прават видеа.
 
Хмм, интересна е оваа работа, ама е троа скапичка. И јас сум се мислел за ова.
Треба нели да се набави опрема за снимање: камера, можеби некој микрофон, статив за камерата, платно итн. Може нормално да се импровизира за некои работи.

Потоа следат идејата и сценариото, ама тука има место за екпериметирање. Ќе пробаш едно, ќе пробаш друго, ќе пробаш трето и нешто ќе излези.
 
Прво ти треба добра камера и програма да си ги "дотераш" видета кои си ги снимил, со интро, некој текст, и слично.
А идеи за видеа имаш многу. Отвори кај некој од субскрајберите, имаш милион идеи.
 
Братче ја те подржувам, не заборавај да пастираш линк у темава коа ќе си готов <3
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom